- Член од
- 1 ноември 2008
- Мислења
- 7.396
- Поени од реакции
- 1.880
Сега пак ти си пишуваш безвезе пост колку само да реплицираш. Ти да читаше што ти пишувам ќе прочитше каде што реков дека секој сака ваква инвестиција.А ти пак им веруваш на властите, а? Кај прочита дека не платил 5 рати?! Властите викаат и дека Фијат нелегално изградил 35,000 квадрати, а зградине се со едвај неколку спрата дигнати столбови и плочи.
На страна сето тоа, се гледа дека си ептен среќен што го рушат Фијат.
Сигурно ќе кажеш дека така требало бидејќи не плаќал даноци или слично. Те заболе тебе за тоа кој плаќа а кој не плаќа даноци. Него проблемот е во тоа што си имаш фатено политичка страна и се ситиш на несреќите на сите политички противници, без никакво човечко чувство.
Јас нити го познавам Фијат ниту имам било каков ќар од неговите активности. Едноставно, знам што значи приватен бизнис, колку е тешко да работиш, особено во нашата земја, и нормално дека сочувствувам со било кој човек кого државата го заебава (да ти потенцирам дека и самиот признаваш погоре дека гонењето на Фијат има политичка позадина).
Мене како независен набљудувач ми е жал за тоа што политички го гонат Фијат, а тебе ти е мило.
Тоа дека не платил 5 рати го има на сите медиуми и тоа со документ и изјава од општината т.е мислам дека беше лично градоначалникот.
Не знам кај рекле дека се изградени 35 000 квадрати, но 35 000 квадрати не се многу. 4 спрата се изграден плус приземје плус подрум имаш по отприлика помалку од 6 000 што е отприлика 77 на 77 местри што за овој комплекс и е логично.
Проблемот твој е што кога немаш каде етикетираш.
Јас проблем немам.
Фијат има. Тој не платил 5 рати. Тој отстапил од висината. Зошто?
--- надополнето: Aug 4, 2011 12:19 PM ---
Во поголем дел си пишал антивладин пост и ненаменет за темата.Вистина дека ние не знаеме што точно се случува , можеме само да погодиме , барем за документација-дозволи.
Вистина е дека кога Фијат беше дел од власта некако поинаку се одвиваа работите , во неговиот университет редовни гости му беа министри па дури и премиерот лично, правеа еден вид реклама за ФОН.
Арно ама сега кога промени коалиција , сега не му ги простуваат гревовите.
Знаеш што велеа од општина Гази Баба во тоа време ? Велеа дека ќе сменат ДУП , ќе дозволат да се спојат маркици за да се изгради Космос , ќе дозволат ова и она , да во тоа време беа спремни на се , само за да ја добијат оваа инвестиција , пошто како што велеа , ќе се слеваат големи пари од плаќањето комуналии , исто така успееја да решат некои други проблеми , беа спремни во тоа време.
Затоа што се урбанизираше еден дел од општината , пустина , без никакви услови за живот , со јами и без вода, влегуваше инвестиција од 30 милиони евра.
30 милиони евра е голема инвестиција и за целата држава а камо ли за една општина ( Македонија имаше помалку од 200 милиони евра странски инвестиции)
Се градеа домови за 4000 лица , цело Пехчево да го вдомиш во овие згради.
И одеднаш све на брзина , едношалтерски , експресно , се мери , се брои и се одлучува дека објектот треба да се руши до темел.
Не ги боли таквото , дека се работи за 30 милиона евра , за 4000 лица , кои купиле станови однапред ... одма носат работници и започнуваат со рушењето , не сакаат да слушнат друго мислење , да видат други документи ... ќе рушиме велат , све ќе рушиме , 1.4 метри е повисоко , бреј , па толку е сателитската антена на мојот сосед што ја има закачено на кров , елате срушете му ја куќата , ја надминал висината.
Па дури и за празникот Илиден , гледам пратиле работници , на државен празник работат , без заштитна опрема , им се брза да го рушат , да не им побегне негде објектот несрушен , не почитуваат ни права на работници ни безбедност.
Ај да беше во некој строг центар , ќе му гледавме кусури , и за 30 сантима , ама ова е пустина бе , нема ниедна зграда во околина , нема ниеден пат , нема канализација , нема ништо , тие треба да се гордеат со оваа инвестиција , ќе им стане позната населбата , ќе почне да се урбанизира, елитна населба.
Како само рушат , како да се работи за ромска монтажна куќа од картони и железа.
Ја рушат како да е изградена на место каде е предвидено да помине некој автопат , или на место каде има дијаманти.
Ќе сменат детален урбанистички план ако треба , исто како што смениле еднашка кога му дозволиле да ги спои маркиците во една , се работи за пречекорување во висина , и тоа во незавршен објект , ако мислат дека ќе го попречи сонцето , нека му речат да остави еден кат пониско.
Се работи за голема инвестиција , не може туку така , со ароганција и одмазнички да се реагира.
Па сега најави инвестиција една америчка фирма Кемет во Бунарџик од 12 милиони евра , цел државен врв беше во фрлање на темелите , недела дена се вртеше веста по медиумите , особено во МТВ , Кемет инвестира , Кемет инвестира.
А тука 3 пати поголем инвеститор не го шишаат ни 2%.
Ја не бранам никого , немам никаков интерес , ама не треба да се брза со рушење , тоа е најлесното , добро би било да се спогодат , објектот сеуште се гради , може да се поправи грешката.
Јас гледам одмазда во овој случај.
Ако можеа да сменат урбанистички план за спомениците во самиот плоштад , зошто да не сменат и за пустината Керамидилница , 1.4 метри не е многу, толку се само мади*ата на коњот на Александар.
Да бидиме на чисто читај што пишувам. Неколку пати досега пишав дека сите знаеме аи Фијат знае дека тој е еден од првите кои ќе ги гони власта. Тоа не го негирам, а ти и Нео упорно по километарски пост на таа тематика.
Но битно да се напомене Фијат и покрај тоа си дозволи грешка и тоа не мала. Зошто?
1,4 метри е скоро половина спрат. Висина на еден спрат на стамбен објект е просек 3 метри.
Урбанистички план не се менува за потребите на секој кој има нешто да гради, затоа што така и настана хаосот во Скопје после после 63та.
Друг соодветен пример ќе ти дадам со човек кој го познавам и кој сакаше да гради објект во општина Карпош од 4 спрата. Но од општината доби соопштение каде му викаат 3 спрата и ни центиметар повеќе, затоа што според урбанистичкот план не смеело да се гради повисоко од три спрата. Поради тоа човекот се откажа од намерата за градење.
Фијат иако немал одобрение за надминување на висината тој сепак градел.