Сабит Геци осуден за воени злосторства

Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Сабит Геци е еден од основачите на УЧК и близок соработник на Хашим Тачи. Слови за главен човек на приштинската мафија заради што воениот прекар му е “големиот газда“. Во УЧК бил главен за разузнување, а оперирал во подрачјето на Дреница.

Геци доби казна од 15 години затвор за воени злосторства сторени врз цивилно население во логорите во Кукс и Цакан, а неговите тројца соработници Риза Алија на 12 години затвор, Шабан Хоти на 7 и Хаку Реџепи на 6 години.

Логорите првобитно служеле како логистички бази за УЧК, но Геци ги претворил во затвори.

Ова е првата пресуда од истрагата на ЕУ за злосторите на УЧК, која почна по наводите на Карле дел Понте во случајот "Жолта куќа".

Апсењето на Геци се случило веднаш по објавувањето на извештајот на Дик Марти за злосторствата на УЧК вклучувајќи ја трговијата со човечки органи од киднапираните Срби.

На судењето сведочеле 20 лица заштитени преку посебната програма за заштита на сведоци. Меѓутоа премиерот Тачи јавно се заканил дека ќе објави листа на сите “лажни албански патриоти“, но не го сторил тоа досега.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/features/2011/08/10/feature-03

.
 
V

viktora

Гостин
Од поодамна спомнував дека Албанците ја имаат изгубено подршката од меѓународната заедница.Ниту еден Албанец не ми веруваше и мислеа дека се недопирливи но полека сваќаат.
Извештајот на Дик Марти,признавањето на Карла Делпонте за воените злосторства на УЧК,Последните случувања на северот на Косово и осудата на ЕУ врз Косовската влада.Ова е само почеток.Но се уште постојат еден мал дел политичари од западот кои имаат земено дебела сума пари за подршка на Косово.Еве и еден пример како Косоварите ги купуваат западњаците.
И Билер ќе се жени со Албанка, бара да остане во Косово

Неодоливи балкански жени, силни страсти или заткулисни политички игри? Уште еден висок функционер на НАТО во регионов обелоденува љубовна врска со Албанка за време на неговиот мандат.


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/i-biler-ke-se-zeni-so-albanka-bara-da-ostane-vo-kosovo
--- надополнето: Aug 10, 2011 9:15 PM ---
Или овој пример
"
Претседателот на Српскиот национален совет на северно Косово вели дека романсите на Албанки од Косово со високи функционери на меѓународната заедница се хронична појава.
- Албанците кај странците лобираат така што им даваат жени или пари. Тоа е нивна тактика. Ќе потсетам на случајот на Михаел Штајнер, шефот на УНМИК, исто така „врзан“ за една Албанка, која го остави многу брзо откако му заврши мандатот. Такви случаи има уште многу на пониски нивоа на управување во меѓународните претставништва. Билер очигледно не е наклонет кон Србите, а овде на Косово се зборува и дека татко му служел во германските единици во 1941 година, вели Милан Ивановиќ."
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Сабит Геци е еден од основачите на УЧК и близок соработник на Хашим Тачи. Слови за главен човек на приштинската мафија заради што воениот прекар му е “големиот газда“. Во УЧК бил главен за разузнување, а оперирал во подрачјето на Дреница.

Геци доби казна од 15 години затвор за воени злосторства сторени врз цивилно население во логорите во Кукс и Цакан, а неговите тројца соработници Риза Алија на 12 години затвор, Шабан Хоти на 7 и Хаку Реџепи на 6 години.

Логорите првобитно служеле како логистички бази за УЧК, но Геци ги претворил во затвори.

Ова е првата пресуда од истрагата на ЕУ за злосторите на УЧК, која почна по наводите на Карле дел Понте во случајот "Жолта куќа".

Апсењето на Геци се случило веднаш по објавувањето на извештајот на Дик Марти за злосторствата на УЧК вклучувајќи ја трговијата со човечки органи од киднапираните Срби.

На судењето сведочеле 20 лица заштитени преку посебната програма за заштита на сведоци. Меѓутоа премиерот Тачи јавно се заканил дека ќе објави листа на сите “лажни албански патриоти“, но не го сторил тоа досега.

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/en_GB/features/setimes/features/2011/08/10/feature-03

.
Нека се множат ваквите вести
 

Kajgana Shop

На врв Bottom