Скршена чаша не се лепи!
Сигурно ситуацијата дошла до кулминација кога едно дете прифатило дека разводот е трајно решение за сите проблеми во неговиот дом.
Верувај, некогаш навистина разводот е единствено решение.
Што се однесува до брачното советувалиште, како може да те советува некој кој и самиот е разведен, 80 % од вработените во тие советувалишта не можеле својот брак да го спасат а не па нечиј друг...
Па, давеник се фаќа за сламка. Обично до кавга доаѓа поради некое недоразбирање и поради недоискажаност. Во ова време - невреме луѓето се` помалку разговараат за себе со своите партнери. Не се само децата во бракот, не се само парите, бракот во денешно време испадна купи ден - продај.
Ја прифаќам твојата сугестија дека можеби мојот совет на темава беше несоодветен. Јас не сум мажена, па за многу работи имам поразлично мислење, а фактот што не сум мажена не ми дава право да споделувам мислење, но сепак сакав да кажам совет... Потполно се согласувам дека штом нешто еднаш ќе пукне, не се лепи. Се согласувам и дека не треба децата да се земат за повод родителите да останат заедно, тоа би било измачување за сите и многу не здрава средина за живеење.
Сепак, мислам дека со разговор може да се средат некои работи. Разговорот е почеток, но не и крај.
Одлуката за брак е полесна, но за развод е многу тешка! Последиците се многу големи, но има и добри страни, доколку партнерите се разумни.