Еве и јас да прашам за еден сон . Може има еден месец како го сонив ама многу ме загрижува.
Вака беше : Сум била бремена ама за бременоста никој не знаел, а не ми се ни познавало многу сум изгледала како здебелена. Терминот за раѓање ми бил до кај 20 јули некаде. И сум отишла до продавница, а уште од дома сум имала болки во стомакот ама онака по малце. И таму во продавницата ми пукнал водењакот и ме породувале другарка ми и продавачката, дека брза помош неможела веднаш да дојде немале слободна кола. Сум родила машко, без никакви болки и ептен лесно,ама не сум го видела. И другарка ми рекла ајде да одиме да шетаме
И сум станала јас ама многу сум крварела и од толку крварење и од уста почнало крв да ми тече. И некако по пат сме ја преретнале брзата помош и ми удриле инекција за да ми се намали крварењето. Потоа сум отишла во една куќа со бебето и ми се јавила мајка ми да ме праша кај сум. Јас сум ја излажала дека сум кај една братучетка и мајка ми сакала да разговара со неа ама сум и рекла во тоалет е неможе сега да ти се јави. И одеднаш се наоѓам на еден мост и од другата страна на мостот ја гледам мајка ми како иде и ми го носи мојот јорган и ми вели зошто не ми кажа дека си бремена. И јас и велам епа неможев како да ти кажам.И ми го подава јорганот, ама тој паѓа во реката и го земам јас мокар и го носам во таа куќата. Во меѓувреме на фб на ѕидот на дечко ми му пишал брат му ајде татенце честито синче да е живо и здраво. И ми се јавува дечко ми ( во странство е инаку) и ми вели па нели до 20 јули требаше многу рано, и јас му велам абе и ја така мислев може не сум добро пресметала. И ми се јавува пак мајка ми и ми вели ќе дојдат на дечко ти неговите да правиме веридба купиле прстени и јас сум рекла добро. И отишле неговите кај мене дома и правеле веридба, а ни јас ни тој присутни
И по неколку дена сум се вратила јас дома и мајка ми ми ги покажувала сликите од веридбата. И се разбудив и стомакот ме болеше неможев да се освестам дека тоа било само сон. Ми е страв многу, дека велат не е убаво такво нешто да сонуваш. Според вас што би можело да значи овој сон? мислам дека бременост значи некоја тешкотија