За карбон рамките како што пишав предходно траат по 4-5 години и тука нема ништо чудно. Едноставно толку држи стрес карбонот како материјал. Така да нема никаква врска од кој бренд е освен ако не збориме за геометријата.
--- надополнето: Aug 9, 2011 6:34 AM ---
Зависи се како е направена.Види на bikepedia и ќе видиш дека Scott има направено карбон велосипед за спуст-downhill уште во 1994 година.Потоа отвори на нет и ќе видиш дека луѓе уште ги возат.Значи траат и повеќе и тоа иако се работи за downhill велосипед.Тоа е веќе 17 години.
Како што напоменав и претходно мене највеќе ме плаши дали овие новите ќе издржат и третина од овој scott.Веќе кажав за Specialized-от што ги видов.На куп беа собрани рамки кои уште подлежеа на гаранција.Али добро можеби и се работи и за некоја лоша серија,мада сметам дека големиве производители како Scott,Specialized и други не треба да си дозволуваат ваква катастрофални грешки.
Зависи и со која Rock shox виљушка споредуваш. За ниските класи, да можат да се мерат, ако не може и подобри се SR-от, ама со средна и висока класа не можат со Rock shox. А за одот на виљушката тоа е комплексна работа. Многу луѓе ја менуваат својата виљушка од 100 mm за 120-130 mm незнаејќи дека со тоа ја нарушуваат геометријата на рамот и на крај пука. Значи треба да се провери до колку трпи рамот, затоа постојат XC, FR, AM, DJ, DH рамови и секој си има различни спецификации. Еве како што читам на странскиве bike форуми сите препорачуваат виљушка со ист од како предходната што си ја имал само поради горенаведеното.
--- надополнето: Aug 9, 2011 6:35 AM ---