- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.087
- Поени од реакции
- 12.643
Чиста вистина.Не би ни имало смисла, само ќе се искомплицираат работите, а реално освен во земји со низок стандард како нашиот, на друго место секаде си купуваат Xbox-и и PS3-ки.
А во земји каде што не можат гејмерите да си дозволат ни еден Xbox, тешко дека ќе купуваат оригинали, пиратерија владее...така да нема никаква логика потегот.
П.с. Xbox Live картица може да се купи од Sendit.com.
Скопјево е полно со трговски центри, покрај ГТЦ, Рамстор и новото Веро, помеѓу Карпош 3 и Карпош 4, кај Партизан се гради Скопје Сити Мол, како дел од комплекс на згради Александрија, чија што намена е за деловно-трговски цели, а планирано е да биде најголем трговски центар на целиот Балкански Полуостров.
А колку продавници за видео игри има во овие трговски центри, односно колку продавници за видео игри ќе има во новиот комплекс кој се гради помеѓу Карпош 3 и Карпош 4, со исклучок на Југотон, Мистер Компани и продавниците за компјутери, како што се Анхоч и НИКО ?
Па, ниту една (во ова тврдење не спаѓа и комплексот Александрија, бидејќи сеуште не е изграден), поправете ме доколку грешам, но јас не сум нашол ниту една продавница за оригинални видео игри во овие трговски центри.
Купувањето преку Интернет е како барање игла во сено, секоја им чест на Sendit, Zavvi, eBay и сите останати.
Па дури и на Amazon.com најдов продавачи кои испорачуваат видео игри во Македонија, тешко се наоѓаат, но ги има и тоа е најважно, но што со тие кои не можат да си дозволат купување преку Интернет ?
Останува фактот дека, додека во остатокот од светот продавниците за конзоли, како и за видео игрици и опрема за конзоли, се секојдневие, кај нас во Македонија се речиси научна фантастика, срам невиден.
Па после пиратеријата владее, па нормално дека ќе владее во вакви околности.