Македонска латиница

  • Креатор на темата Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување Време на започнување
S

Sheldon Cooper

Гостин
Бидејќи не постои официјална Македонска латиница и секој си транскрибира како што си сака темава ќе се фокусира на прашањата:
1. Дали Македонската латиница треба да се изготви со диакритички знаци (š, č, ž) или пак истата да биде на фонетска основа со диаграфи од типот (sh, ch, dzh, y)? [истата би служела за транскрипција на географски објекти, имиња во патни исправи и слично).
2. Дали српско-хрватската латиница која ја среќаваме на патоказите во Македонија треба да остане или да се замени со соодветна англиска транскрипција на населените места (пр. Гевгелија - Gevgelia -> по принципот Македонија - Macedonia а не Makedonija; Кривогаштани - Krivogashtani; Делчево - Delchevo итн.)
3. Кој е надлежен од министерствава и институтите за Македонската латиница?

Во Македонија моментално имаме разнобразие по ова прашање, во пасошите и личните карти се употребуваат диаграфи, на патокази диакритички знаци а на MSN/FB/Skype сосема трета модифицирана латиница (c за ч и ц, dz за џ и ѕ итн.)
Давајте и сопствени предлози во врска со тоа како треба да изгледа Македонската латиница и каде се би се употребувала?
 
На англиски можеш :)
Не ми ја сфати поентата.. Македонската латиница нема да биде за употреба во државата како официјално писмо туку едноставно транскрипција на кирилицата во случаи кога е неопходно (во патните исправи дали твоето презиме ќе биде напишано како Stojcev или Stoychev и сл.) Ние и денес имаме такво нешто но не е официјализирано како што е во соседните земји па затоа секој употребува различна латиница.
 
Не ни треба латиница, имаме кирилица. Толку.

Ни треба латиница за патна сигнализација, за лични документи за употреба во странство.

Инаку ова навистина претставува проблем затоа што букви како Џ, Ѕ и Ж се пишуваат на кој како ќе му текне. Џ некогаш ќе ја најдете како Dz, некогаш како Dj или Gj со што настанува хаос бидејќи се меша со Ѕ.

Ако можеме да и веруваме на Википедија, официјалниот шаблон изгледа вака.

70031593.jpg

Но најдов некои тврдења за последните прифатени варијанти.

83588489.jpg

Патем, македонска, македонско, македонски се пишува со мала буква, како и сите изведени придавки од името на која било држава. :)
 
Википедија е целосно промашена, таму кој стигне уредува па така и статиите се субјективни, нам ни треба некој закон кој ќе биде официјален за како би се транскрибирала кирилицата. Можеби овој начин на сегашното МВР е донекаде океј но не е насекаде запазен. Треба да се официјализира или да се до-уреди. Мене лично ми се допаѓа грчкиот и бугарскиот начин на транскрибирање каде латиничниот изговор е приближно ист како и вистинскиот. Еве предлог на еден форумџија од форумот build.mk:
Ѓ - Gy, на крајот од зборот и пред Е и И само G
Ќ - Ky, на крајот од зборот и пред Е и И само K
Љ - Ly, на крајот од зборот и пред И само L
Њ - Ny, на крајот од зборот и пред И само N
Ж - Zh
Ѕ - Dz
Ц - Ts
Ч - Ch
Џ - Dzh
Ш - Sh
Ј - Y
ија - ia (Пелагонија -> Pelagonia, не Pelagoniya)
вокално Р - ar (Крстоар -> Karstoar)
' - u (М'гленце -> Muglentse)
 
Да, навистина блиску до изговор изгледаат предлозите. Особено е практично тоа да нема потреба да се пишува друг знак за Ѓ, Ќ, Љ и Њ пред Е и И оти во изговор се подразбира смекнувањето.
Ама реално, кој би пишувал ts место ц?

Кај сега и нови правила ќе треба да учат луѓево, едвај едначење по звучност „научија“. :)
 
Да, навистина блиску до изговор изгледаат предлозите. Особено да нема потреба да се пишува друг знак пред Е и И оти во изговор се подразбира смекнувањето.
Ама реално, кој би пишувал ts место ц?

Кај сега и нови правила ќе треба да учат луѓево, едвај едначење по звучност „научија“. :)
Лесно прифаќаме нови трендови, таков народ сме ;) Кога едни бугари научија ќе научиме и ние. :)
 
Лесно прифаќаме нови трендови, таков народ сме ;) Кога едни бугари научија ќе научиме и ние. :)

Не верувам. Тешко ми паѓа кога гледам како пишуваат по форуми и коментари на facebook, доволно е да се сфати дека основните правила не ги познаваат, со нови предлози ќе добиеме само нови и најразлични начини за употреба на една буква, а не и стандардизирана форма.

P.S. И жител на земја како Македонец, Бугарин, Србин се пишува со голема буква.
Аман кај се најдов и јас да цепидлачам сеа (демек по скопски ова). :pos:
 
Хахаха, а ги учев правилава пред Матура ама толку сум ги запомнил :D
 
Ние немаме латиница ај користиме тоа најмногу ме нервира, на пасоши сегде имаме латиница, е сеа мене ме нервира уште повеќе што во трето одделение коа учев, буквата Ќ се пишуваше исто и на латиница и на кирилица, односно името ќе си го напишев Stefan Raduloviќ , додека сега во новиот пасош не ми пишува така туку Stefan Radulovikj :D Не дека ми смета, ама ни сами не знаеме како да пишуваме, а пишуваме :)
 
Да, навистина блиску до изговор изгледаат предлозите. Особено е практично тоа да нема потреба да се пишува друг знак за Ѓ, Ќ, Љ и Њ пред Е и И оти во изговор се подразбира смекнувањето.
Ама реално, кој би пишувал ts место ц?

Кај сега и нови правила ќе треба да учат луѓево, едвај едначење по звучност „научија“. :)
и мене не ми беше приоритет допрва да учам други правила, но...морално беше :) лекторот од пред некоја година ни даде транскрипција на називи со кои тековно работиме.
Пример Делчево до скоро на англиски го пишувавме Del~evo (тоа порано го нарекуваа некојаси југословенска латиница, c со квака горе), а по најновите правила е Delchevo. Тие правила (треба да) мислам дека веќе се официјални (како и правописот според кој лекторот ги лекторира написите/текстовите), но кој ги официјализира, појма немам.
Нешто околу состојбите со транскрипцијата и надлежностите на институциите

Македонија | 07.05.2011 Македонскиот јазик без современи лексеми?!

За возврат што се случува со странските називи/зборови кои се преведуваат, транскрибираат. Дали постојат пишани правила и процедури и дали има потешкотии при овој процес?
 
Јас мислам дека нема официјален документ, во Бугарија колку што знам има посебен закон за тоа со посебни одредби и слично: Закон за транслитерација
 
Македоникус, не би се сложил за тоа дека бугарите имаат наједноставно правило. Не си ни свесен во кои проблеми се самите западнати. Да речеме погорниов пример со Delčevo.
Delchevo на француски: Делшево
На италијански : Делќево
Некогаш на англиски: Делхево
На германски би требало да се напише Delschevo за да биде прочитано соодветно.
Вака како што е сега - Delčevo е повеќе прифатливо затоа што č не се чита никако друго туку само Ч.
Сеа замисли Шемшево како би го пишувале за да биде прифатен од европскиве а камо ли од другите земји.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom