КОСМОС - станбено-деловен комплекс

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Нешто ми вели дека следен ќе биде Штерјо Наков...Иако галами тивко, сепак галами.. А комплекси си се комплекси, мора да се лечат до крај.
Јас чекам Императорот Кратовски да го бутнат во зандана и конечно да излезе од пратеничко столче... Тој не ни знае како е а да не се биде парламентарец.

Инаку, Цановски кажа дека по рушењето не планира да продолжи да се инаети како сватот, а сите кои уплатиле за стан ќе ги обештети.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Тоа овци се зборуваше затоа што еден член овде кажа дека подобро да сме биле овци во Австралија, отколку луѓе овде. Фала многу, јас овца не сакам да бидам нигде. Информациите од јавните медиуми секаде во светов се филувани и таргетираат, ама има и алтернативни извори на информации, не сме ние овде во Македонија изолирани од било каква информација. Баш напротив, многу лесно можеш да стигнеш до точна информација, мала држава сме.
Не си разбрал што сакаше да каже човекот:
Дека животот на обичниот човек во Македонија не вреди ништо. Никој не одговара ако некој загине во сообраќајка, или умре во болница поради негрижа, или во тепачка, нема одговорност, не функционираат институциит, во Австралија повеќе ќе се потресат ако умре овца, отколку што во Македонија ќе се потресат ако умре човек. И тука завршува компарацијата, не инсинуирај понатаму.
--- надополнето: Aug 2, 2011 5:15 PM ---
јас те препуштам на рацете на модераторите - за мене не постоиш :pos::pos:
Абе ептен ме потресе, изгубив "многу интелЕгентен" соговорник.

Се гледа какви глупости пишуваш само од фактот дека од скоро 10,000 напишани пораки имаш само 700 допаѓања.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не си разбрал што сакаше да каже човекот:
Дека животот на обичниот човек во Македонија не вреди ништо. Никој не одговара ако некој загине во сообраќајка, или умре во болница поради негрижа, или во тепачка, нема одговорност, не функционираат институциит, во Австралија повеќе ќе се потресат ако умре овца, отколку што во Македонија ќе се потресат ако умре човек. И тука завршува компарацијата, не инсинуирај понатаму.
Да де, а со тоа “А ако ме прашаш мене ни малку не ми е гајле ниту за името ниту за државата.“ исто така сакаше да каже дека не функционираат институциите. Еве за случајов профункционираа одлично, зошто не ги пофалите, туку ги напаѓате.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Значи ако Цаноски рекол дека ќе тужи, а институциите се сигурни дека објектот е нелегален несмеат да го рушат. Ако сакаше да тужи ќе тужеше веќе, немаше цел ден да моли за средба со Груевски или Мијалков.
Кажа вчера дека ќе тужи а тоа за средбата тоа е трагедијата на ова општество што партијата одлучува за се а не институциите.
Цановси и се да му е по закон ако моќниците решиле да го уништат ќе го уништат.Не е ова Шведска.
Е сега може да им се продаде со своите пратеници да се испазари но затоа оваа држава ќе отиде на буниште како што рече Иванов.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Кажа вчера дека ќе тужи а тоа за средбата тоа е трагедијата на ова општество што партијата одлучува за се а не институциите.
Цановси и се да му е по закон ако моќниците решиле да го уништат ќе го уништат.Не е ова Шведска.
Е сега може да им се продаде со своите пратеници да се испазари но затоа оваа држава ќе отиде на буниште како што рече Иванов.
Подобро на буниште, отколку да се продава како проститутка, а до пред 2 недели беше многу силен.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Да де, а со тоа “А ако ме прашаш мене ни малку не ми е гајле ниту за името ниту за државата.“ исто така сакаше да каже дека не функционираат институциите. Еве за случајов профункционираа одлично, зошто не ги пофалите, туку ги напаѓате.
Па нели и самиот ти призна дека Космос го рушат само поради тоа што Фијат е дел од политичката опозиција? Ако тоа е така, тогаш логично следи дека ако бил дел од владата, немало ова да му се случува. А во тој случај, не можеме да зборуваме за функционирање на институциите, туку за селективно функционирање на институциите, што - ќе се согласиш - е многу различно!

Затоа ги напаѓаат - заради селективното функционирање, што е дури полошо и од целосно нефункционирање.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Па нели и самиот ти призна дека Космос го рушат само поради тоа што Фијат е дел од политичката опозиција? Ако тоа е така, тогаш логично следи дека ако бил дел од владата, немало ова да му се случува. А во тој случај, не можеме да зборуваме за функционирање на институциите, туку за селективно функционирање на институциите, што - ќе се согласиш - е многу различно!
Мора од негде да се почне. Значи секој што смета дека во државава е проблем функционирањето на институциите треба да го поздрави рушењето. Јас немам ништо против кога ќе се смени власта да ги рушат само тие што сега се власт, а што погрешиле. Така е сегде, живееш во странство, сигурно го знаеш тоа, сем ако не живееш во некоја скандинавска земја.
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Подобро на буниште, отколку да се продава како проститутка, а до пред 2 недели беше многу силен.
Не ми се дискутира повеќе ти браниш една гарнитура.Јас секогаш ќе сум против неправдата било на која странаа таа да е.
Еве денес славиме и за Ченто едно време кога го суделе дел од народот велел така му треба на тој предавник.Денес тој е херој.
Пред време не треба да им се суди на луѓето.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Не ми се дискутира повеќе ти браниш една гарнитура.Јас секогаш ќе сум против неправдата било на која странаа таа да е.
Еве денес славиме и за Ченто едно време кога го суделе дел од народот велел така му треба на тој предавник.Денес тој е херој.
Пред време не треба да им се суди на луѓето.
Тоа што му се руши на Фиат не е неправда, баш напротив е почитување на законите. Неправда е тоа што не им се руши на некои блиски до власта.
Споредбата Фиат-Ченто ти е сосема погрешна. На Ченто му се суди затоа што имал различен став, на Фиат не му се суди, му се руши бесправно изграден објект. Ченто не сакал да се договара со никого, до крај си стоел на ставот иако знаел дека ќе биде линчуван, овој после еден ден пробува да се продаде како проститутка.
Навреда е секој македонец Ченто да го споредуваш во Фиат.
 
I

Iblis

Гостин
Нема никаков проблем: Нека почнат да рушат од ЗЕБРА на Тодоровиќ Тинекс, која требаше да биде катна гаража, а сега е мини трговски центар и хотел.

Потоа нека продолжат со комплексот хациенди на Sинго во Жданец, за кои нема платено никакви комуналии а почна да ги гради кога таму не беше дозволена градба.

Следни за рушење се зградите на Камчев и Мијалков на Скопскиот плоштад, кои се 12 метри повисоки од дозволеното со ДУП (!!!) а беа легализирани со по една одлука на градското собрание.

На крајот нека завршат со рушење на објектот Тифани на Палчо Старт, кој беше тотално надвор од градежната маркица (луѓе лежеа затвор за нелегалностите) а сега во договор со ДПМНЕ и платен рекет, зградата е легализирана и нема никаков проблем.

Е од овде нека почнаат ако мора од негде да се почне, затоа што 100 стапа по туѓ грб не болат, тоа е вистинско функционирање на институциите. И те молам немој да ја навредуваш интелигенцијата на читателите на форумов со тврдење дека рушење на зградите на политичките противници се смета како функционирање на институциите.

(П.С. Клетва да ги фати оние што откриваат ИП адреси на луѓе што само ги искажуваат сопствените ставови.)
Лол бате ти си го наебал, изгледа скоро-скоро ќе те нема :D(не ти требаше да споменувач имиња и објекти http://goo.gl/DWTgV)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Нема никаков проблем: Нека почнат да рушат од ЗЕБРА на Тодоровиќ Тинекс, која требаше да биде катна гаража, а сега е мини трговски центар хотел.

Потоа нека продолжат со комплексот хациенди на Sинго во Жданец, за кои нема платено никакви комуналии а почна да ги гради кога таму не беше дозволена градба.

Следни за рушење се зградите на Камчев и Мијалков на Скопскиот плоштад, кои се 12 метри повисоки од дозволеното со ДУП (!!!) а беа легализирани со по една одлука на градското собрание.

На крајот нека завршат со рушење на објектот Тифани на Палчо Старт, кој беше тотално надвор од градежната маркица (луѓе лежеа затвор за нелегалностите) а сега во договор со ДПМНЕ и платен рекет, зградата е легализирана и нема никаков проблем.

Е од овде нека почнаат ако мора од негде да се почне, затоа што 100 стапа по туѓ грб не болат, тоа е вистинско функционирање на институциите. И те молам немој да ја навредуваш интелигенцијата на читателите на форумов со тврдење дека рушење на зградите на политичките противници се смета како функционирање на институциите.

(П.С. Клетва да ги фати оние што откриваат ИП адреси на луѓе што само ги искажуваат сопствените ставови.)
Нема проблем, доколку најдат и најмала неправилност нека ги рушат сите тие објекти. Јас нема да се бунам за ниеден од нив. Кога ќе дојде опозицијата на власт слободно нека руши. Овие решиле да го рушат ова. За нивното решение си сносат политичка одговорност на избори. Значи не може да тврдиме дека ова рушење е незаконско, само затоа што не рушеле други објекти.
Кој тоа ти открил ИП адреса?
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Не ми се дискутира повеќе ти браниш една гарнитура.Јас секогаш ќе сум против неправдата било на која странаа таа да е.
Еве денес славиме и за Ченто едно време кога го суделе дел од народот велел така му треба на тој предавник.Денес тој е херој.
Пред време не треба да им се суди на луѓето.
Не можам повеќе да се согласам со тебе. Ние Македонците сме тие што го затвориле Ченто, и Шатев, и илјадници други македонци. Нашите дедовци биле тие што ги прогласиле нив за предавници и ги оставиле да умрат по затвори. Не биле тоа ни Србите, ни Албанците, ни Бугарите, ни Грците. Ние Македонците го направивме тоа. Ако не за друго, нека служи како лекција да не се повтори пак, но како што гледам, таа лекција никогаш како народ не ја научивме. Спремни сме да убиеме брат македонец само затоа што имал различно мислење.

Студирам во странство, на различни места и факултети, и како што сум видел одлична слога и соработка помеѓу сите националности (Руси, Шпанци, Американци, Канаѓани, Кинези...), така сум ја видел најголемата можна неслога, делење и карање помеѓу Македонските колеги.

Прашајте било кој македонски студент или иселеник во странство, секој ќе ви потврди дека локалната македонска заедница е поделена на најмалку два табора испокарани меѓу себе.

Додека сите други народи се дружат и меѓусебно се помагаат, ние Македонците едноставно не го правиме тоа.

Навистина ми е жал што морам да го констатирам ова, и сигурно некој ќе ме нападне и за констатирање на оваа вистина.
--- надополнето: Aug 2, 2011 5:50 PM ---
Лол бате ти си го наебал, изгледа скоро-скоро ќе те нема :D(не ти требаше да споменувач имиња и објекти http://goo.gl/DWTgV)
Се зафркаваш, така?
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Тоа што му се руши на Фиат не е неправда, баш напротив е почитување на законите. Неправда е тоа што не им се руши на некои блиски до власта.
Споредбата Фиат-Ченто ти е сосема погрешна. На Ченто му се суди затоа што имал различен став, на Фиат не му се суди, му се руши бесправно изграден објект. Ченто не сакал да се договара со никого, до крај си стоел на ставот иако знаел дека ќе биде линчуван, овој после еден ден пробува да се продаде како проститутка.
Навреда е секој македонец Ченто да го споредуваш во Фиат.
Види сега голем Македонецу јас многу добро знам и за Ченто и за Бршнаров и за вистинската историја на Македонија.
Не го споредувам Фијат со Ченто туку ги споредувам тие што му се смеат и се ситат на неговата несреќа.
А криминал ако е да платиш 5 мили евра комуналии или да дадеш хипотека од 11 мил.А некој ист објект легализира за 30 илјади евра.Овој 1 метар отстапувал.
Па системот го сменивме токму за тоа да нема вакви методи на пресметка законот за сите да е ист.
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
90
Поени од реакции
65
Нема проблем, доколку најдат и најмала неправилност нека ги рушат сите тие објекти. Јас нема да се бунам за ниеден од нив. Кога ќе дојде опозицијата на власт слободно нека руши. Овие решиле да го рушат ова. За нивното решение си сносат политичка одговорност на избори. Значи не може да тврдиме дека ова рушење е незаконско, само затоа што не рушеле други објекти.
Кој тоа ти открил ИП адреса?
Ќе повторам уште еднаш дека рушење на објект на политички опонент а истовремено толерирање на сите објекти на сопствените политички партнери се вика одмазда, а не функционирање на институциите.

Кога ќе почнеме да ги нарекуваме работите со вистинското име, тогаш можеме да дискутираме на темава.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom