Кој е Исус Христос?

Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Јас само сакам сите да се сплотиме без разлика на верата
Што има потреба муслиманите да ни се мешаат нас во што веруваме или ние да им се мешаме нив ???
Затоа реков животот е краток за да се караме,треба сите да се слотиме и среќно и мирно да си живееме:)
Јове, легендо!:)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.167
Не ја ра
Треба да го има овде
http://jacksonsnyder.com/Arc/2006/dna.htm
барај carbon :)
Based upon their matching values of atomic mass, hydrogen becomes the Hebrew letter Yod (Y), nitrogen becomes the letter Hey (H), oxygen becomes the letter Wav (V or W), and carbon becomes Gimel (G).


Атомска маса на јаглерод е 12, гимел е 3, и како ги поврзал?
Исто и кислород е 16, вав е 6...
Не разбирам како човеков ги составил работите...
Можеби по некој друг периоден систем :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.046
Поени од реакции
83.486
Грубо гледано:
За сите прашања на верата, духовноста, егзотерната црква има свое гледиште, а езотерната свое. Меѓутоа и двете се како страни од медал. И двете се дел од иста целина. Гледиштата на егзотерната црква и на езотерната се исто така, половини од кои е составена вистината. Точно е и едното и другото, само не треба да се ограничуваме во начинот на гледање на нештата. Што би рекол некој - треба да гледаме на нештата повеќе-димензионално. Тогаш ќе видиме дека станува збор за една целина.
Поради вродената и стекнатата човекова несовршеност, низ вековите, вистината ни била предочувана на начини кои не наведуваат да гледаме од аспект на коњ, кој има онакви* на очите за да не гледа на страна, него само таму кај што сака тој што му ги ставил тие.
Грубо кажано, така е. А поради болдот има ситни неправилности и на едната и на другата страна.
Но генерално, мојот (и не само мојот) впечаток е таков.
Како што е горе, така е и горе.

* не цепидлачите, знаете на какви мислам
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.167
Грубо гледано:
За сите прашања на верата, духовноста, егзотерната црква има свое гледиште, а езотерната свое. Меѓутоа и двете се како страни од медал.
Грубо гледано: Зборуваш за христијанската црква дека има скриено учење (езотерично), достапно само за мал број посветени лица и егзотерично за широката народна маса?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.046
Поени од реакции
83.486
Грубо гледано: Зборуваш за христијанската црква дека има скриено учење (езотерично), достапно само за мал број посветени лица и егзотерично за широката народна маса?
Да, отприлика.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.184
Поени од реакции
12.167
Да, отприлика.
Мислам дека христијани по форумов, или пак православната црква во МКД нема да се сложи со тебе, и ќе го цитираат Исус како вели дека се што е тајно ќе биде јавно. Езотеријата сепак содржи тајни, далеку од очите на народот. А далеку од очите, далеку и од срцето. А верата е во срцето велат христијаните.
Но, штом е отприлика... ок.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Мислам дека христијани по форумов, или пак православната црква во МКД нема да се сложи со тебе, и ќе го цитираат Исус како вели дека се што е тајно ќе биде јавно. Езотеријата сепак содржи тајни, далеку од очите на народот.
„Исус му одговори: „Јас му зборував на светот јавно; секогаш поучував во синагогите и во Храмот, каде се собираат сите Јудејци, и ништо не говорев тајно.
(Исус Христос, ев. Јован 18:20, Библијата)

Сепак и покрај оваа јасна изјава на Христос, православците продолжуваат да си веруваат дека нивните свештеници го имаат “тајното“ учење на Христос :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.046
Поени од реакции
83.486
Така ќе биде ко што рекол Исус.
Нема сите знаења вечно да бидат недостапни.
На пример, Неговото второ доаѓање ќе смени речиси се.

Реков отприлика е така како што викаш. Значи во основа се сложувам со твојата констатација.
Но не сум баш сигурен дека се разбираме за остатоците од тоа езотерично знаење и каде точно се лоцираат внатре во црквата и надвор од неа и кои се тие посветени.
Затоа што состојбата по судирот на егзотерната и езотерната црква, содржината на егзотерната црква може на разни места да се види и во разни форми. Надвор и во црквата.
Кога зборам за црквата мислам пред се на христијанската, но и другите две аврамски религии.

Додека пак во Хиндуизмот и Будизмот може подобро да се воочи единството на двете. Таму никогаш не ни имало судир.

Догмата има своја функција и е дел од целината. Црковната догмата е некаков вид кратко упатство, има и улога на noob protection.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Така ќе биде ко што рекол Исус.
Нема сите знаења вечно да бидат недостапни.
На пример, Неговото второ доаѓање ќе смени речиси се.

Реков отприлика е така како што викаш. Значи во основа се сложувам со твојата констатација.
Но не сум баш сигурен дека се разбираме за остатоците од тоа езотерично знаење и каде точно се лоцираат внатре во црквата и надвор од неа и кои се тие посветени.
Затоа што состојбата по судирот на егзотерната и езотерната црква, содржината на егзотерната црква може на разни места да се види и во разни форми. Надвор и во црквата.
Кога зборам за црквата мислам пред се на христијанската, но и другите две аврамски религии.

Додека пак во Хиндуизмот и Будизмот може подобро да се воочи единството на двете. Таму никогаш не ни имало судир.

Догмата има своја функција и е дел од целината. Црковната догмата е некаков вид кратко упатство, има и улога на noob protection.
Христијанска мистика, христијанска езотерија се contradictio in adjecto. Пишував за ова во темата за масоните.

Еве ти предизвик. Најди ЕДНА ЕДИНСТВЕНА реченица во новиот завет каде што се охрабрува христијанинот на езотериска пракса. Една единствена. Нема. Најди една единствена реченица во која се тврди дека освен ова јавно изнесено учење, кое е пред се етичко по карактер, има и некое друго, тајно. Пак нема. Тоа што некои сакаат да наоѓаат скриени пораки таму каде што ги нема, мотивирани веројатно од желбата нивниот Бог да не биде сечиј, тоа е друга работа.

Јас и на Хептаграм еднаш му напишав дека христијанството и телемата не одат заедно, кога тврдеше дека има христијани во редот. Гледам сега ја сменил теоријата...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.046
Поени од реакции
83.486
Кабалата е во сржта на Библијата, не е тоа некакво безбожно застранување. Езотериската и егзотериската пракса се во суштина едно, како што многу пати кажав - две страни на еден медал. Егзотериската христијанска пракса е за секого. Езотериската - за оние кои ја бараат. Основата им е иста, исти корења имаат. Иста им е целта. Од тука, потребно ли е да напоменам дека секое повикување во Библијата за егзотерна пракса е исто што и повик за другава.

Во суштината на Христијанството има многу кабализам. Кабалистички добро поткованиот Христијанин со поинакви очи ја чита Библијата и просто се топи од радост, пред симболиката која се отвара пред негови очи и која уште повеќе ја потврдува и утврдува неговата Христијанска вера.
Инаку ова е времето кога изразот скриени пораки се повеќе личи на одек од минатото. Денес поимот окултен е се повеќе архаизам и служи само како етикета залепена на за секого достапна тегла, сад, кли.
Не е тоа случајно и е според човековата еволуција, која денес дозволува повторно обединување на знаењата и конечно отфрлање на догматскиот материјалистички поглед на реалноста.

Има многу форми на егзотерното и езотерното знаење кое нашло разни патишта за истакнување и така и се разгранило во зависност од условите (историјски, социолошки, климатски, па дури и степенот на несовршеноста на индивидуите е услов кој диктира варијации). Така, има многу форми кои може да се каже дека се по далеку од суштината и други кои се по блиску.
Некои верувања на пример имаат само мали фрагменти, одгласи од изворното учење.
Егзотерен пример: Колку се христијански некои добро познати карипски форми на Христијанството?
Езотерен пример: Дали модерните Викани се и кабалисти?

Мое личен став е дека еден Христијанин нема да може да се лоцира себе си во Телемата. Кроулиевите аберации не се прифатливи за некој кој решил да оди по десната патека (тоа е воедно патеката на сите монотеистички аврамски религии и нивните езотерни страни).
 

Kajgana Shop

На врв Bottom