Слободната воља и религиите!

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Наградувал и казнувал за постапки чиј исход му е познат..

Устројството на универзумов е според законитости, кои постојат на секаде. Се', сите законитости според кои функционира се' се створени од Бога. Основната законитост е - Како што е Горе, така е и Доле. Има и многу други закони/законитости некои како њутновиот закон се општо признаени, но некои како кармичките закони не се општо признаени. Во суштина, сите се темелат на италикот по горе. Тие владеат во општо признатиот материјален свет, но и во општо не признатиот духовен свет.
Многу е просто: имаш избор како да се однесуваш, но мораш да се однесуваш во рамките на тие законитости. Затоа што кога збориме за создание од било каков тип, мора да има на дело некакви правила, според кои е тоа создадено, според кои функционира (физички, духовни...).
Ти не можеш да имаш избор да можеш да скокнеш на врвот на телевизија, од нејзиното подножје. Се коси со гравитацијските или цел куп други закони. Не можеш да посакаш во ист момент да бидеш во својата када, дома и на работа (пошто исто се коси со цел куп закони според кои е создаден материјалниот свет). Не можеш да очекуваш дека ќе се спасиш од одговорност со самоубиство, веднаш после направениот масакр (без разлика дали некој смета дека кармички и реинкарнацијски правила функционираат).
И така, тоа "наградува" и "казнува" се можни исходи на твојата акција (чиј карактер и природа е резултат на твојот избор), во корелација на законитостите според кои е создадена реалноста. Ако го пуштам каменот да падне, тој ќе се судри со отпорот на воздухот, привлечен од силата на гравитацијата, со брзина која зависи од неговиот волумен, форма и така натаму. А ако решам да го задржам во рака, тогаш мускулите ќе ми останат згрчени и со сопствена енергија ќе пружам отпор на силата на гравитација која го привлекува, а ќе бидам успешен во зависност од енергијата штои ќе ја вложам, масата на каменот и така натаму.
Никој не ме наградил или казнил, ако го пуштам ќе падне, ако не - не. Тоа наградил и казнил сфати го како можен исход на резултатот од твојот избор, во согласност со законите на универзумот.
Да повторам, физичките општо признаени закони се само дел од законите/законитостите кои функционираат. Без, разлика кој што и да мисли.
Истото и јас ти го кажувам! "казна" и "награда" се директните последици од нашите постапки! Ако некој реши да скокне од зграда, казната нема да биде некој фамозен пекол во задгробниот живот, туку непосредната последица од ударот на бетонот и оној што скокнал од зградата.
Не се исти нешта награда или казна за сите. Се зависи од перцепцијата и особината на единката.
Тоа што јас го укажувам е дека тие "награди и казни" немаат никаква врска со бајката наречена библија! Бидејќи во неа, покрај непосредните последици од нашите постапки, се тврди дека постојат и "екстра" награди и казни во некој нареден живот! И тоа за дела и особини за кој семоќниот, сезнајниот и совршен бог знаел дека ќе се случат и самиот тој ги дозволил и создал.
Најсликовит е случајот со хомосексуалноста! Ако е грев, зошто бог ја создал како особина? Ако тој е сезнаен и семоќен, по која логика казнува и наградува?! Нели се е според неговата воља?
Богот во библијата е слика и рефлексија на човечката суета и перцепција за моќ и власт! И нема никаква врска со апсолутот и духовноста!
Казната е реакција на казнувачот која следи заради акт спротивен на неговата воља! Што значи бог кој казнува и наградува или не е совршен, бидејќи создал нешта кој сега ги забранува, или е садист кој казнува од задоволство.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.486
^Мислам дека на момент се приближивме со ставовите, но сепак глобалниот тренд во нашава дискусија ќе биде вртење во круг.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јас досега секогаш сум наоѓал заеднички јазик со луѓе кој не се раководат според нивната тврдоглавост.
Секој здрав аргумент не го негирам, јас моите ги кажав, доколку има аргументи кој не се производ на инает, ќе ги прифатам со задоволство.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Човек што убива други луѓе, оди против нивната волја да бидат живи!
Pa sto zamisluvas ti pod slobodna volja? bas toa da ides protiv slobodata na drugite, oti ako nikoj ne moze da deluva na drugite togas sto mislis pod slobodna volja, a faktite sekojdnevno kazuvaat kako se deluva protiv voljata na drugite, siluvanja, ubistva... znaci ti deluvas spored svojata sustina a da imas svoja volja toa e da imas svoja sustina, a da imas slobodna volja znaci da nemas svoja sustina sto e non sens, zatoa i se veli pravi ona sto e tvoja volja, znaci taa e edna i nepromenliva inaku ako e slobodna voljata taa ke moze da go menuva svojot karakter i svojata sustina i uste prasanje kako ke e mozno toa. razlikata e vo terminologijata, nekoi mnogu im se dopaga poimot sloboda pa ok neka go narecat toa slobodna volja no ako ti deluvas spored svojata volja znaci deluvas spored edna te ista volja to est sustina, sto znaci nemas slobodna volja!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.486
Казната е реакција на казнувачот која следи заради акт спротивен на неговата воља! Што значи бог кој казнува и наградува или не е совршен, бидејќи создал нешта кој сега ги забранува, или е садист кој казнува од задоволство.
Не е точно. Казнува или наградува се само зборови. Ако каменот падне затоа што сум го пуштил (и ме удри по стапалото), не ме казнил Господ, туку слученото е единствениот можен резултат во приложените услови и околности. Ако Господ ми рекол не го пуштај каменот ќе се удриш, не можам јас него да го обвинувам дека ме казнил затоа што ми дал избор да го пуштам или не и плус ми предочил што ќе се случи ако го пуштам.
Е сега, пак ќе повторам, треба да имаме во предвид дека не е тоа што го гледаме се' што постои. Не се сите закони само тие кои ние сме ги научно потврдиле. Има многу повеќе од световниот живот кој официјално го признава науката. Законитостите според кои е создаден универзумот се важечки насекаде, а не само во скромниот радиус на нашето одобрување и официјално признавање.
Така да, - да тие важат и во она што би го нарекле задгробно постоење, патека на развој на личноста и така натаму.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Znaci gospod ne moze da ide protiv prirodnite zakoni, kojznae sto si zamisluvate pod Bog najverojatno nemate poim!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.486
Znaci gospod ne moze da ide protiv prirodnite zakoni, kojznae sto si zamisluvate pod Bog najverojatno nemate poim!
Господ создал се'. Сите закони кои важат во универзумот се божји закони.
Ако ги создал и се божји, зошто би ги прекршувал?
Тој за да не ги прекрши, го жртвуваше Синот.
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Господ создал се'. Сите закони кои важат во универзумот се божји закони.
Ако ги создал и се божји, зошто би ги прекршувал?
Тој за да не ги прекрши, го жртвуваше Синот.
И него(синот) ли го создаде?
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Господ создал се'. Сите закони кои важат во универзумот се божји закони.
Ако ги создал и се божји, зошто би ги прекршувал?
Тој за да не ги прекрши, го жртвуваше Синот.
Epa togas Bog e Gad posto prirodnite zakoni se da vladeat posilnite i pomnogubrojnite, golemite gi jadat malite toa e prirodniot zakon!
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Тоа е прашање на кое се надевам, ќе ти одговори некој кој добро го познава Христијанството.
Како незнаеш, а знаеш дека си го жртвувал.
Од кај го знаеш тоа што го знаеш?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.486
Epa togas Bog e Gad posto prirodnite zakoni se da vladeat posilnite i pomnogubrojnite, golemite gi jadat malite toa e prirodniot zakon!
Веројатно е дека ние со способностите кои ги имаме додека сме во инкарнација, баш и не можеме сосема реално и објективно да судиме за карактерот и улогата во глобала, што ја имаат некои елементи на сеопштото устројство.
 

Thomas A. Anderson

Cheng-tao Ke
Член од
1 декември 2010
Мислења
187
Поени од реакции
50
Веројатно е дека ние со способностите кои ги имаме додека сме во инкарнација, баш и не можеме сосема реално и објективно да судиме за карактерот и улогата во глобала, што ја имаат некои елементи на сеопштото устројство.
Тоа е во ред што го пиша, и се согласувам.
Ама од кај сега реинкарнација во христијанството?
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Не е точно. Казнува или наградува се само зборови. Ако каменот падне затоа што сум го пуштил (и ме удри по стапалото), не ме казнил Господ, туку слученото е единствениот можен резултат во приложените услови и околности. Ако Господ ми рекол не го пуштај каменот ќе се удриш, не можам јас него да го обвинувам дека ме казнил затоа што ми дал избор да го пуштам или не и плус ми предочил што ќе се случи ако го пуштам.
Е сега, пак ќе повторам, треба да имаме во предвид дека не е тоа што го гледаме се' што постои. Не се сите закони само тие кои ние сме ги научно потврдиле. Има многу повеќе од световниот живот кој официјално го признава науката. Законитостите според кои е создаден универзумот се важечки насекаде, а не само во скромниот радиус на нашето одобрување и официјално признавање.
Така да, - да тие важат и во она што би го нарекле задгробно постоење, патека на развој на личноста и така натаму.
Незборувам јас за казна ако го пуштиш каменот и ти падне на глава! Туку за казните и наградите опишани во религиите! Како на пример дека постои место кое се вика пекол и во кое одат сите оние што оделе против вољата на бог?! (А нели се е според вољата на бог).
Казна од типот - "вечно ќе гориш ако не се клањаш петпати на ден" или "ќе одиш у пеколот, ако веруваш у Зевс а не у Тор, или Јахве"....значи тоа ми е муабетот! Сето ова е човечка измислица и манипулација со цел да се контролираат луѓето, и да се користат нивните стравови и надежи!
Апсолутот или креаторот по дефиниција е нели совршен, а совршено битие што казнува и наградува, е концепт логичен колку и "сува вода". Затоа што казнува оној што не е се според неговата воља, или пак оној што ужива во тоа да казнува!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.049
Поени од реакции
83.486
Како незнаеш, а знаеш дека си го жртвувал.
Од кај го знаеш тоа што го знаеш?
"Не знам дали и како Он го створил Синот, а знам дека го жртвувал."
Покрај Библијата има еден куп показатели во езотеријата, историјата, па и природата, за тоа како функционираат работите.
На пример Дрвото на Животот е само еден од показателите за божјата инкарнација и нејзиното место.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom