.....Во кабалата е објаснет овој процес на следниот начин: Креаторот создава сад - "vessel", во вториот чекор го полни со светлина која ја симболизира свесноста, садот или ентитетот развива потреба или желба да прима од креаторот (потребата по задоволство присутна кај секој жив ентитет), наредниот чекор е потребата да дава(особина позната како емпатија или алтруизам) и последниот чекор е желбата да го има статусот на креаторот, т.е. и самиот да стане креатор.
Садот е метафора за егото, првото нешто што свеста го создава - темел на перспективата за одвоеност, одделност карактеристика без која реалноста каква што ја знаеме неможе да постои. Од овие два поима "сад" и "светлина" доаѓа поимот или името Луцифер, поимот за светлина на латински е:"lucis" а за сад т.е. нешто што носи, содржи е:"ferre" Кога ќе се спојат овие два латински називи се добива поимот луцифер. Ако се обидеме тоа да го преставиме симболички, најсоодветен облик за апсолутот е сверата како најсовршен облик кој постои, ако во неа ги распоредиме 5-те чекори на креирање на егото - луцифер, добиваме круг на кој има 5 точки (5-те чекори) кој кога ќе се поврзат се добива познатиот симбол - круг во кој има пентаграм!
Името "его" исто така потекнува од латинскиот јазик и во првод значи "Јас", егото е она што го препознаваме како ЈАС, она што се нарекува битие. Нашето име, сеќавања, карактер се само варијанти а не и самото его ако на пример добиете амнезија вашето име и сеќавања ќе ви бидат непознати но сепак ќе го имате она чуство на "ЈАС".
Кога петтиот чекор од креирањето на егото ќе се случи започнува креирањето на материјалниот, реалниот свет овој момент во науката се нарекува "big bang" а во религиските текстови метафорички е прикажан како бунт на луцифер и негово прогонување на земјата, која ја симболизира реалноста т.е материјалниот свет.