Или пак, истото напишано за Алекс Фергусон, кој има исто титули во лига на шампиони, колку што има Пеп Гвардиола, кој може да му биде син.
Фергусон го водеше манчестерскиот воз низ празна премиер лига, каде што изостанаа Евертон, Лидз, Ливерпул... нели?
Како бре така за Кинг Кени? Без разлика за кого си... како така?
Али ај... во право сте. Сепак, навијате за Манчестер Јунајтед.
Спореди го прво Манчестер Јунајтед кој го начека Фергусон и спореди ја Барселона која ја начека Гвардиола е првото нешто.
Второто нешто, спореди колку изнесува данокот во Англија за се и данокот во другите земји во Европа и ќе сфатиш како прво колку добри играчи можеш да привлечеш тука а колку во Шпанија, Италија на пример.
И доста со тоа навивачи на Манчестер ова она, досаден си веќе, искрено, со сета почит према тебе, ако ти се дискутира дискутирај.
Што се однесува до темава, точно е дека ова ќе биде највозбудлива сезона според тоа што се однесува на трансфер периодов. Можеби играчите на Ливерпул не се имиња ама имаат силно оружје во Кени. Мотивацијата од тој човек е пресудна, кога успеа Макси да распали, тогаш не може ништо друго да се коментира. Од новиве засилувања кај нив само Адам највеќе ми го фаќа окото, опасна левица и солиден изведувач на корнери, слободни удари и се друго. За Суарез не се коментира, се снајде добро во Премиер Лигата, а за Керол сум скептик, можеби Кени избрза со трансферот, но сепак млад е, има просто за развивање.
Челзи колку и фановите да се песимисти, во втората полусезона лани се извади од бездната. Сега настрана заебанциите со Торес, ама друго е кога ќе купиш фудбалер на зима, нема подготовки, малку време за воигрување, нова тактика, нов тим, нови фудбалери. Летово има пред сезонска тура и АВБ сигурно ќе склопи некоја формација, иако има доста работа прибидејќи ова е Премиер Лига и физичкиот аспект од игра е главен, ќе треба многу да работи на тимов што не се сомневам. Како и да е не верувам Челзи да се бори за пласман во топ 4, туку и да се вмеша во борба за титулата.
Арсенал се ослободи од дрвото Клиши, ама сепак мое мислење е дека треба да искешираат од Фабрегас додека се уште можат. Ко прво некако како да не му се игра на типот, лани против Барселона како да му беше жал да игра против „своите“, а и многу грешки направи целата сезона. Игра со рака, против Тотенхем памтам ја зезна..Вилшер за него е кока кола, неговиот карактер е 3 пати посилен од на Цеск. Не дека едвај чекам да ослабе Арсенал ама со тие пари може да земе Венгер солидни засилувања, Мата еве на пример, би можел да ја смени тактиката, да си игра со позициите... сеедно, Жервињо е супер играч, ќе биде поддршка за екипата. Единствен дел на кој Арсенал треба да обрне внимание според мене е
одбраната. Некако како млитава да е многу, Вермален е ѕвер ама се повредува. Головите ги имаат, убавата игра, напаѓачка, ја имаат. Ама примените голови се често почетнички. Да се среди одбраната и овој Арсенал може да потсети на непобедливиот
Сити си се сити, ќе трошат, ќе се надоградуваат, ама па овој Манчини на тие пари уште веројатно не знае кој точно му треба во екипата, требаше уште многу порано да догура во нокаут фаза на ЛШ со Сити. Не дека нема да бидат конкуренти, ќе бидат, ама, ако си отиде Тевез не знам дали Агуеро ќе може така добро да го замени. И да, таква дефанзивна тактика само во Италија може, каде во Англија. Може имаа најмалку примени голови ама па често им недостасуваше завршница во нападот, поготово кога не играше Тевез. Да се најде некој тренер да го оправи Балотели ќе бидат многу посилни. Џеко се изгуби, ама пак ќе кажам, на полусезона е едно, да видиме од август.
Манчестер Јунајтед си го остави победничкиот тим (освен пензијата на ВДС) со три нови засилувања и играчите кои се вратија од позајмица во клубовите од Премиер Лигата. Како според навивањето и кладилниците, лично и јас си очекувам 20та титула, нема што повеќе да коментирам, ама би било многу потешко од лани.
Тоа е тоа
--- надополнето: Jul 22, 2011 1:00 PM ---
Пулис е 3 години у ПЛ бе пеер. Дај молим вас, патетично воа стануе!
Пеер со Карло правеа муабет додека искачаа од тунел увек коа играа Челзи Манчестер, сигурно и Карло е во подмасонската група.