Фан клуб - РК Вардар

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Николиќ откажа, Вардар го брка Шевелев

Српскиот ракометар Ратко Николиќ наместо во Вардар, кариерата сака да ја продолжи во Франција, па скопјани по некоректноста на пивотменот решија да бараат ново засилување. Овој пат ќе го бараат во Шпанија и тоа во клубот Атлетико Мадрид (Сиудад Реал). Тренерот Веселин Вујовиќ веќе стапил во контакт со Шпанците со барање за заем на Украинецот Олександар Шевелев. Ако клубот даде согласност и Шевелев сака да дојде, тогаш конечно ќе се реши и пивотменското прашање.

- Дознавме дека Николиќ истовремено преговара и со други екипи, иако беше договорен со нас и требаше да дојде да потпише. По овој некоректен однос на Николиќ сега бараме нов играч. Шевелев е прв избор, иако можно е да бараме и нешто од арапските земји. Веќе имаме контакти - вели Вујовиќ.

Шевелев дојде во Шпанија на полусезона и важи за голем потенцијал, поради младоста, но не се снајде во тимот на Атлетико. Во меѓувреме во клубот како засилување дојде Еду Хернандез, па за Шевелев нема место во стартниот тим и можно е да биде позајмен.

Вардар бара и десен бек, откако Аслањин го откажа доаѓањето.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=D4B6777978AEB946A6777CE4BCD6722D

И Николиќ не доаѓа излеа -.-
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Ништо чудно....
Сите познати играчи бегаат од вакво првенство...
Прво гледаат да избегаат некаде во Западна Европа,а ако отпаднат сите варијанти дури тогаш се решаваат да изиграат некој месец во Македонија,и при прва можност бегаат....
Без разлика на парите шо им се нудат....
Ете џабе Металург има милионски буџет,кога не можат да донесат играч од врвна класа....
На толку пари останаа со Козлина и Марковиќ....:tapp:
Додуша и тие не се евтини играчи,ама не се некоја врвна класа....
Како и да е,ќе најди Вујо некој друг пикер....
И така прашање беше колку е спремен Николиќ,со оглед дека одамна не играл во врвна форма во која бевме навикнати да го гледаме кога играше за Сан Антонио...
Има врски со Сиудад Реал,беше тренер порано таму,па можно е Шпанците да го пуштат на позајмица некој месец во Вардар....
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.662
Поени од реакции
9.982
Червар сака трампа Стоилов - Маркоски

Тренерот на двојниот освојувач на трофеите во Македонија, Металург, преговара со својот колега од редовите на лутиот ривал Вардар за да направат размена на играчите, која засега ја кочат „црвено-црните“
Стоилов е квалитетен играч кој не заслужува да биде трет пивотмен, изјави Лино Червар на почетокот од подготовките на Металург за новата сезона. Тренерот на лигашот од Автокоманда најави дека репрезентативниот пивотмен ќе мора да побара друга клупска средина.

- Најчесто третите пивотмени малку или воопшто не влегуваат во игра. И Пешевски ќе тренира со нас, но ќе игра за вториот тим. Затоа најдобро е Стоилов да биде некаде каде што ќе може да го покаже квалитетот - вели Червар, кој има пофални зборови за Стоилов, но не може да му најде место во тимот.

Наместо пуштање во друг клуб каде што би играл 60 минути, како што вели Червар, македонскиот репрезентативен пивотмен тренира сам по кејот на Вардар и се надева дека ќе добие дозвола да замине во нова средина. За него беше заинтересиран Вардар про, но се откажа бидејќи Стоилов има договорна обврска со Металург.

Она што не може да го стори играчот, можно е да го реализираат тренерите. Од Автокоманда постои понуда за трампа. Стоилов наместо Никола Марковски. И двајцата се репрезентативци. Тренерите Лино Червар и Веселин Вујовиќ се постојано на телефонска линија, но засега Вујовиќ не сака да попушти пред барањата на Червар за трампа на двата пивотмени.

Доколку дојде до трампата, тогаш во Металург ќе играат братски двојки: Наумче и Златко Мојсовски и Велко и Никола Маркоски.

Но нетрпението меѓу Червар и Стоилов постои уште од првата сезона кога хрватскиот тренер дојде во Скопје. Постојано беа во кавга, а лани Стоилов беше позајмен во Романија. Од стратегијата за доведување македонски играчи, сега клубот почнува повеќе да се врти кон интернационалците. Годинава ќе има четворица интернационалци, со можност да бидат и пет, а лани имаше само еден.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=72AD896745144D43A269473BCD10FC6A

Добро би било ова да се реализира, по мене Стоилов е далеку поквалитетен од Марковски.
 

jan

Член од
7 октомври 2010
Мислења
10
Поени од реакции
0
Da li može netko, da napiše gdje sad igraju, za koje klubove, svi oni, koji su napustili RK Vardar pro?
 

Pelister 2008

Ветеран
Член од
28 ноември 2010
Мислења
1.046
Поени од реакции
547
Сега за сега ништо не е во јасно растрчани се на многу страни а ништо од големите засилувања кои ги најавуваа...
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Се прашувам кога ли еднаш во Вардар ќе биде нешто јасно?!:eek:
Утка и годинава!
Лани пишуваш, се изнапишав...кажав што имам да кажам! Едно мислење имав (дека тимот ни е ужасен) одма од сите страни скокнаа Не сум бил во право!:cenzura:
Е па драги и годинава ништо не праиме!
Тимот замина на припреми со 18 играчи!
Истата приказна од лани се повторува!
После припремите, помладите ќе си ја добијат клоцата, пак со двојна регистрација, пак на позајмица!
Додер и компанија ќе си играат к*рот и Вардар ќе се прашува каде е топката, каде е пехарот...!:rolleyes:
Вујо ќе им давал шанса на младите македонски играчи, кој требало да го градат костурор на репрезентацијата?!...немој молимте!o_O
Да ги префрчаше сите играчи, до еден од МРК во прв тим, да инвестираше у нив...досега Металург ќе ни се поклонуваше!:cuc:

Почнете од фактот, Стефан Вујовиќ, внук на тренерот е во Вардар ПРО и крај на приказна, се ќе ви биде јасно!

Ах Вардарее, Вардарее!!:notworthy:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.055
ахахах Вардар тргна по Мирковиќ на пикерската позиција кој има 37 години.. http://sport.com.mk/?ItemID=CCAB44A9EC878B448EA13DF7684B274B
Што постар пикер толку подобро:D
Негоооо работите во моментот тапкаат во место. Единствено позитивно е што ќе имаме три тешки турнири за сда видиме до каде ни се силите...
Јасно е како ден, и годинава Металург ќе не растури како кула од карти, но се надевам дека барем битката за второ место ќе ја добиеме....
Јебига направивме јак тим, но со откажувањата на Николиќ и Аслањин работата се сјеба... Сепак сеуште има место да се поправат нештата. Инаку Даскаловски отишол во Тинекс:)
 
Член од
22 јуни 2010
Мислења
55
Поени од реакции
16
Како и да е, се надевам дека ќе биде успешен тимот!

А ова што уште ништо не се знае, конечно, иако типично за Вардар, мене лично многу ме нервира!o_O
Којзнае што ќе испадне до крај!:eek:
А за Даскаловски, лично сметам дека тука ќе има барем минутажа, а колку што знам, Мисовски замина во Пелистер-така да би требало Даскаловски прв голман да му дојде?!
Пролет минатава полусезона, постигнаа задоволувачки резултати, ги победија дури и на Вардар т.е. Александар Ангеловски ги победи! А овие Вардарциве никако да си го земат еднаш засекогаш!:mad:
Будала работа...Голем скептик сум за некои играчи од тимов, а оваа сезона како префорсиран од страна на надлежните таму очи ми боде овој Илија Абутовиќ (незнам точно како се презива)!...не ми се изгледа како да ќе се труди многу!(n)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.986
Поени од реакции
74.055
Ако не го задржат Ангеловски и оваа сезона, нека си ебат мамата. Па редно време е дечкото да добие шанса во прв тим...
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Славиша Димитриевски Александар Ангеловски и Златко Даскаловски мислам се во Пролет!!!
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Мислам дека повторно е во Пролет и другите 2 шо ги наведов погоре ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom