Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

  • Креатор на темата Креатор на темата kapadaster
  • Време на започнување Време на започнување

Полихроно е мало местенце, од магистралата надолу има куќи со апартмани за сместување, плажата е тесна со ситен песок, претежно со лежалки од кафичите (нарачуваш за пиење и користиш лежалки и чадори), но има и местенца без лежалки кајшто можете да ставите свои пешкири... Веднаш над плажата поминува главната улица во градчето покрај која се сите главни кафиќи, ресторанчиња, продавници и таа улица е главното шеталиште навечер. На левата страна има многу поубаво сместување, нови и луксузни вили, за разлика од оние кои се во самиот „центар“. Туристи главно се Македонци, Срби и Словаци.
 
Чисто мислев за споредба.
Инаку местото е ок,класично туристичко место со `главна` улица со дуќанчиња-панаѓурска атмосфера ама тоа е нормално,кафичи,таверни...што би рекол еден мој познаник него му било местото како `за фамиљарни`(оти другите места какви се на халкидики и општо,какви се тие `нефамиљарните`...)
Наши и Срби инвазија...
Морето,плажата е ок.
Не се ограничувај на едно место прошетај ја Касандра,оди накај Паљури(на крајот од кракот)тамо е една од(ако не и најубавата)најубавите плажи ,кај селцето Chrousso(некои ја викаа Хenia beach оти имаше порано таков хотел таму).
 
Чисто мислев за споредба.
Инаку местото е ок,класично туристичко место со `главна` улица со дуќанчиња-панаѓурска атмосфера ама тоа е нормално,кафичи,таверни...што би рекол еден мој познаник него му било местото како `за фамиљарни`(оти другите места какви се на халкидики и општо,какви се тие `нефамиљарните`...)
Наши и Срби инвазија...
Морето,плажата е ок.
Не се ограничувај на едно место прошетај ја Касандра,оди накај Паљури(на крајот од кракот)тамо е една од(ако не и најубавата)најубавите плажи ,кај селцето Chrousso(некои ја викаа Хenia beach оти имаше порано таков хотел таму).

A нешто цените по продавниците, кафичите да не знаеш од прилика како се движат. Пивото слапо ли е, евтино ли е :)
 
A нешто цените по продавниците, кафичите да не знаеш од прилика како се движат. Пивото слапо ли е, евтино ли е :)

Цените во Lidl се најефтини ,следуваат Carrefour Marinopulos и сл.Пивото ти е пример од 0,60 еур и сл.
Но во локалните маркети беше 1,5 еур Митосот 0,5l!Исто и соковите и останати работи.
Искрено,поскап ми се виде Халкидики а и од другата страна кај Катерини отколку Крф и од Крит(а сепак се острови,барем транспортот треба да крева па ај да е поскапо...) лани.Тоа го заприметив уште лани на враќање од Атина кога застанавме и се капевме и поминавме ден со сите нишани во Неи Пори.
Истото се однесува и за смештајот(тука не ги сметам некои агенциски аранжмани)
Да не одам вон тема,но искрено,каква и да е споредба со гореспомнатите острови(посебно за овој поголемиот,на Медитеранот) со Халкидики или регионот под Олимп е многу неблагодарно,ама па уште и разлика кога има во некои цени или барем се исти...хмм...не би припарил јас во овој `нашиот`,северниот дел на Грција освен на еднодневна екскурзија.Само патот `не јади` ама и тоа е релативно!
Да не ме сватиш погрешно,јас го сакам Халкидики,морето е супер,многу повеќе од Пиериа,но за исти пари се оди на преубавите острови на Јонско или пак долу на јужен Егеј!
 
И после на кобниот 1 септември вашиот газда ќе ве врати во живот со новите работни задачи а на шалтерот во Банка теткицата ќе ви ја испее оваа песничка


Грција е скапо и циганите се у криза ,купувајте си храна од дома и БИРА остало.
 
Ај ако може некој да ми предложи некоја дестинација (ако е бил таму) во Грција каде што ќе си поминам добро и да има место за шетање... мислам на шопинг ?
 
Здраво, абе да прашам нешто.
Дали е бил некој на островот Закитос во Грција, некој да појасни како е таму вода и останато, и важно во водата има ли ежови како што се познати ??
Повеќе инфо ако е бил некој да дадете :) Фала однапред
 
Бев во Ница и сеуште сум под импресии местото е прекрасно водата е пречиста и цените се доста солидни.Има туристи од целиот свет навечер лугето спиат на плажа собрани групно поготову млади.Прекрасно
 
Ај ако може некој да ми предложи некоја дестинација (ако е бил таму) во Грција каде што ќе си поминам добро и да има место за шетање... мислам на шопинг ?

Па ти оди каде сакаш на одмор, на враќање помини од Mediterranean Cosmos и тоа е тоа :P
 
Моментално сум у Малта , и можам да кажам дека се осеќам ко да сум у рај ... преубаво место , мада ептен жешко :D

Цените не се многу високи , најмногу се троше ан вода , пошто мора да ја купуваш , оваа од водовод не се пие. За стан се движат од 7 - 15 евра на ден , зависно од тоа каде е станот , и да ви кажам не постојат лоши станви , се е уредно средено со ТВ , Интернет , клима , WC .

Пивото , пример локалното Cisk од 500 ml во маркети е 1.00 евра , во кафич е 2.50 евра. Дискотеките им се поскапи , али се лудница, пример влез во дискотека е 10 евра и добиваш 2 пијачки гратис. Коњакот е 4 евра чаша.

За гледање и шетање има колку ви душа сака : Слиема , Валета , Ст.Џулиан , Паџевил ( тука се сконцетрирани сите дискотеки , кафичи и ноќниот живот ) , има секојдневни тури со брод околу островот и до околните острови Комино и Гозо, во тие тури е вклучено и нуркање , пливање на отворено море , и нуркање во пештери .

Храната им е одлична , ама ако сакаш да јадеш во ресторант ќе те кошта , пример една мала капричоза е 5.50 евра , една топка сладолед е 1.30 ,а две топки 2.50 евра , али многу е поефтино ако купеш од маркет и зготвиш дома ;)

Културата им е мешавина од арабска и англиска , имат два официјални јазици англиски и малтешки ( нешо ко арабски јазик ) , зградите и куќите им се правени у арабски стил , без ќерамиди и кровови со жолти мазни блокови , и имат многу катедрали и цркви поште религијата им е католици ( благодарение на тоа шо до скоро биле англиска колонија ) и секој ден имаат празници и пукат огномети , дури и у сред бел ден ( ?! ) .

За младите има доста места за излавање , ко шо кажав Paceville е hotspot за такво нешто , плус по плажите има секоја вечер организации , кој праве скара , кој пие , кој седе у круг на огин и разговара , кој свире гитара итн . Негативност им е тоа шо немат песочни плажи , т.е. имат ама мали се и во мал број се , скоро сите плажи им се од камен настанат со калцификација на солта од морето.

Водата во морето е кристално чиста , ич не е загадена , нема многу животинки , риби и медузи на местата за пливање, едноставно перфекција.

Дефинитивно предлагам да поминете некој ден во Малта ;) Нема да зажалете.
 
Дај кажете нешто за неи пори, дали има нешто да се посети да се види, кафичи и дискотеки, места за пазарење и сл?
 
Да не бил некој во Црна гора сега во брзо време да ми каже цени, море, престој и слично? поз
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom