Алфред Хичкок - лик и дело

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.467
Поени од реакции
25.436
Обично црно белата слика не' тера да бегаме подалеку од таквите филмови кои мислиме дека се премногу одбивни затоа што се ептен застарени. Но секако, нивниот квалитет не се изгубил.
Случајно слушнав еден интересен податок за тоа како некои личности никогаш не добиваат оскари. Најкреативната филмска личност во тоа време (а и безуспешните нови генерации не успеале да го надминат) е Хичкок.

Незнам од каде да почнам, од кое дело. Ама ајде прво да го спомениме на некој начин неповторливиот Psycho (1960). За овој филм Хичкок потрошил 800 илјади долари, а неговата заработка беше 40 милиони.
Римејкот на овој филм, скоро исти кадри, само во боја претставен беше тотално разочарување. Psycho (1998) со Винс Вон во главната улога не успеа да го долови духот на овој филм.

Кога го гледав Disturbia (2007) ни малку не се изненадив од трилерот. Не поради тоа што е лошо сценариото, туку поради тоа што е веќе видено. Имено, Rear Window (1954) го обработува истото. Disturbia пробал да копира нешто од овој филм со жанр мистерија трилер.

Разгледувајќи ја неговата антологија, неговите дела, мислам дека нема ниедно промашување. Секој филм е добар и за препорака.
North By Northwest (1959), Vertigo (1958), Spellbound (1954), Dial M For Murder (1954) се само малку од она што мора да се погледне кај овој маестро.

"Екранот мора да врие од возбуда и емоции. Секогаш направи публиката да страта повеќе". Хичкок својот успех го постигна поради правењето уметност, она што некои денешни режисери неможат да си го објаснат.
Читнав интересен податок дека човеков никогаш не добил оскар додека бил жив, а номиниран бил 5 пати. По неговата смрт асоцијацијата му дава посмртен оскар.

Интересна идеја му текна некому да направи мини фестивал на црно бели филмови во Струга. Собрав некаде 15-тина филмови на Хичкок. Неможам да издвојам, но од поомилените - Vertigo.
 
Блазе си ти на сите овие коментари, одамна сакам да гледам некои од неговите филмови, но ете не сум имал можност.

Инаку во 2009 мислам се зборуваше дека ќе прават римејк на филмот Птици, кој мислам го имам малце фатено еднаш додека го даваа на Канал 5 ама не му обрнав многу внимание...
 
сум гледал 10-тина негови филмови и кој од кој подобар, човекот беше и ќе остане генијалец
 
disturbia ми беше супер филмче...
а psycho е скроз морничав.... ух
 
Хичкок е легенда.
Psycho, Vertigo, Birds. :cuc: и многу одамна го имам гледано Strangers on a Train, кој е неверојатен.
 
Еден од основоположниците на современата кинематографија и на жанрот трилер.Човек кој умее да го види филмот,пред истиот да е снимен.Денешните високо буџетни трилерчиња покрај неговите легендарни дела се само безвредна пародија.Лично филм кој ми остави најдлабок впечаток од Хичкок е "Rear Window",еден страшно интригантен филм,за фотограф кој е сконцентриран во еден апартман и ги следи случувањата со својот фотоапарат во неговиот станбен блок,а наидува на многу мистерии.Секако моите омилени филмови од Хичкок се и "Psycho" и "Vertigo".Особено во првиот се постигнати страшни перформанси,во однос на користење на камера,музиката на Бернард Херман,а и фактот што филмот е снимен со скромен буџет од тогашни 600000 долари,а и приходите акумулирани кои се најобемни за Парамоунт после "Десетте божји заповеди".Единствено филм кој ми недостасува да ја надополнам колекцијата од Хичкок е "North by Northwest",а се надевам дека истиот ќе ме восхити исто како и другите негови ремек-дела.
 
bravo taka e .
 
Хичкок во филмот е како Достоевски во литературата.

Psycho, The Birds, Vertigo, Rear Window, Dial M for murder, Marnie... Што да издвојам?

Заразена сум деновиве и само негови филмови гледам. Таква анализа на човешката душа и таква развиена психологија, поврзаност од сцена во сцена со вистинските мотиви и постапки немам видено во други филмови. Ужасот и страшното добиваат друга димензија гледајќи ги неговите кадри. Хичкок е филозоф, психолог и длабок аналитичар на човекот. Тоа е доказ дека мајстор е мајстор и со минимален буџет.

Има убави расчленувања за Психо, Птици и Марни на линковиве. :)
 
Ништо не е за издвојување се е супер. Мене Rear Window ми се допадна најмногу ама многу тешко е да се направи избор. Се треба да се изгледа.

И браво што ја откопа темава :)
 
Dial M for murder ми е еден од all time favorites. Rope и Rebecca ги имам гледано, многу се добри.
 
Само што го догледав Strangers on a train. Напнат трилер, интересна идеја, ми заличе на Rope.
Не е еден од моите омилени, но во секој случај го препорачувам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom