Јас гарантирам дека половината ако не и повеќе од оние што рипнаа на темава дека ако се смени името нема да седат со скрстени раце, ќе го направат истото што и јас, ќе седат дома и ќе гледаат ТВ. Ако имаше толку засегнати патриоти, досега ќе имаше протести за хашките случаи. Па нели патриоти сте?
Искрено ќе тргнам од себе, верував дека во младите е силата, многу ми беше мило што донекаде се крена свеста после убиството на момчето, дека сепак не е се толку совршено како што некој не замајува дека е... И сум поддржувала секаква иницијатива за протести, без разлика кој ги организирал. Но откако видов дека после затворањето на хашките случаи буквално никој, ама никој со прст не мрдна, освен блиските на загинатите, надежите ми паднаа во вода. Искрено сум многу повредена, не ми загина некој близок во конфликтот, но без разлика, никако неможам да си го ставам во глава тоа дека ги амнестираа без око да им трепне, па кој им го даде тоа право бе? Требаше тогаш државава да гори, а не да читам по форуми пак дека Бранко бил крив (ќе се отрујам, Бранко на раменце му застана на Грујо и му шепна, затвори ги случаите
) и како упорно некој ми вергла да ја оправда и таа постапка која не е за оправдување ама ИЧ. Ете, тие беа моменти кога ми паднаа надежите во вода, кога видов дека на доста млади за жал, партијата им е пред се`. Јас, само се прилагодувам на околината и не очекувам дека нешто особено ќе се случи кога ќе се смени името. Џабе рипате сите тука. Сме имале и поводи и причини за протести и тоа од типот како оние во Грција или Србија рецимо, ама ние сме седеле и сме грицкале семки.
Ивица, зарем треба сама јас да организирам протест? Да застанам сама пред собрание и да чекам некој да ми се приклучи? Дај жити Бога не биди смешен, ало, во Македонија живееме.Ако излезам јас на протест сега на пример, и ми се приклучи некој вмровец истиот тој ќе лета од работа, ако пак ми се приклучи на протестот некој сдсмовец од Сител ќе дојдат до заклучок дека опозицијата го организирала протестот. Ќе се појават дебили од типот на Елена Милановска и ќе контра-протестираат. И? Што ќе направиме? -Ништо...