да.
иначе ми се има случено нешто со паранормалното..
вака сеа
се враќам од кај еден другар доцна навечер во 03:40 можда беше (роденден праеше другаров)
и сеа идам кај мене во соба се соблекувам и идам да се истуширам. таман влегов в купатило, глеам завесата од кадата си се потргна сама од себе. отпрвин мислев да не е сестрами внатре пошто пред да се тргне слушнав тропање на кадата. ама немаше ништо. и + то ќе слушнев шуштење на водата... -.-' Се пострав од страв, стоев вкочанет 10 минути неможев да мрднам чувствував како некој ме гуши и слушав гласови кои доаѓаа некаде од таванот и се слушаше ехо гласовите беа како некој повикува за помош. ама тоа се одвиваше 20 минути и после ја фино лепо си се искапав се облеков, после идам у дневна и на прозор глеам
СИЛУЕТА НА СТАРИЦА . Ми се пули и не го помрднува погледот од мене, (заборавив да кажам дека капка алкохол се немав напиено) никој незнаеше како се чувствував, осеќаф грч на ногата и раката, почна да ми се врти во глава, осеќаф дека во секој миг ќе се онесвестам, се ми беше матно пред очи. и чудно ми беше, на масата имаше чаша со сок кога дојдов, а кога се вратив од купатило ЈА НЕМАШЕ. И по 10 мин. престана да ми се мати, ама раката ми беше здрвена. неможев да ја мрднам. И слушам одеднаш тропање зад мене (како да се крши нешто). се вртам зад мене се скршила тацната што стојше на греалката (греалката не ни работеше и чашата беше насредина не е можно сама да падни и кога се свртев здогледав бела сенка во еден агол) После свика мајка ми(што значи и таа го слушнала тропањето „Ма, мајката да ти е*ем, што работиш тука, што кршиш, одај легинај“ ја целиот се расплакав (звучи смешно ама :\ умирав од страв) „Абе мамо идај вамо одма “ и она со трчање дојде ми вели „што плачеш бе што ти се деси?“ ја немојф ништо да зборам, блед бев целиот (и кога дојде она се престана) ми даде блага вода и после се по ред и раскажам па дента на бајачки ме носеја. И мајка ми ми кажа дека порано тука живеела мајка и’ (мојата баба) која, ја фатило струја кога се капела пошо го заборајла пуштен бољерот и умрела наместо
и заборавив да кажам: Кога си легнав слушав гласови што го говорат моето име рекоф да не е мајка ми ама да беше таа ќе дојше да ме викнит и се усрав навистина, и слушав крцкања на столиците и на столицата од компјутерот целата се тресеше ко да и скокнал некој на неа, па ја му е летнав кај брат ми (он е помал од мене има 13 години и зато кај него си појдоф) и он ми викат: „Ти бе да не полуде, видисе се тресиш целиот?!“ ја му викам „Ништо ништо бате, можда од тие јаболката шо ги јадеф дека зелени беа и мојт трески ме тресат“ и овај „е да бе, зошо дојде овдека?“ и ја му викам „-.- ништо де , онака, досадно ми е сам, ај да спиеме сеа“
до ден денес кога ќе се сетам на ова ме лазат морници, фала Богу што не завршив со последици и што повеќе не ми се случуваат овие работи.
Знам дека никој нема да ми верува, не барам да ми верувате, само колку да кажам
позз
--- надополнето: Aug 1, 2011 9:16 PM ---
и заборајф да кажа -.-
ноќта око немојф да склопа. утредента си се врати тато од скопје, па и нему му раскажујф што ми се деси, чоеков за малку ќе завршеше со последици, многу се исплаши, нарочито ко му кажував за тоа силуетата на прозор.