- Член од
- 4 мај 2009
- Мислења
- 2.476
- Поени од реакции
- 5.545
Потврдена вистина е дека институционализираната религија (во зависност од степенот на политичка и извршна моќ што ја има) е опасна работа. Сепак, не се сите христијани (и религиозни луѓе воопшто) дел од институционализираните машинерии. Наивно е кога некој, сакајќи да ја протолкува Библијата, ја реди „во коцкички“ како нему му одговара и суди за Божјата природа според сопствениот ум и искуство. Верата е сепак мистично, метафизичко искуство кое не се прераскажува. Подфорумов религија има издржани постови, одлични прашања, ама изобилува со инаетења, мудрувања, бладања (од сите страни) на кои речиси по правило им недостасува толеранција. Силна е христијанската порака во „свртувањето на другиот образ“ и бесмислено е да се маргинализира нејзината длабочина со дрвење од каде потекнувала идејата. Со Христос не почнал светот и се разбира дека христијанството влече корени од источните религии и учења. Меѓутоа, никој пред Христа не го формулирал и исполнил овој нов, радикален пристап така доследно -- на агресија и омраза да се возврати не само со ненасилство, ами со љубов. Мислите дека е лесно да се сврти другиот образ? Ајде пробајте, ама без позирање, туку со смиреност, без да сметате дека сте подобри од другиот. Без крцкање со заби и омраза, туку со љубов. А ако не сакате, важи, ама не ги исмевајте оние кои се обидуваат така да постапуваат. Сосема сум свесен дека на постмодерниот циничен човек христијанството му е тапа, заостанато, селско, утопистичко...Свесен сум дека на огромен број луѓе Христовите пораки и живот му изгледаат сулуди, нереални, или недостижни. Но, не е фер да се плука кон сите оние кои се обидуваат да остварат нешто од тоа.