V
Vollstandig
Гостин
Еве еден текст во врска за причината на појавување на монотеистичка религија:
Главниот проблем на робовладетелите е послушноста на нивните робови! но што ако е можно да се убедат робовите дека воопшто не се во ропство, туку напротив дека служењето вам е единствениот пат!
Ако сакате да поседувате робови и да создадете совршена ситуација робовите не само што нема да се противат туку и ќе ве обожаваат, што се треба да се стори?
Прво мора да веруваат дека вие сте најсовршениот и најдобриот господар, и дека служењето вам е нивна најголема чест! Поради тоа вие мора да бидете ЕДИНСТВЕНИОТ господар на кој ќе му служат! Значи првата заповед кон нив ќе мора да гласи: "Јас сум господарот твој" после кој мора да следи предупредување: "Немај други господари освен мене".
Нормално нема да сакате да се испоубијат меѓу себе, па пожелно е да им дадете и заповед "Не убивај"!
За да спречите да се доживеат како нешто повеќе од робови, пожелно е да ги убедите дека Гордоста е смртен грев! Исто така за да превентирате било каков отпор убедете ги дека треба да го сакаат својот непријател и да го свртат и другиот образ ако добијат шамар!
За постојано да ви се потчинуваат пожелно би било да чуствуваат постојана грижа на совеста - дека направиле нешто погрешно, па затоа убедете ги дека е грев некоја потреба или особина која сите без исклучок ја имаат! Како сексот на пример!
За да немаат време да размислуваат ништо друго освен како да преживеат, убедете ги дека само бедните, сиромашните и понизните ќе го наследат вашето царство!
Многу важно е исто така да веруваат дека не разумот туку слепото верување и вистинскиот и исправен начин, на тој начин се што сте кажале по автоматизам ќе биде испрвно!
Се што го доживуваат како страдање и за сите ваши несовршености и пропусти набедете некој спротивен на вас и посочете го како извор на сето зло и страдање! Така вие ќе бидете совршен и добар за вашите робови кој ќе ја хранат вашата суета, а за нивните страдања ќе си имаат кого да обвинуваат а пожелно е и не само да го обвинуваат туку и да веруваат дека тој а не вие ќе ги мачи ако згрешат, така вие ќе останете совршен!
Одвреме навреме покажете им кој е главен, уништувајќи голем дел од нив затоа што направиле нешто против ваша воља! например направете потоп во кој ќе ги испоубиете сите кој не ви одговараат, или уништете по некој град кој е "неморален". Ако забележите дека почнале да соработуваат и да работат на нешто што може да достигне до вас, збунете ги и раскарајте ги меѓу себе!
Доколку успеете сево ова да го доживеат како вистина, ќе си имате робови и слуги кој ќе ве сакаат и обожаваат наместо да ве доживуваат како тиранин!