- Член од
- 26 јануари 2007
- Мислења
- 148
- Поени од реакции
- 3

Нејтан Невер Гигант
Двојна иднина
број:1
текст: Антонио Сера
цртеж: Роберто Де Ангелис
Варм Комикс
Јули 2011
www.varmcomics.com
www.forum.stripovimk.com
Патување низ времето, почнувајќи од 2280 година со цел да се уништат Технодроидите. Докторот Амим Келван, лекар на бродот “Дакар„ кој е под команда на Александара Т. Фарел е проектиран назад во времето за речиси двеста години. Тој ќе му испорача снимен материјал на Нејтан Невер во иднината кој ќе му послужи за да им даде надеж на луѓето во војните против страшните технобиолишки Технодроиди, кои за малку ќе беа победени и кои сепак испратија двајца агенти во минатото за да го убијат Доктор Келван и да ја запрат можноста за нивното уништување. Пресметката е неизбежна, тешка и страшна. Решението за победа е во умовите на научниците кои успеваат да одгатнат неколку податоци кои подоцна многу ќе им користат, а извршувањето на воените задачи е неминовност само за добро обучените припадници на познатата агенција Алфа, чиј истакнат, но не толку дисциплинаран е нивниот најдобар агент - Нејтан Невер...