Слободната воља и религиите!

Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Веројатно е дека ние со способностите кои ги имаме додека сме во инкарнација, баш и не можеме сосема реално и објективно да судиме за карактерот и улогата во глобала, што ја имаат некои елементи на сеопштото устројство.
Znaci Martin deteto bese ubieno od Tigarot posto Martin bil los u predhodniot zivot pa sega dobiva kazna po zasluga i ovie decava ubieni od onoj Norvezanecot imale losa karma i dobile po zasluga, devojce siluvano od 7 godini imalo misli za siluvanje pa po logikata kakvi ti se mislite takov ti e i zivotot sekoj dobiva po zasluga?????
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
Незборувам јас за казна ако го пуштиш каменот и ти падне на глава! Туку за казните и наградите опишани во религиите! Како на пример дека постои место кое се вика пекол и во кое одат сите оние што оделе против вољата на бог?! (А нели се е според вољата на бог).
Казна од типот - "вечно ќе гориш ако не се клањаш петпати на ден" или "ќе одиш у пеколот, ако веруваш у Зевс а не у Тор, или Јахве"....значи тоа ми е муабетот! Сето ова е човечка измислица и манипулација со цел да се контролираат луѓето, и да се користат нивните стравови и надежи!
Апсолутот или креаторот по дефиниција е нели совршен, а совршено битие што казнува и наградува, е концепт логичен колку и "сува вода". Затоа што казнува оној што не е се според неговата воља, или пак оној што ужива во тоа да казнува!
Па, разликата е во тоа што некаде едноставно не треба буквално да се сфаќаат работите, затоа што некои суштини се обвиткани со омот соодветен, прилагоден за одредена точка во времето и просторот. Но, суштината е универзална, независно од било кој пресек во времето и просторот.
Идеално, времето и просторот се сечат во само една точка. Тоа е познатата позиција на нашиот спасител Господ Бог Исус Христос, во Тифарет, како слика и прилика на Кетер, прилагодена за Малкут.
Концептот казнува и наградува сепак не е баш така буквален.
Кога нон-стоп повторувам дека само од наша инкарнациска перспектива може да постои ограничена поделба на духовни и материјални закони, мислам на примери како во болдот во твојот цитат.
--- надополнето: Jul 24, 2011 2:52 PM ---
Znaci Martin deteto bese ubieno od Tigarot posto Martin bil los u predhodniot zivot pa sega dobiva kazna po zasluga i ovie decava ubieni od onoj Norvezanecot imale losa karma i dobile po zasluga, devojce siluvano od 7 godini imalo misli za siluvanje pa po logikata kakvi ti se mislite takov ti e i zivotot sekoj dobiva po zasluga?????
Одговорот го доби во мојот пост кој веќе го цитираше. Немам ништо повеќе да додадам. Можеби некој има...
--- надополнето: Jul 24, 2011 2:56 PM ---
Тоа е во ред што го пиша, и се согласувам.
Ама од кај сега реинкарнација во христијанството?
Краткиот одговор е дека има.
А долгиот треба да ги зафати нештата како рано-христијанство, егзотерна и езотерна црква, кабала. А може и едноставно да се посочат цитати од Библијата. (сето ова веќе е направено тука на форумов, во некоја друга тема)
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Па, разликата е во тоа што некаде едноставно не треба буквално да се сфаќаат работите, затоа што некои суштини се обвиткани со омот соодветен, прилагоден за одредена точка во времето и просторот.
Упатствата на верата се вистина, освен кога се метафора. Наредбите важат, освен кога не важат, а све треба да се свати буквално, освен кога не треба.

Затоа „некои работи се обвиткани со омот“ ама само кога разговорот е со интелигентен човек од чии аргументи нема одбрана. Кога дискутираш со ограничен морон, тогаш све е сува и буквална вистин - заканите се реални, а не метафорични, казната е вечна, а не симболична.

...впрочем, како Исус - за едните искрен, за другите „мистичен“ и „метафоричен“.

Совршен рецепт за масовна манипулација од страна на прикриени структури на моќ стекната со заплашување и закани.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Па, разликата е во тоа што некаде едноставно не треба буквално да се сфаќаат работите, затоа што некои суштини се обвиткани со омот соодветен, прилагоден за одредена точка во времето и просторот. Но, суштината е универзална, независно од било кој пресек во времето и просторот.
Идеално, времето и просторот се сечат во само една точка. Тоа е познатата позиција на нашиот спасител Господ Бог Исус Христос, во Тифарет, како слика и прилика на Кетер, прилагодена за Малкут.
Концептот казнува и наградува сепак не е баш така буквален.
Кога нон-стоп повторувам дека само од наша инкарнациска перспектива може да постои ограничена поделба на духовни и материјални закони, мислам на примери како во болдот во твојот цитат.
Дрвото на животот, кабалата, тифарет и малкут, немаат врска со монотеистичките религии. Ако не ми веруваш, оди и кажи им го ова за "омотот", за тифарет и малкут на Мики1 или чорбаџија!
За сите христијани, муслимани и ортодоксни јудеи, тие казни и награди, пекол и рај не се никаква метафора, туку буквална вистина.
Кабалата нема врска со трите монотеистички религии, таа е еврејски мистицизам.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
Упатствата на верата се вистина, освен кога се метафора. Наредбите важат, освен кога не важат, а све треба да се свати буквално, освен кога не треба.

Затоа „некои работи се обвиткани со омот“ ама само кога разговорот е со интелигентен човек од чии аргументи нема одбрана. Кога дискутираш со ограничен морон, тогаш све е сува и буквална вистин - заканите се реални, а не метафорични, казната е вечна, а не симболична.

...впрочем, како Исус - за едните искрен, за другите „мистичен“ и „метафоричен“.

Совршен рецепт за масовна манипулација од страна на прикриени структури на моќ стекната со заплашување и закани.
Но резултатот е ист. Работите функционираат според законитостите. Не може поинаку, затоа што светот е така створен. Акциите кои ќе доведат до резултат, нарекувајте ги како сакате, резултатот е тој, затоа што не може да биде друг.
Се сложувам дека именувањето на нештата може да биде искористено за злоупотреба, од страна на несовршениот човек. Тоа и се случува (и нормално, е резултат на слободната воља и секако, како и се подлежи на законите).
Вистината е дека Исус е и искрен и мистичен и метафоричен, меѓу другото.
Вистината за функционирањето на универзумот, на некои можеш да им ја предочиш како казна и награда. Но, од било каков аспект да гледаш на начинот на кој е изнесено тоа што е изнесено, ќе видиш дека казна и награда се можни реакции на акција, во зависност од нејзината природа.
Во суштина сметам дека е потребно малку повисоко да се качиме кога гледаме на ваквите нешта, со оваа инкарнацијска свест.
--- надополнето: Jul 24, 2011 3:08 PM ---
Дрвото на животот, кабалата, тифарет и малкут, немаат врска со монотеистичките религии. Ако не ми веруваш, оди и кажи им го ова за "омотот", за тифарет и малкут на Мики1 или чорбаџија!
За сите христијани, муслимани и ортодоксни јудеи, тие казни и награди, пекол и рај не се никаква метафора, туку буквална вистина.
Кабалата нема врска со трите монотеистички религии, таа е еврејски мистицизам.
Све е ова што го напиша - погрешно (според мене секако).
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Све е ова што го напиша - погрешно (според мене секако).
Јас реков дека прифаќам дијалог со луѓе кој користат аргументи а не тврдоглавост.....а овде јас негледам аргументи!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
Јас реков дека прифаќам дијалог со луѓе кој користат аргументи а не тврдоглавост.....а овде јас негледам аргументи!
...затоа што не би сакал сега на долго и широко да расправаме за широка лепеза на оф-топик теми.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Акциите кои ќе доведат до резултат, нарекувајте ги како сакате, резултатот е тој, затоа што не може да биде друг.
kako ne moze, pa neli ima slobodna volja???
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
Акциите кои ќе доведат до резултат, нарекувајте ги како сакате, резултатот е тој, затоа што не може да биде друг.
kako ne moze, pa neli ima slobodna volja???
Па да, како резултат на слободната воља ти правиш избор кој може да резултира само со еден единствен резултат, соодветно на карактерот на изборот.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
соодветно на карактерот на изборот.- sto znaci soodvetno so karakterot na covekot!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.040
Поени од реакции
83.476
соодветно на карактерот на изборот.- sto znaci soodvetno so karakterot na covekot!
Да.
И сеа законите се такви, какви што се. Според нив, резултатот на тој, таков и таков избор, може да биде само еден.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Законите, не ограничуваат! Не бидете неуки! :)
Има нивоа до каде важи еден закон! Квантната физика е многу поразлична од класичната физика...
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Упатствата на верата се вистина, освен кога се метафора. Наредбите важат, освен кога не важат, а све треба да се свати буквално, освен кога не треба.

Затоа „некои работи се обвиткани со омот“ ама само кога разговорот е со интелигентен човек од чии аргументи нема одбрана. Кога дискутираш со ограничен морон, тогаш све е сува и буквална вистин - заканите се реални, а не метафорични, казната е вечна, а не симболична.

...впрочем, како Исус - за едните искрен, за другите „мистичен“ и „метафоричен“.

Совршен рецепт за масовна манипулација од страна на прикриени структури на моќ стекната со заплашување и закани.
Aхааа прикриени структури на моќ :)
Aма орелов е двоглав
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.183
Поени од реакции
12.160
Мора да е двоглав :) Поглени по енциклопедиа групата на езотерични или свети птици по разните школи низ светот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom