Колку сте високи колку сте тешки? Проблеми, ситуации?

  • Креатор на темата Креатор на темата Solider
  • Време на започнување Време на започнување
Хахаха и јас ги имам истите маки. Висок 188 и никаде не ме собира. Кога одам на пазар (особено кога врне) морам да се наведнувам за да можам да поминам и да внимавам некоја жица да ми го сече гркланот.
Во автобус на седиште повеќе од 3 саата на можам да седам пошто не може ни да се завртиш ни ништо. Колениците ти се во уста. Во авион па уште поужасно е ако не седиш на седиште на aisle.

На мраз во зима на снег, шансите висок човек да се лизне се далеку поголеми отколку на низок човек. Па и да падне, нискиот човек веднаш ке ја допре земјата. Високиот од друга страна може сериозно да се повреди при падот.

Некогаш и ми е непријатно кога луѓето ме гледаат нагоре.
Во просек, МКД а нација со 175м висина.
А и верувам дека пониските луѓе се попаметни и подоцна умираат за разлика од високите.

Уфффф колку е ова точно. Дечко ми кој патем е 198 не ја виде жицата и уште му се познава црвена линија кај устата.

Иначе да не бидам офтопик а и можеби имам пишано на темава, висока сум 178см. тешка 60 килограми. Проблеми немам само сакав некаде над 180 да сум.:)
 
174cm со 54килограми. Слабичка сум,ама не ми пречи. Метаболизмот ми е таков, не акумулира непотребни материи :)
 
Висок 1.90, тежок 80 кила, 17 години .. За неколку години ќе бидам ко Ибрахимович осеќам јас, над 2-метра со 100 кила (впрочем за над 2 метра, нормално е да имаш околу 100 кила) :D
 
182 cm и со 76 kg и потполно сум задоволен и со висина и тежина.

Ова за растење до 25-26 години не знам, некако ми изгледа нереално, јас на пример од 18 години не пораснав ни еден сантиметар повеќе, а и имам читано дека после 17 - 18 години брзината на растење се намалува значително односно брзо доаѓа до нула.

Мислам дека максималната потенцијална висина која може да се достигне е одредена со гените, а дали ќе дојдете до оваа можна висина зависи од средината, пред се од исхраната. Не верувам дека било кои вежби или спорт помагаат тука многу, дури некои напорни спортови како гимнастиката може и да одмогнат оти ви ги трошат калориите потребни за растење.
 
ммм не би се согласил дека висината е одредена од гените тие нормално имаат удел ви висината но не се најпресуден фактор за тоа исхраната и начинот на живот влијаат истотата ЖИВ ДОКАЗ ЈАС
 
ммм не би се согласил дека висината е одредена од гените тие нормално имаат удел ви висината но не се најпресуден фактор за тоа исхраната и начинот на живот влијаат истотата ЖИВ ДОКАЗ ЈАС

Па дечко тоа што си израснал од кај знаеш дека е резултат на твојот начин на живот?
Можда така ти било пишано во генетскиот код да пораснеш толку и толку на тие години. Знам луѓе кои дома седеле, не се занимавале со никаков спорт, ниту пак имале некаква “специјална“ диета па одеднаш израснале.

А за тоа дека гените не играат улога не зборувај ми, ако на висината не влијаат тогаш на што влијаат?
 
^Не си лош но може да се намали некое кило :D
180 - 58 мора да јадам повеќе :LOL:
 
Па дечко тоа што си израснал од кај знаеш дека е резултат на твојот начин на живот?
Можда така ти било пишано во генетскиот код да пораснеш толку и толку на тие години. Знам луѓе кои дома седеле, не се занимавале со никаков спорт, ниту пак имале некаква “специјална“ диета па одеднаш израснале.

А за тоа дека гените не играат улога не зборувај ми, ако на висината не влијаат тогаш на што влијаат?
ne znaci nerekof deka ne vlijaat nego deka ne se presuden faktor kaj mene vo familija nema nekoj poveke od 175 cm a jas sum 184 i 99.9 procenti sum sig deka e od nacinot na zivot i ishranata
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom