Слушнав во интервјуто дека Фијат изјавува дека лани Управата за Јавни Приходи детално го чешлала потеклото на неговиот мултимилионски имот.
Вика дека не му нашле ништо, и дека има документ издаден од Управата дека не нашле неправилности.
Фијат не е со Власта веќе 2 години. Мислите дека доколку навистина имал имот со сомнително потекло, дека УЈП немало да му оданочи со стапка од 70%?
Штом ништо не му е одземено, тоа единствено може да значи дека е чист од тој аспект.
Во случајов, мислам дека државни и општински функционери треба да одговараат кривично доколку судот пресуди дека Фијат бил во право.
Не може ние граѓаните да му плаќаме 50 милиони Евра отштета на Фијат затоа што некој намерно му го саботирал проектот.
Ако Фијат добие на суд, треба да се покрене нова постапка за злосторничко здружување против тие кои конспирирале и свесно го саботирале овој проект, и ним да им се досуди солидарно да ја платат целата штета. Покрај лежењето во затвор.
Затоа што овие (не)луѓе прават незамислива штета на Република Македонија ! Еј, тие свесно покренуваат рушење иако знаат дека правдата е на страна на Фијат, и свесно ризикуваат државата да изгуби 50 милиони Евра само поради терање на сопствен инат и пакост! После ваков случај, кој инвеститор ќе инвестира во државава?! И реклами во Financial Times и кампањи на CNN - џабе!
За време на СДСМ, околу 2005, имаше еден случај сличен на овој. Словенечки бизнисмен од Македонско потекло доби тендер да купи рудник во Македонија. Бидејќи тие што тогаш беа на власт имаа некој свој фаворит (кој не беше Словенскиот бизнисмен) и тој нивни фаворит изгуби на тендерот, немаа каде и мораа да склучат договор за продажба со Словенскиот македонец. Откога ги уплати парите, измислија дека парите му биле со сомнително потекло (!). Го маткаа лево десно, парите не му ги вратија, а рудникот го продадоа на нивниот фаворит и ја лапнаа провизијата.
Меѓу другите 100 причини, ова беше една од причините што СДСМ изгуби пред 5 години.
Сега ДПМНЕ го прави истото, а страшното е тоа што го прави веќе некое време, а лесно им проаѓа, под капата дека се борат против "непријателите на народот". Кај простиот народ, овој "патриотизам" многу лесно проаѓа: Над 50% од народот во Македонија нема завршено 8мо одделение (значи учеле основно, ама не успеале да го комплетираат). Кај може таков човек да прати и да анализира информации за тоа што се случува во државава.
Ама секој кој фатил да работи со фирма, знае дека ништо не е сменето во последниве 5 години, а во некои области е и полошо.
Во случајов со Фијат се гледа дека Фијат генерално се трудел да работи по сите закони и процедури, а властите се труделе да му го саботираат проектот по сите основи.
За кола да увезеш ти требаат 300 документи, а камо ли за да купиш 30 плаца, да ги споиш, да направиш проект, да добиеш дозвола, и да изградиш зграда.
Ако власта сака, колку и да се труди БИЛО КОЈ бизнисмен, може да му најде неправилност во документите.
Законите се несовршени, ги пишувале луѓе како нас, и имаат милион дупки кои можат да се злоупотребат - и за да искористиш нешто и за да те заебат за нешто.
Кај Фијат се гледа дека немало свесна намера да ја гради зградата нелегално: дал проект, извадил решение за градба, плаќал комуналии. До сега никој не кажа кој би бил мотивот на Фијат да направи било што нелегално во случајов?
Ќе повторам, Фијат направил се во негова моќ за да нема никаков пропуст во документацијата и изведбата, а власта направила се во нивна моќ да го саботираат проектот.
Тоа е тоа што е битно во случајов.
Мило ми е што на темава полека сите заклучуваат дека случајов е политичка хајка. Некои го бранат Фијат, а некои викаат дека треба да се казни со политичка одлука поради тоа што е државен непријател, но како и да е и тие и тие се согласуваат дека позади стои политика.
А тоа е веќе тема за друга - тема.