Ако морам да одберам: татковината или парите, што би одбрал?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување

Кој е вашиот избор?

  • Вкупно гласачи
    360
Ма дај не заебавај :)
Оди волонтер чисти ги улиците и така има многу ѓубре насобрано. Откажи се од работата и од лебот и чисти,така ќе и помогнеш на Македонија.Ајде без лаење на празно пробај врати и со добро,па раскажи како е.

Ако сум убеден дека тоа чистење на улиците ќе ја промени на подобро нашата татковина, веднаш ќе го направам тоа.
 
Па мислам дека време е да се даде акцент на екологијата во Македонија......ѓубре на сите страни.......или којзнае можеби ќе се сети владата па ќе воведе некој нов закон со кој ќе се плаќа казни ако не ти е чиста средината вокоја живееш , маалото , блискиот парк и слично.
 
Ако ми испадне шанса, странство заминувам и тоа не се мислам ни две минути. Порано сакав да останам овде и да работам, ама сега си мислам за кого и за што?

Да плаќам даноци за двеста илјадна партиска, неспособна администрација, дел од која седи дома и зема плата? :eek: Да плаќам здраствено осигурување, а здраството катастрофа. Наводно имаме независно судство, а судските одлуки се донесуваат во партиските штабови. 20 год. тапкаме во место, затворени како во Аушвиц и никој не вели ни збор за тоа. Па ни сме држава во која ти треба партиска книшка и за работа во која ќе метеш улици, ете до тоа тереџе дојдовме.

Кај го има ова?

Како може да сакаш да останеш во таква држава, ако не си дел од мафијашко-владеачко-удбашките структури?

Македонец си кога треба да платиш даноци, сметки, такси, патарини, а кога ќе побараш услови за подобар живот во својата држава, тогаш си предавник, немакедонец, грчки платеник, нереален, ненормален...

Па луѓе јас и овде работам и се осеќам како странец, барем таму ќе земам пристојна плата и нема да се замарам со тоа како да преживеам од 15-ти до 15-ти во скапана банана држава.
 
Ако сум убеден дека тоа чистење на улиците ќе ја промени на подобро нашата татковина, веднаш ќе го направам тоа.

Како може да не си убеден дека тоа ќе ја подобри нашата земја? Зарем ова треба да го објаснувам какви ефекти има?
Ајде Сити откажи ја работата и земи ја метлата за доброто на државата,мети од сутра до мрак!
А не приказни за мали деца.
 
иако е на бугарски- сигурно ја разбра поентата -ЗАЕДНО МОЖЕМЕ СЕ’(y)

logo.png
Сигурно дека заедно можеме се, ама јас досега не сум начекала вистинска шанса да можам конкретно нешто да сторам. Пробав сама да се борам против системот, но никој не ме поддржа и изгубив.
--- надополнето: Aug 7, 2011 4:45 PM ---
Јас од татковината немам материјално добиено, речиси ништо.

Но, во овој момент спремен сум ако треба за џабе да работам нешто со кое ќе придонесам за неа или па нешто со кое ќе променам нешто во неа.

Татковината ми дал дом, сигурност и иднина. Чувствувам обврска дека треба да и вратам“!
Татковината ти дала дом или твоите родители?
 
Сигурно дека заедно можеме се, ама јас досега не сум начекала вистинска шанса да можам конкретно нешто да сторам. Пробав сама да се борам против системот, но никој не ме поддржа и изгубив.
--- надополнето: Aug 7, 2011 4:45 PM ---

Пример како се бореше? Што направи?
И толку ли брзо се откажуваш?

Татковината ти дала дом или твоите родители?

Татковината е мој дом затоа и се вика татковина исто таа е оставина од нашите предци.
 
Пример како се бореше? Што направи?
И толку ли брзо се откажуваш?

Татковината е мој дом затоа и се вика татковина исто таа е оставина од нашите предци.
За тоа како се борев не можам овде да објаснувам (болно ми е), а се откажав под силен пртисок и закани.
Еве на пример јас немам свој дом па ајде ТАТКОБИНАТА нека ми даде...
 
Почекај ќе ти даде :)
 
Ако ми испадне шанса, странство заминувам и тоа не се мислам ни две минути. Порано сакав да останам овде и да работам, ама сега си мислам за кого и за што?

Да плаќам даноци за двеста илјадна партиска, неспособна администрација, дел од која седи дома и зема плата? :eek: Да плаќам здраствено осигурување, а здраството катастрофа. Наводно имаме независно судство, а судските одлуки се донесуваат во партиските штабови. 20 год. тапкаме во место, затворени како во Аушвиц и никој не вели ни збор за тоа. Па ни сме држава во која ти треба партиска книшка и за работа во која ќе метеш улици, ете до тоа тереџе дојдовме.

Кај го има ова?

Како може да сакаш да останеш во таква држава, ако не си дел од мафијашко-владеачко-удбашките структури?

Македонец си кога треба да платиш даноци, сметки, такси, патарини, а кога ќе побараш услови за подобар живот во својата држава, тогаш си предавник, немакедонец, грчки платеник, нереален, ненормален...

Па луѓе јас и овде работам и се осеќам како странец, барем таму ќе земам пристојна плата и нема да се замарам со тоа како да преживеам од 15-ти до 15-ти во скапана банана држава.

До последен збор се согласувам со ова.

Во Македонија и да си способен не можеш да изградиш кариера ќе треба да ти дозволат мафијашките босови кои ги држат сите бизниси во свои раце.

Ако направиш добар бизнис ти доаѓаат и ти бараат рекет (читај донација за партиска кампања), ако сакаш да се занимаваш со наука не можеш да добиеш средства за твојата работа. Освен можеби ако си им од корист на некои структури па да ти дадат некој денар за да напишеш некаков пропаганден материјал што ќе им користи. Ама еби таква наука без научен интегритет.

Ако си доктор со секаква наобразба и долгогодишно искуство ќе дојде некој министер кој не бил роден кога ти си ја почнал кариерата и ќе реши дека ти си административец.

Едноставно во Македонија ако сакаш да си успешен изборот ти е сведен на едно - ситно профитерство. Лижи гз на еден, потплати друг, направи му услуга на трет за да ти врати кога ќе ти треба, части ги по кафеани фаците од кои ти зависи напредокот и измеѓу сето тоа најди време да се гребеш до тоа што кај нас се смета за успех, а за успех се смета да имаш стан, солидна кола, да можеш да си дозволиш пристојна облека и да одиш на одмор секоја година.

Во Македонија се осеќам премногу ограничен, а критериумите за тоа што се смета за успех ми изгледаат премногу ниски за да сум мотивиран да работам на нив цел живот.

Попрво ќе бидам странец во странство отколку странец кај мене дома.
 
Како може да не си убеден дека тоа ќе ја подобри нашата земја? Зарем ова треба да го објаснувам какви ефекти има?
Ајде Сити откажи ја работата и земи ја метлата за доброто на државата,мети од сутра до мрак!
А не приказни за мали деца.

А, што мислиш дека нема да го направам тоа?
 
За тоа како се борев не можам овде да објаснувам (болно ми е), а се откажав под силен пртисок и закани.
Еве на пример јас немам свој дом па ајде ТАТКОБИНАТА нека ми даде...

Проблемот е кај откажувањето.
Татковината е наш заеднички дом чие значење е малку поинакво од дом како куќа или стан. А еве на пример во земјава има место за тие кои демаат дом. Во земјава нема такви како париските клошари.
 
До последен збор се согласувам со ова.

Во Македонија и да си способен не можеш да изградиш кариера ќе треба да ти дозволат мафијашките босови кои ги држат сите бизниси во свои раце.

Ако направиш добар бизнис ти доаѓаат и ти бараат рекет (читај донација за партиска кампања), ако сакаш да се занимаваш со наука не можеш да добиеш средства за твојата работа. Освен можеби ако си им од корист на некои структури па да ти дадат некој денар за да напишеш некаков пропаганден материјал што ќе им користи. Ама еби таква наука без научен интегритет.

Ако си доктор со секаква наобразба и долгогодишно искуство ќе дојде некој министер кој не бил роден кога ти си ја почнал кариерата и ќе реши дека ти си административец.

Едноставно во Македонија ако сакаш да си успешен изборот ти е сведен на едно - ситно профитерство. Лижи гз на еден, потплати друг, направи му услуга на трет за да ти врати кога ќе ти треба, части ги по кафеани фаците од кои ти зависи напредокот и измеѓу сето тоа најди време да се гребеш до тоа што кај нас се смета за успех, а за успех се смета да имаш стан, солидна кола, да можеш да си дозволиш пристојна облека и да одиш на одмор секоја година.

Во Македонија се осеќам премногу ограничен, а критериумите за тоа што се смета за успех ми изгледаат премногу ниски за да сум мотивиран да работам на нив цел живот.

Попрво ќе бидам странец во странство отколку странец кај мене дома.
Затоа заминав во странство. Неможев веќе да поднесам да ме праат од гомно подоле, а од згора на се да барам пари од мама и тато.4 ипол години барав работа,знаев повеќе од искомлексираните шефови и ми викаат ти не си квалификуван, плус тоа ми бараа не само мене и на сестра ми и на моите пријатели партиски книшки, ако немаш нема тука што да се коментира и го викаат следниот за интервју. За болдираното си сосема во право,ако не барем малце подлижнеш гз или не им направиш услуга на некој, па ти си никој и ништо.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom