Диети и слабеење

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
само ова го препорачувам:
http://www.zonazazdravlje.com/jedan_dan_u_zoni.html

за жал, не можам да го отворам блог.мк овие два дена и да ставам линк.
блогерот швабо пишуваше за штетноста на слим лајн.
значи сите вие што пиете апчиња фрлете ги веднаш.
нешто од што слаабееш 15 кг за 15 дена не може да е здраво!!
свесни ли сте вие каков шок е тоа за организмот?
на сакам да ве плашам што се може да заебете со пиењето такви глупости.

имаше и едни чаеви: едноставно добивате пролив и вадите се од себе.
никаква препорака.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Цел живот се мачам со диети и со баланс на телесната тежина, но само редовна физичка активност може да помогне. Но, ако сакате за кратко време да изгубите повеќе килограми, тогаш би ја препорачала медицинската диета на доктор Жан Митрев. Диетата овозможува губење на 10-15 кг во период од 15 дена. Медицинската диета се повторува три пати во пет дена (или помалку ако сакате да
изгубите помалку тежина). Ако сакате да изгубите повеќе тежина по 15 дена, потребно
е да направите пауза, а потоа повторно да продолжите со медицинската диета.

Ден 1
Појадок: портокал, 4 крекери и чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: портокал, варено јајце, половина чаша јогурт.
Вечера: 2 домати, 2 варени јајца, краставица и половина зелена салата.

Ден 2
Појадок: портокал, 4 крекери, кафе или чај без шеќер.
Ручек: портокал, варено јајце, половина чаша јогурт.
Вечера: плескавица (125 гр мелено месо), портокал, домат, 4 крекери, чаша кафе или чај
без шеќер.

Ден 3
Појадок: портокал, 4 крекери, чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: портокал, варено јајце, половина чаша јогурт, зелена салата или 2 краставици и
незасладени пијалаци.
Вечера: плескавица (125 г мелено говедско месо), портокал, 4 крекери, чаша кафе или
чај без шеќер.

Ден 4
1 / 2Медицинска диета
Понеделник, 05 Јули 2010 07:44
Појадок: портокал, 4 крекери, чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: 125 гр. немасно сирење, домат, четири крекери.
Вечера: плескавица (125 гр мелено говедско месо) 4 крекери, 2 домати, јаболка.

Ден 5
Појадок: портокал, 4 крекери, чаша кафе или чај без шеќер.
Ручек: 200 гр варена риба или пилешко месо, 4 крекери, домат.
Вечера: 500 гр варен зеленчук, варено јајце, домат.
Wtf. Ко прво толку јајца зголемуваат ниво на холестерол во крв што води кон кардиоваскуларни проблеми. Ко второ, за да се обрнува толку внимание на оброците треба да е човек ем на распуст ем да нема попаметна работа од спремање на све по распоредов. И плескавица за вечера, ц ц ц. Плескавица - заситени масти, не ти требаат.

Него, коа ќе купите нешто од маркет, прочитајте колку шеќери, колку протеини има... и комбинирајте. Обрнете внимание да внесете и шеќери и масти и млечни производи преку денот (протеини), да внесете и доволно витамини и минерали. Практично се` можете да јадете се` додека претходно изедувате порција овошје/зеленчук, не се прејадувате(џвакајте полека и дишете) и праите по некоја физичка активност. Ем толку, ем толку просто. Дури и чоколадо внесувајте. Ако ја сакате најздравата варијанта, еден ред темно чоколадо на ден ем ќе ви го направи ќефот, ем ќе намали ризик од срцеви проблеми.

Не е поентата да сте изгладнети. Ако сте женско и фан на броење калории, помалце од 1200 никако, а за машко 1500. Зошто не е поентата да сте изгладнети? Пошо организмот ќе сфати дека мора да се снајде со толку малце храна што му ја давате и ќе почне да складира масти бидејќи тие се најконцентриран извор на енергија, а со складирани масти ем си зголемувате ризик од болести, ем си праите тешко-остранлив проблем.
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Има некој искуство со исхрана/диета според крвна група? Позитивни и негативни работи, држи вода ова или нема врска?
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Имам 58/59 кг на висина од 172. Сакам да ослабам 5 килогирами за еден месец, дали може некој да ми препорача некоја диета? Се обложив со дечко ми дека можам да ослабам а у живот немам диета држано:)
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Имам 58/59 кг на висина од 172. Сакам да ослабам 5 килогирами за еден месец, дали може некој да ми препорача некоја диета? Се обложив со дечко ми дека можам да ослабам а у живот немам диета држано:)
Заеби го , земи трчај 3 пати на недела , гарант за месец дена ќе скинеш 5 кила , освен ако не јадеш ко вол и не зобеш мрсно и благо ;) Тоа е се Скокни го зејтинот , не јади пржена , туку варена храна , намали на благо и ќе има ефект , 5 кила не се многу за 1 месец .
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466

А зошто наместо варена да јаде свежа храна (овошни/мешани/шопски салати и сл.)? ;)
П.С. И секако под благо јас сфаќам исфрлање на вештачките газирани/густи сокови (кока кола и сл.) од исхраната.
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
А зошто наместо варена да јаде свежа храна (овошни/мешани/шопски салати и сл.)? ;)
Оти жив компир , ориз , месо ,јајца не можеш да јадеш нели :) Не е поентата да си даде рестрикција и да јаде само краставици , поентата е да јаде квалитетно и да кине тежина.

Плус тоа , сигурно знаеш дека овошјето е богато со јаглехидрати, не се комлексни али доволно за да дебелеат ако ги зобеш у поголеми количини.
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Оти жив компир , ориз , месо ,јајца не можеш да јадеш нели :) Не е поентата да си даде рестрикција и да јаде само краставици , поентата е да јаде квалитетно и да кине тежина.

Плус тоа , сигурно знаеш дека овошјето е богато со јаглехидрати, не се комлексни али доволно за да дебелеат ако ги зобеш у поголеми количини.
Мислев дека се подразбира нели дека исклучок ќе бидат компир, ориз, леблебија, грав, грашок и сл. Но, се друго што може да се јаде свежо да го јаде, а тука во некои кујни спаѓаат и јајцата и месото: италијанскиот карпачо и тестенините ала крабонара, јапонскиот суши/сашими, италијанското благо маскарпоне и тирамису итн итн. ;)

Но, поентата не ми е да го надерам девојчето да јаде сурово месо и да пие живи јајца, туку предлагам за најидеално слабеење (сало->мускул): многу вежбање (пливање, фитнес и сл.) и чиста веганска/вегетаријанска исхрана дури не се постигне целта.
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Мислев дека се подразбира нели дека исклучок ќе бидат компир, ориз, леблебија, грав, грашок и сл. Но, се друго што може да се јаде свежо да го јаде, а тука во некои кујни спаѓаат и јајцата и месото: италијанскиот карпачо и тестенините ала крабонара, јапонскиот суши/сашими, италијанското благо маскарпоне и тирамису итн итн. ;)

Но, поентата не ми е да го надерам девојчето да јаде сурово месо и да пие живи јајца, туку предлагам за најидеално слабеење (сало->мускул): многу вежбање (пливање, фитнес и сл.) и чиста веганска/вегетаријанска исхрана дури не се постигне целта.
Да погодам ти си вегетаријанец ...

ок , а шо подразбираш ти под варена храна ? Варен леб ?? Пастата треба да ја зготвеш или жива ја јадеш ?? Тирамисуто има 310 калории на 100 г , тоа го знам оти работам у слаткара part-time ..

И горе тоа шо го наброја , колку народ у Македонија го има тоа на трпезата ?? Виде нешо на Google и ајде да пишеш ..

Второ , не го сфаќам тоа сакаш да кажеш дека од сало се добива мускул ?

Трето , двојчето сака да скине 5 кила , а не да прави тело на модел :) така да може да јаде шо сака , се додека намали на благо и мрсно и додека има кардио вежби барем 3 пати неделно.
 
Cannabinoid

Cannabinologist, MMD
Член од
18 јануари 2008
Мислења
597
Поени од реакции
466
Да погодам ти си вегетаријанец ...
Не сум сеуште, но уште малку истражување ми фали по што би тербало директно веганец да станам... :cool:
ок , а шо подразбираш ти под варена храна ? Варен леб ?? Пастата треба да ја зготвеш или жива ја јадеш ??
Не знам што не ти е јасно? Се што треба да се вари, да си го вари (грав, ориз, тестенини, компир итн), додека тоа што не бара варење и е далеку поздраво свежо - да си го јаде свежо (овошје, зеленчук, семки и сл.).
Тирамисуто има 310 калории на 100 г , тоа го знам оти работам у слаткара part-time ..И горе тоа шо го наброја , колку народ у Македонија го има тоа на трпезата ?? Виде нешо на Google и ајде да пишеш ..
4 години живеам во ИТ па оттаму и тие примери: кои пак беа чисто информативна реплика дека месото и јајцата морале термички да се обработат за да се консумираат. Но, истите ако прочита добро погоре не и ги препорачав на девојчето заради здравствени причини и, како што спомна ти причини од висококалоричен карактер.
Второ , не го сфаќам тоа сакаш да кажеш дека од сало се добива мускул ?
Правилното и единствено слабеење е намалување на салото и зголемување на мускулната маса. Сакала нејќела со физичка активност и здрава исхрана организмот автоматски го топи салото а го зголемува бројот на мускулните влакна. Оттаму слабеење = сало ... +мускул. ;)
Трето , двојчето сака да скине 5 кила , а не да прави тело на модел :) така да може да јаде шо сака , се додека намали на благо и мрсно и додека има кардио вежби барем 3 пати неделно.
Да де, нека јаде што сака и тие 5 кила година дена ќе ги симнува... Девојчето, како и скоро секој човек на планетава бара quick fix, а јас тоа и и го понудив модифицирајќи/дополнувајќи ги твоите совети. На крајот на краиштата, она треба да ги провери нашите изнесени информации и самата да си преземе соодветни мерки. :)
 
Agent014

F.U.B.A.R.
Член од
26 октомври 2010
Мислења
379
Поени од реакции
147
Не сум сеуште, но уште малку истражување ми фали по што би тербало директно веганец да станам... :cool:

1.GL ..

Не знам што не ти е јасно? Се што треба да се вари, да си го вари (грав, ориз, тестенини, компир итн), додека тоа што не бара варење и е далеку поздраво свежо - да си го јаде свежо (овошје, зеленчук, семки и сл.).

2.Јас кажав наместо пржена да јаде варена храна , тоа значи да наместо ги пржи компирите , да ги јаде варени .. тебе не ти беше нешто јасно оти гледам одма се подаваш и вика да јаде само овошје и зеленчук ...

4 години живеам во ИТ па оттаму и тие примери: кои пак беа чисто информативна реплика дека месото и јајцата морале термички да се обработат за да се консумираат. Но, истите ако прочита добро погоре не и ги препорачав на девојчето заради здравствени причини и, како што спомна ти причини од висококалоричен карактер.

3. Значи сакаше да се пофалиш дека знаеш специјалитети .. И ја живеам на Малта,и знам специјалитети и локални и италијански , па не се фалам :) .. немаше потреба за набројување ... индиректно ги препорачуваш , у тема за диети фрлаш имиња на јадења шо 80 % од народот у МК не ги знае , шо мислеш шо ќе помислат ?

Правилното и единствено слабеење е намалување на салото и зголемување на мускулната маса. Сакала нејќела со физичка активност и здрава исхрана организмот автоматски го топи салото а го зголемува бројот на мускулните влакна. Оттаму слабеење = сало ... +мускул. ;)

4. За оваа тема подобро да не ми држеш предавања , ок ? ;)

Да де, нека јаде што сака и тие 5 кила година дена ќе ги симнува... Девојчето, како и скоро секој човек на планетава бара quick fix, а јас тоа и и го понудив модифицирајќи/дополнувајќи ги твоите совети. На крајот на краиштата, она треба да ги провери нашите изнесени информации и самата да си преземе соодветни мерки. :)

5.Читај шо имам напишано : да намали на мрсна храна , да намали на благо и да јаде нормално со кардио вежби , гарантирам дека ќе ги скине тие 5 кила за месец дена така. Јас за 3 недели , 17 кила успеав да скинам , мада тренингот и исхраната ми беа далеку поригорозни .. 5 кг не се голема маса , телото природно варира од 1-3 кг без нинакви диети и тренинзи , така да , ќе повторам лесно може да ги скине кг со мали промени за 1 месец.

:pipi:
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Фала на советите ама проблемот е што јас сум крајно недициплинирана и ми треба конкретно нешто со мени за секој ден па да се држам по тоа инаку ако си речам не јадам леб или благо тешко дека ќе направам нешто. Најдов многу диети ама се многу драстични и дури страв ме фаќа дека ќе изгубам облог, јас до сега јадев еднаш дневно ама обилно и нормално не се скусував од благо и грицки.
 
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
749
Ја држел некој оваа диета?:

20-ДНЕВНА ДИЕТА

  • Ден 1 - Макарони со сирење
  • Ден 2 – Ориз и јогурт (кисело млеко)
  • Ден 3, 4, 5 – Пилешко со салата
  • Ден 6, 7, 8 – Телешко со салата
  • Ден 9, 10, 11 - Риба со салата
  • Ден 12, 13 – Компири
  • Ден 14, 15 – Овошје
  • Ден 16, 17 – Грав, грашок, боранија (манџа)
  • Ден 18 – Ориз и јогурт (кисело млеко)
  • Ден 19 – Макарони со сирење
  • Ден 20 - Благо
Дозволени пијалоци: Кафе (без шеќер и млеко), природни сокови и вода (газирана/негазирана).

Може да јадете колку сакате, кога сакате, но само тоа што е на менито горе!

Ако ја има некој држено оваа диета нека пиши колку килограми се ослабува и дали килограмите се враќаат брзо. :)

--- надополнето: Aug 13, 2011 9:51 AM ---
И дали е дозволено да се јаде леб? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom