Barclays Premier League Season 2011/2012

Кој ќе ја освои оваа година Премиер Лигата ???


  • Вкупно гласачи
    223
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.708
Поени од реакции
22.846
G

Gray Foxx

Гостин
^
Да бе да, само барса знае комбинации да праи. Брееј вообразени човечиња!
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.854
Поени од реакции
11.516
Добра акција беше маме му еем
 
G

Gray Foxx

Гостин
Шо знам, знаејќи ве какви сте повеќето it's too good to be sarcasam!
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Нереди правеле, зошто нивниот тим не купил добар фудбалер?
Ненормална работа. Сега треба да им стегнат една добра казна, па за друг пат ваљда ќе размислат што прават.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Нереди правеле, зошто нивниот тим не купил добар фудбалер?
Ненормална работа. Сега треба да им стегнат една добра казна, па за друг пат ваљда ќе размислат што прават.
Каков фудбалер бре, што лупеташ .. Човек убија у сред Лондон .. Види што се прави таму за убиен човек, а што се правеше во Скопје.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Нереди правеле, зошто нивниот тим не купил добар фудбалер?
Ненормална работа. Сега треба да им стегнат една добра казна, па за друг пат ваљда ќе размислат што прават.
кој нереди бе , мислам дека исто како кај нас полицијава убиле човек и зато се нередите а не дека трансферот.. :tapp:
--- надополнето: Aug 9, 2011 7:55 PM ---
Сарказам пријателе, сарказам! ;)
не бе чоек само барса ова го можи барса прави бесконечно пасеви , барса го измисли фудбалот , барса е современ фудбал , барса ,барса ...... барас и бесконечно барса (y)
 

Invader

I am not in danger, I am the danger!
Член од
17 ноември 2008
Мислења
18.021
Поени од реакции
22.930
Ставив „?“ на крај, зашто немам појма што се дешаваше последните 5 дена во светот :)
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.708
Поени од реакции
22.846
не бе чоек само барса ова го можи барса прави бесконечно пасеви , барса го измисли фудбалот , барса е современ фудбал , барса ,барса ...... барас и бесконечно барса (y)
Де бе човек, не се прави дека не разбираш. ;) Знаеш дека беше шега тоа.
Плус, твојот Манчестер и Барселона се тимови чии играчи и раководства во последните неколку години досега си немаат воопшто речено лош збор или било каква навреда еден кон друг. Вие не поминавте фер во 2007-08, ви честитаа сите од Барселона. После ние ве победивме во Рим и на Вембли, никаква забелешка немаше ни на еден натпревар. Еве свеж пример е и пријателскиот натпревар пред некоја недела во Америка. Победивте, ви честитавме. (y)
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
09.08

Што велат весниците до крајот на преодниот рок само на superpremierleague.blog.mk. Дневните шпекулации и трансфер вести на едно место.

THE SUN
• Карлос Тевез вчера се врати во дресот на Манчестер Сити – но беше предупреден дека нема лесно да се најде на списокот за натпреварот со Свонси.
• Џои Бартон се чини дека ќе остане во Њукасл откако се врати на тренинг со останатиот дел од тимот.
• Стјуарт Даунинг верува дека неговиот 20 милионски премин во Ливерпул ќе му помогне да избори регуларно место во репрезентацијата на Англија.
• Никлас Бендтнер синоќа потврди дека ќе го напушти Арсенал.
• Арсенал ќе му дозволи на Самир Насри да премине во Манчестер Сити.
• ВБА се пред реализација на клубскиот рекорден трансфер откако Рој Хоџсон достави понуда од 7 милиони фунти за Шејн Лонг од Ридинг.
• Њукасл од синоќа е блиску до ангажман на холандскиот дефанзивец, Ерик Пиетерс.
• Јувентус е подготвен да ја зголеми почетната понуда од 7 милиони фунти за дефанзивецот на Челзи, Алекс. ’Сините’ посакуваат 10.5 милиони фунти за Бразилецот.
• Блекбурн му препорача на Бенжани дека може да потпише нов договор со клубот – или да замине.
DAILY STAR
• Полицијата денеска ќе одлучи дали натпреварот Англија – Холандија е под ризик од хулиганите кои дивеаат во Тотенхем.
• Арсен Венгер синоќа ’триумфирал’ во битката со зборови со Фабио Капело околу Џек Вилшер.
• Кајли Волкер го споредуваат со Роберто Карлос – но тој вели дека повеќе би сакал да биде како Гери Невил.
• Челзи се очекува да го комплетира трансферот на Ромелу Лукаку до петок.
• Кени Далглиш се насочи кон Скот Дан од Бирмингем, откако дефанзивата на Ливерпул имаше лоша пред сезона.
• Патрис Евра синоќа ги потцени конкурентите за титулата и им препорача: ’’Фатете не ако можете’’.
• Манчестер Јунајтед го договори 14 годишниот голман на Карслај, Дин Хендерсон.
DAILY MIRROR
• Том Клеверли е споредуван со Пол Сколс после одличниот натпревар против Сити, а и доби повик во репрезентацијата на Англија.
• Весли Снајдер синоќа ја отвори вратата за трансфер во Манчестер Јунајтед.
• Френк Лампард синоќа се повлече од репрезентативните обврски против Холандија поради инфекција.
• Мишел Еманело од Челзи вечерва ќе ги следи квалитетите на дефанзивецот од Гана, Самуел Инкум.
• Свонси ќе го ангажира Метју Бејтс од Мидлзбро пред да почне ПЛ.
DAILY EXPRESS
• Глен Џонсон поради повреда го пропушта стартот на сезоната.
• Тотенхем е во преговори со Реал Мадрид околу потенцијален трансфер на Ласана Диара.

10.08

Што велат весниците до крајот на преодниот рок само на superpremierleague.blog.mk. Дневните шпекулации и трансфер вести на едно место.

THE SUN
• Стартот на ПЛ е под знак прашалник поради немирите низ земјата. Неизвесни се натпревари пред се кои се играат во Лондон.
• Весли Снајдер потврди дека би преминал во Манчестер Јунајтед.
• Фабрегас и Насри се вклучени во списокот на фудбалери кои ќе настапат во квалификациите од ЛШ.
• Челзи синоќа добил одговор: Заборавете го Лука Модриќ – тој сигурно останува во Тотенхем!
• Новиот фудбалер на Арсенал, Алекс Чамбрлен вели дека негов идол е легендата на Челзи, Џанфранко Зола.
• Чарлс Нзогбиа вели дека е фит в пресрет на првиот натпревар против Фулам оваа сезона.
• Евертон ќе биде шест недели без Симон Колман кој заработи повреда на глуждот.
• Турскиот напаѓач, Тунчај цели кон враќање во ПЛ – каде Болтон покажа интерес за него.
• Габриел Обертан сака да покаже дека не е промашување во ПЛ во редовите на Њукасл.
• Блекбурн ја разгледува опцијата за ангажман вреден 3 милиони фунти на Сол Бамба од Лестер.
• Метју Апсон вчера премина во Стоук. За Стоук настапува Роберт Хут, а тие двајца не се во најдобри односи.
• Силвиан Дастин верува дека Арсенал залудно го троши времето обидувајќи се да го ангажираат Фил Јагиелка.
• Рој Кин верува дека Манчестер Јунајтед лесно ќе ја освои титулата.
DAILY MAIL
• Челзи е подготвен да го загуби Јуси Бенајун со цел да стигне до ангажман на Лука Модриќ.
• Тотенхем подготвува 35 милиони фунти за напаѓачот на Порто, Хулк.
• Асистентот на Арсев Венгер, Пет Рајс и главниот скаут, Стив Ровли го следеа Скот Дан вчера во пријателскиот натпревар помеѓу Бирмингем и Тотенхем.
• Менаџерот на Болтон, Овен Којл се обидува да го врати турскиот напаѓач, Тунчај Санли назад во ПЛ.
• Свонси се надева дека ќе го комплетираат трансферот на Мајкл Ворм денеска.
• Весли Снајдер синоќа ја отвори вратата за премин во Манчестер Јунајтед, откако потврди дека зборувал со актуелните шампиони околу евентуален трансфер.
• Џејми Карагер вели дека фитнесот на Стивен Џерард е поважен од ангажирање на нови фудбалери.
DAILY EXPRESS
• Првите луѓе на ПЛ утре ќе одлучат дали ќе се одигра воведното коло од првата лига во Англија, поради тоа што безбедноста не е на високо ниво.
• Менаџерот на ВБА, Рој Хоџсон верува дека новото засилување Шејн Лонг може да биде само подобар после неговиот рекорден клубски трансфер.
• Вест Хем се надвор од трката за ангажман на напаѓачот на Фулам и поранешен репрезентативец на Англија, Енди Џонсон.
DAILY MIRROR
• Одложениот натпревар Англија – Холандија ќе се одигра наредната година, иако сеуште нема точно потврдена дата.
• Арон Ремзи вели дека Арсенал може да ја освои титулата во ПЛ, без разлика дали Фабрегас ќе остане во тимот.
• Питер Шамјхел вели дека се смешни критиките упатени кон Давид Де Геа после дебито во Комјунити Шилд.
• Менаџерот на Стоук, Тони Пулис влезе во трката за Шон Рајт Филипс од Манчестер Сити.
DAILY STAR
• Англиските фудбалери замолија за мир низ земјата.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Овие борци за некаков си подобар живот? Абе ај... почнале да ги прскаат со вода демонстрантите, мада кој знае колку ќе помогне тоа.





Од Тотенхем бараат одложување на мечот.
 
P

PewDiePie

Гостин
Еј нека си ебат матер ако ги испоодложат утакмиците за викендов !
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
3.528
Поени од реакции
619
Абе испокрадоја и попалија ова протестантиве демек за детето да е за детето ќе штрајкаја а не да палат и ограбуваат
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom