Не разбирам што им е во главата на фудбалериве.Има луѓе по светов што живеат и со под 200 евра месечна плата.По европскиве земји може одлично да се живее и со 10 000 евра месечни примања.Да имаш понуда од над 150 000 евра
неделна плата и тоа да не ти е доволно треба да се преиспиташ малце.Момаков изјавува дека сака да замине од својот клуб (каде што прима исто огромна плата или точно
7,5 милиона што е за
300 000 евра повеќе од мојата груба пресметка од 150 000 е.н. претходно) за да отиде едно ниво погоре во фудбалот и по нови предизвици.На почетокот мислев дека со тоа "ниво погоре" сака да каже некој голем и успешен (сега или некогаш) тим.И Манчестер Сити си имаат своја историја и свои успеси ама ме бунеше тоа ниво погоре цело време.Да се разбереме, јас го почитувам секој клуб и воопшто не ми е криво што Агурео отиде токму во овој клуб.Напротив, мило ми е што не заврши кај нас уште еден човек на кого парите му побитни од кариерата.Неговиот квалитет е несомнено голем ама сетете се има многу примери на такви таленти кои моќта на парите ги заслепи и заборавија дека се играчи.Агуеро е еден од оние играчи за кои верував дека никогаш нема да го помислам тоа, ама бидејки бев далеку од блиска проценка и за дузината други на кои им успеа да паднат во гомната што ги серат парите мислам дека ке биде најдобро да ги оставам опциите отворени.Да се вратам на Агуеро.Еден од моите омилени играчи.Класа голгетер, не толку тимски играч, ама решавач на утакмици.Дај му топка и седни и чекај да победите.Сам ке им ја земе топката на противниците, ке си поигра со нив малце и ке им даде гол на крај.До сега ги успеа да ги демантира сите оние "хејтери" ако можам така да кажам или пак подобро "реални фанови" на фудбалската игра и уметност што се сомневаа во неговите квалитети и покажа дека има класа.Но приказната не завршува со тоа "беше класа и си играше и си живееше среќно до крајот на животот".Oh, noo man.Доста добри играчи во минатато па и сега си ја имаат расипано својата кариера со погрешни трансфери.Некогаш го мислев тоа за Роналдо кога отиде во Реал.Сигурен сум дека не бев само јас што помисли така тогаш ама човекот си ја покажа класата и таму.Го помислив тоа еднаш и за Ибрахимович кога отиде во Барселона и
......си ја покажа и тој класата таму
.Како што гледате ни јас не сум некој што знае да направи прецизни предвидувања за тоа кој каде каква кариера ке има.Баба ванѓа одамна отиде, октоподот Пол не кажа кој ке го наследи а да купам друг октопод и да пробам дали ке погаѓа
повеќе ми се исплати печен да ми го испорачаат.Затоа ке оставам времето да си покаже.Се надевам дека ке има успешна кариера и ке освои многу трофеи со својот нов тим.Сепак, некако тешко ми паѓа на срце тоа што ке го гледам следната година во небесно синиот дрес.Немаше да ми биде криво ако отидеше во Реал или пак Барса.Немаше воопшто да ми биде криво ако отидеше и во некој Италијански или Германски тим.Ама тој отиде во фудбалскиот камп наречен Манчестер Сити каде богатите арапи кои незнаат каде да ги трошат своите милиони решија да ги соберат сите таленти од светов и да пробаат да направат успешна екипа.Да се потсетиме малце.Фудбалските правила велат дека на теренот од една екипа можат да искочат само 11 играчи и еден тим има право на само три измени.Сеуште незнам колку жители брои фудбалското село М.Сити, ниту по колку играчи на секоја позиција имаат и како сите тие ке добијат шанса во текот на годината да играат и да си ги одработат своите плати.А никогаш нема да сватам како може еден таков талент и играч како Агуеро да се одлучи за трансфер во ваков клуб и тоа да го смета за напредок во својата кариера и за ниво погоре.Ако има некој кој смета дека не се парите она што ги привлекува како магнет играчите да одат во сити, туку љубовта кој клубот и желбата да се облече тој дрес и да се прослават боите на клубот, ве молам објаснете како дојдовте до тој тешко сватлив заклучок.Не сум фудбалер и неможам да го почуствувам тоа чуство и таа желба да се игра за Манчестер сити денеска, а вака како навивач се повеќе и повеќе сум сигурен дека Агуеро како и уште доста други играчи отидоа таму за да се осигураат финансиски до крајот на животот.Не го потценувам Манчестер во никој случај, повторувам.Само се водам по изјавите на самиот играч.Инаку и Сити си имаат своја историја каква таква, и без разлика што е незамисливо да се споредуваат со било кој сега или некогаш успешен клуб со голема историја неможам да разберам како играч кој изјавува дека сака да замине од својот клуб и да оди едно ниво погоре и кон нови предизвици се одлучува за ваков тим.Неверојатно е до каде парите го однесоа фудбалот денес.
Се надевам не повредив нечии навивачки чуства со краткиов мој труд погоре и искрено од се срце се извинувам доколку направив такво нешто.Мојата намера беше далеку од тоа да налутам некого.Срдечен поздрав...