Традиционална свадба или нешто ново?

  • Креатор на темата Креатор на темата Bertone
  • Време на започнување Време на започнување

Каков тип на свадба сакате?

  • Традиционална свадба?

    Гласови: 23 42,6%
  • Нешто ново?

    Гласови: 31 57,4%

  • Вкупно гласачи
    54
ај некој нека пообјасни која е таа „сељачка музика“ односно нека потенцира едно 2 3 песни д видиме на што се мисли
 
Доколку некогаш би правела свадба би сакала да биде тоа мала свадба. Значи венчање и мала прослава со најблиските, максимум до 30 тина души. Не ги сакам оние церемонии одење по невестата и што ти знам таму уште еден куп адети има, кој ќе се замара сите да ги памети. Искрено и кога сум канета на свадба која ги вклучува сите адети, доколку може некако да се искупам гледам директно да си отидам во хотел на прославата и радо би го скокнала чекањето сватови или одењето по невеста, но некогаш нема кај да се бега.
 
Дефинитивно нешто ново, со примеси на традиционално. Инаку моја желба е да имам голема и раскошна венчавка, а помала забава после тоа, а не како што е случај кај нас, ретко кој и оддава голема важност на венчавката.
 
не знам дали има тема, ама ме интересираат обичаите пред одењето на веселба во ресторан ... некој искуство да подели ...
 
не знам дали има тема, ама ме интересираат обичаите пред одењето на веселба во ресторан ... некој искуство да подели ...

Има многу обичаи, во секој крај изгледа има по некој различен адет. Јас викендов сум на свадба, ми се мажи другарка па прилично ме ангажираат (иако не сум многу по вакви прослави, ама морам) па штом помине свадбата ќе напишам, таман тазе ќе биде и да не заборавам традиционална свадба ќе биде со сите адети.
 
Кога ке правам свадба претежно Македонска ке се пушта, народна свадбарска и дел забавна. А од српската може некое едно две колца ништо повеќе. И сакам еден дел отприлика пола саат најмногу, да има малку од старите југословенски бендови некоја како на пример од црвена јабука, парни валјак, плави оркестар, чорба и сл.
 
Не туку експериментирајте!! СЕ ЗНАЕ ТРАДИЦИОНАЛНО КАКО СИ Е..што ви смета па да мењате,или ова америчкиве филмови ве удриле у глава.Абе зурла и тапан кога ќе рсне срцето да ти се исполни...Посебно ако се мажи/жени некој близок..абе посер да се напраиш од пиење и играње.Во октомври ми се мажи 1ва братучедка..Е дури таму ќе бидам традиционално напиен:icon_mrgr:
 
ja sum za nesto novo...znaci svadba do 150 dusi...epten najbliskite...na otvoreno...bez kafanska muzika....elegantno i prefineto
 
традиционално, се знае ... зошто да бегаме од традицијата ... макар што се повеќе се оди како на запад ... порано неколку дена се праело свадба, а сега све во еден ден ... ја би само македонски свадбарски песни, без ништо странско, уште помалку од бившите ју простори, ама ...
 
Три-дневна традиционална свадба со над 200 гости од мојата страна:pos:
 
Традиционална нормално .. а под сељачка музика не спаѓаат нашите Македонски народни песни туку турбофолкот кој нормално ќе го нема!
 
За мене традиционална свадба подразбира терање на сите адети, многу гости, наша народна, староградска музика, со стандард јадење. Сакам свадба со 500 гости и да трае 3 дена! :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom