А1 отиде во стечај

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Во поглед на програмата што ја пуштаат и А1 и Сител се исти значи буквално исти, купуваат ниско буџетни серии и го трујат и затупуваат нашиот веќе затупен народ баш од таквите работи. Е сега проблемот е што во А1 се гледаше дека има надворешни влијанија и она што го правеа они во последните 6-7 минимум беше претерано, буквално они од телевизија се претворија во партиски мегафон на СДСМ и Бранко. Е сега знам имаат право да го прават тоа нивна работа, но ако барем ако служиш на опозицијата и отворено зборуваш против власта за се и сешто тогаш барем треба да знаеш дека ќе им бидеш трн во око и ќе се трудат да ни најдат грешка.. епа затоа ќе си средиш се легално и нема да ти биде гајле, ама идиотизмот е тука што и покрај тоа што знаат дека се трн во око они одеа упорно иако знаат дека работат нелегално ..

Треба да си идиот да го правиш тоа што Велија го правеше, да работиш нелегално а од друга страна да зборуваш се и сешто против власта (воедно и голем дел невистини) ама знам.. Велија играше на карта СДСМ да победи па да си продолжи со криминалните активности.

Сепак правдата победи, 30 милиони долгови и затаен данок не се мала работа кои одат кај 1 човек НЕЛЕГАЛНО!
 
Член 37
Советот за радиодифузија ги врши следниве работи:
1) ја спроведува стратегијата за развој на радиодифузната дејност во Република
Македонија;
2) одлучува за доделување, одземање и обновување на дозволите за вршење
радиодифузна дејност;

Значи став 2. АЕК го прекрши овој став. Кој ќе понесе одговорност? Еве и линк
http://www.srd.org.mk/images/stories/legislativa/Zakon_za_radiodifuznata_dejnost_2005.pdf
Одземање и престанок не е иста работа. Во член 62 пишува дека дозволата престанува да важи во тој случај, а не дозволата треба да се одземе. И дечкиве од АЕК си ја искористиле дупката и одлучуваат дека по сила на закон дозволата на А1 не важи и им ги одземаат фрекфенциите. Многу дискутабилна одлука според мене, ама пак закониве не се докрај јасни и дефинирани. Подобар правник може да направи што сака со вакви закони. Илјадници дупки.
 
Во член 37 став 3, 4 и 5 прекрасно пишува кој е надлежен за дозволите. Значи АЕК не може своеволно да и ги одзеде фреквенциите на А1. Незаконски е.
 
Во член 37 став 3, 4 и 5 прекрасно пишува кој е надлежен за дозволите. Значи АЕК не може своеволно да и ги одзеде фреквенциите на А1. Незаконски е.

И јас имам таков став, ама види ги законите:

Член 62 од Закон за радиодифузија
Дозволата престанува да важи:
- со истекот на рокот за кој е доделена;
- со писмена изјава на имателот со која се известува Советот за радиодифузија
дека престанува со емитувањето на радио или телевизиска програма;
- со одземање на дозволата од страна на Советот за радиодифузија и
- ако настапи стечај или ликвидација на имателот на дозволата.

Законот за електронските комуникации
untitled.JPG
Еве разлика во закон со дупка и закон без дупка. Значи доколку во Членот 62 имаше уште една алинеја во која пишува
-За престанок на важноста на дозволата, СРД донесува одлука
законот немаше да има никаква дупка. И во Законот за електронските комуникации во друг член пишува дека АЕК доделува и одзема фрекфенции, но пак назначиле и тука, со цел да нема забуни. Во првиот закон има дупка што власта ја искористи. При одлучувањата за овој случај консултирани се врвни правници. Ако студираш на правен веројатно 90% од нив ти се професори. Сигурен сум дека не е прекршен ниеден закон. Доколку власта сакаше со кршење на закони да ја исклучи А1 ќе ја исклучеа на сила уште во Јануари, па ќе одеа на избори без нив. Доколку не беше законски да се исклучи сега ќе почекаа уште 2-3 недели СРД да ја одземе дозволата па ќе ја исклучеа тогаш. Не им прави никаква разлика. Но најдоа дупка во законот и ја исклучија веднаш.
 
И самите луѓе од СРД кажаа(ама на Телма) дека ова е незаконски од страна на АЕК.Нивниот став после празникот Илинден.Позз(y)
 
И самите луѓе од СРД кажаа(ама на Телма) дека ова е незаконски од страна на АЕК.Нивниот став после празникот Илинден.Позз(y)
Ама од СРД така викаат затоа што жена му на претседателот нивни е висок функционер во СДСМ. Не сфати досега?
 
Ама од СРД така викаат затоа што жена му на претседателот нивни е висок функционер во СДСМ. Не сфати досега?
Така ќе да е бе ја па глуп не сфаќам...а според Латасовата теорија СДСМ ја пропадна А1,не го дала парите од кампањата.:pos:
 
И самите луѓе од СРД кажаа(ама на Телма) дека ова е незаконски од страна на АЕК.Нивниот став после празникот Илинден.Позз(y)
А од кога тоа СРД одлучува што е законско, а што не во државава? Доколку мислат дека одлуката е незаконска ете се судовите. И да, близок член во семејството, член на високо партиско раководство на партија чија иднина тесно зависи од А1 е сериозна пречка за објективно гледање на работите. Дека законите не се прекршени се гледа по реакциите на европските институции, кои реагираат за чинов како за недeмократски а не како за незаконски.
 
Додека вие се расправате тука, Сител си ја подмести програмата 1 час напред.
 
Masterpiece изведба се случува во секој случај, до факултетов еконмоски во Прилеп јас викам дека е.

леле не ми го спомнувај тој факултет го мразам од дното на душата
 
ke otide vo stecaj
ke im se odzeme celiot kapital i se sto imaat cela oprema i ke se prodade na licitacija vo 4 oci so nekoe privatno lice
a oprema imaat milionski cifri.ke se pokrijat nekoi dzebni privatni interesi
kako velce ke si posviri na klavir nekoja simfonija podolga
rabotnicite ke si najdat rabota i za nekolku meseca site ke bidat srekni i veseli i se ke se zaboravi
ke bide posle B2 televizija
ovie izlegoa prva bukva prv proj i prva prevara gooolema preku televizija
 
Така ќе да е бе ја па глуп не сфаќам...а според Латасовата теорија СДСМ ја пропадна А1,не го дала парите од кампањата.:pos:

Па им даде ли пари ? Знаеш ли ти во нормални услови колку чини целодневно вртење на партиски спотови по телевизија? Милиони ! Со тие пари можеа да покријат дел од долгот,ама можеа..
 
Па им даде ли пари ? Знаеш ли ти во нормални услови колку чини целодневно вртење на партиски спотови по телевизија? Милиони ! Со тие пари можеа да покријат дел од долгот,ама можеа..
A Груевски од кампањата негова кога му лижеше гз на Велија,кога овој му сврти грб не му одговара сега А1.Него има ли луѓе што уште веруваат дека е до данокот:pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom