Другарство од интерес. Можно ли е?

  • Креатор на темата Креатор на темата city
  • Време на започнување Време на започнување
Прашањето е дали може да се има другарство/пријателство без корист? - викам Неможе.
Ако јас немам корист од некого, или он/она нема корист од мене, што има јас да се дружам со него/неа?
Некои ги користиме за “кафе“ и исповедување, некои ги користиме за да искочиме навечер со нив, некои ги користиме за спортски активности, играње игри, за седенки... и така ги делиме секој со свој квалитет и ги користиме зависи од потреба. Исто така јас сакам да сум корисен, да бидам искористен иначе ке се осеќам како сето знаење да ми е џабе, и да користам на некој со моите квалитети и вештини. И кога со некој се користиме за многу работи, биднуваме неопходни, потребни и другарството е цврсто.
 
Значи вака сите другарки и другари се од корист е сега од тие има некои многу добри кои глумат пред тебе дека не се али при прва шанса се покажуваат така да сум имал многу искуства и ве уверувам во тоа а другар што не со тебе од корист не постои.
 
Искрено, не знам како другите гледаат на работите. Но, јас сметам дека:
  • ако има интерес - нема другарство
  • ако има другарство - нема интерес
Другарството е нешто што треба да го издигнеме над се. Па и над, личните интереси.

Можеби мојава теорија е чудна, но јас вака си ја практикувам.

Ако можам на некој од другар(к)ите да му помогнам - со задоволство ќе го направам, но затоа што јас сакам лично да му помогнам, а не затоа што он има лична корист или интерес од тоа.
 
И те како. Другар ќе ти биде ако му праиш друштво да ролате на кеј. Ако не, ќе ти дае шанса да му позајмиш парче облека. Или клоца.
 
Можно е, зашто да не е можно. Дур не му завршиш работа ќе ти се умилкува, кога ќе му завршиш нема да сака да се поздрави со тебе.
 
И тоа како, се обложувам дека секој има доживеано вакво другарство.
 
Темава треба Rename.
Место другарство-треба пријателство да пишува.
Пријатели ги има многу (тие се тие што се дружат од корист), а другарите за жал се помалку (оние кои навистина те сакаат таков каков што си, без пари, без оглед што си направил, и се секогаш тука за да ти помогнат и да те утешат па макар и да грешиш).

Пријателство од корист ИМА.
Другарство од корист НЕМА.

:)
 
Не ни треба да ја читам темава.
Од постови во стилот: "во последно време" или "денеска се е од...".
Демек вие многу постари сте или па не дај боже трт милојко некој не се дружи од интерес :pos:

Интересот е тоа што го движи општеството и човештвото да го ебам, како не разбирате не ми е јасно.
За поглупичките да објасниме: петко се дружи со мики затоа што му е "ИНТЕРЕСНО" види чудо во самиот збор ма интерес.
А исто така на мики му е интереснод а се дружи со петко. Значи едниот има интерес да биде со другиот без разлика на ситуацијата, да не би било така не би се дружеле, затоа се вели...имаме заеднички интереси.

Де бе од срце ме насмеавте :)))
 
Можно е и тоа како. Еве на пример една од моиве најдобри другарки кога нема што да прави, досадно и е, не е зафатена ме вика да излеземе, а кога не и е досадно и е "зафатена" со некаква глупост (лакирање нокти) баш и е гајле за мене и ме откачува, а мене ми е факинг потребна во тој момент за нешто!!!!!!!!! :mad:
 
Можно е и тоа како. Еве на пример една од моиве најдобри другарки кога нема што да прави, досадно и е, не е зафатена ме вика да излеземе, а кога не и е досадно и е "зафатена" со некаква глупост (лакирање нокти) баш и е гајле за мене и ме откачува, а мене ми е факинг потребна во тој момент за нешто!!!!!!!!! :mad:

Ако сама не си помогнеш, никој нема да ти помогне.Така да многу на другарки за нешто не се надевај, особено на такви!
 
Ако сама не си помогнеш, никој нема да ти помогне.Така да многу на другарки за нешто не се надевај, особено на такви!
Па не мислев на некаква помош, едноставно досадно ми е дома и сакам со некој муабет да направам. Еве јас најкасно отидов на одмор од цело друштво и со кој да правев муабет кога другите беа на одмор? И она ќе ме заебе. -.-
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom