Кајганче!
Одамна не сум ти пишала знам, ама има и побитни работи од тебе некад знаеш?
Енивејс, прин сакав да ти кажам колку ми е мука кога некои твои членови немаат по што да плукаат па плукаат по тебе и по работите што се пишуваат тука.Воопшто не треба да се секираат ако некој цело време пишува дека е тажен, или дека се фали што оди на одмор итн.Нивен живот, што сакаат ќе праат и што сакаат ќе пишуваат тука, сепак, за тоа ти постоиш
Друго, деновиве се одличен тест за мене и моите способности, како и за моите живци, кои секако се при крај.Никогаш не сум успеала скроз да оладам и да ми е гајле за сè.Eдноставно, не сум јас, јас, ако не се секирам бар за некоја ситница.Јебига
.
Се заразив пак со табла мамата, вчера окапав до 3ипол играјќи и забораив дека треба денес рано да станам и да трчам по градов.Мора секогаш последниот ден да ми текне дека нешто недостасува па да ми стигнува ваква казна
Подобро да бегам сеа од пц, па вечер ваљда пак ќе ти пишам. Аривидерчи