Родителите знаат најдобро

  • Креатор на темата Креатор на темата Antigona
  • Време на започнување Време на започнување
A

Antigona

Гостин
Дали е секогаш тоа така ??? Знаеме дека родителите ни мислат најдобро , но дали токму тие секогаш знаат што е најдобро за нас ????

Што се случува кога немате поддршка од вашите родители за некоја работа ??? Кога не можат да ве сфатат и кога упорно ви укажуваат дека „тоа„ не било за вас и да се ориентирате кон нешто друго ?

Дали секогаш ги слушате вашите родители и одлучувате како што тие ќе кажат ?

Значи дискусијата треба да иде во насока на тоа што кога родителите ви идат контра пние работи кои вие сте ги одбрале, вие ги сакате, баз разлика дали е тоа за работа, љубов, пријатели и слично.....
 
Дали е секогаш тоа така ??? Знаеме дека родителите ни мислат најдобро , но дали токму тие секогаш знаат што е најдобро за нас ????

Што се случува кога немате поддршка од вашите родители за некоја работа ??? Кога не можат да ве сфатат и кога упорно ви укажуваат дека „тоа„ не било за вас и да се ориентирате кон нешто друго ?

Дали секогаш ги слушате вашите родители и одлучувате како што тие ќе кажат ?

да ги слушам родителите и добро е да се земе совет од поискусен треба да се биде трпелив истраен
криво ми е што не послушав совет за една работа за која што сега го плаќам тој данок. ама за разлика од тогаш сега повеќе пати размислувам пред да направам било каков чекор понатака
 
Тоа е мајка ми ми оди контра и не ми дозволи сега за едно нешто :icon_lol:, ама не се лутам јас :icon_lol:, пробувам да разберам :icon_lol:.
 
Јас најмногу што мразам е кога некој ми се меша во работата. Значи сама знам и свесно сум одлучила зошто сум направила конкретен избор.

Е сега доаѓа моментот кога старциве ќе ти виснат на глава и ќе ти идат контра. Нема да кажувам детали што и како , ама не можам да сфатам зошто им пречи работата која е доста добро платена ( 3000 евра месечно ) и зошто упорно да се смени работното место ?????????

Зошто немаат разбирање бре ?:mad:
 
Машала, или не живееш во МК или ако живееш во МК работиш во јавна куќа :D

Мој совет, не ги слушај, терај си го својот пат, својот план својата замисла, ти треба да го живееш животот не они.
 
абе и мене ме терасе еден инает да напуштам една работа( добро платена просперитетна , ама поради една причина моја истата ја напуштив ), не беше лоша каде каде подобра од сегашнава( која слободно можам да кажам ме троши и психички и физички ама ете сам пресеков сега се кајам ама тоа ти е се деси работата, како не ги послушав тоа секогаш ќе ми одзвонува во главата назад враќање сега нема само може да се оди напред.

ако ти е рабоата надвор од македонија нормално е да се загрижени не ги осудувам. Ирена сепак родители ти се и ти го мислат најдоброто за тебе не е секогаш среќата во парите туку во квалитетот на животот кој го живееш важно е да си среќна и исполнета...
 
Машала, или не живееш во МК или ако живееш во МК работиш во јавна куќа :D

Мој совет, не ги слушај, терај си го својот пат, својот план својата замисла, ти треба да го живееш животот не они.

Работата не е во Македонија, хахаа ме насмеа со она јавна куќа , срамежлива сум јас за такво место :)

Инаку , благодарам за советот, од една страна ме смирува бидејќи некој кој не ме знае ми дава совет полн со разбирање, а оние кои ме знаат ми идат контра.
--- надополнето: Jul 19, 2011 5:11 PM ---
Ирена сепак родители ти се и ти го мислат најдоброто за тебе не е секогаш среќата во парите туку во квалитетот на животот кој го живееш важно е да си среќна и исполнета...

Не сум среќна бидејќи немам поддршка од фамилијата. Ептен тапа се осеќам, џабе пари.....уффф стварно не знам зошто се против :(
 
Јас со 3000 евра месечна плата не слушам никого. Уплаќам стан и се осамостојувам! Мои пари, моја глава, мој живот.

за 12 000 долари е месечна плата за возење на камион во Америка за 2000 долари се животни трошоци за комотен живот со се трошоци за храна смештај и слично. али пази не си здравствено осигуран возиш 12 сати на ден и тоа ако имаш среќа да возиш околу градот обична достава оваа работа ако успееш да ја добиеш ќе ти овозможи каков таков пристоен живот факултетот не ти важи таму воопшто чак ни возачката поново треба да се полага
 
Работата не е во Македонија, хахаа ме насмеа со она јавна куќа , срамежлива сум јас за такво место :)
Значи за тебе е работата во Дубаи, не за другарка ти. Големи се шансите бело робје да завршиш таму некаде кај арапите така да родителите ти се во право :icon_lol:. Зошто мене никој не ми нуди работа од 3000 евра така мислиш тебе те чека таа работа специјално :tapp:.
 
за 12 000 долари е месечна плата за возење на камион во Америка за 2000 долари се животни трошоци за комотен живот со се трошоци за храна смештај и слично. али пази не си здравствено осигуран возиш 12 сати на ден и тоа ако имаш среќа да возиш околу градот обична достава оваа работа ако успееш да ја добиеш ќе ти овозможи каков таков пристоен живот факултетот не ти важи таму воопшто чак ни возачката поново треба да се полага

Па добро, јас мислев дека станува збор за Македонска плата. За наши услови, со таа пара, мед и млеко тече.
 
Мене мајка ми за четири дена толку ме чинеше тебе месечно :icon_lol:, ама не е важна материјалното важно е духовното :icon_lol:.
 
Верувам дека родителите го сакаат најдоброто за нас, но дека секогаш знаат што е тоа-не.
И тие се обични луѓе како сите други и затоа многу пати може да згрешат во нивната улога како родител.

Кога самата сум свесна дека нешто што го правам/сакам е добро за мене, а тие се против тоа-настојувам со сите сили и аргументи да им укажам дека не се во право.Потоа оставам времето да си го каже своето.
 
Работата не е во Македонија, хахаа ме насмеа со она јавна куќа , срамежлива сум јас за такво место :)

Инаку , благодарам за советот, од една страна ме смирува бидејќи некој кој не ме знае ми дава совет полн со разбирање, а оние кои ме знаат ми идат контра.
--- надополнето: Jul 19, 2011 5:11 PM ---

Не сум среќна бидејќи немам поддршка од фамилијата. Ептен тапа се осеќам, џабе пари.....еуффф стварно не знам зошто се против :(

во парите не е сета среќа во љубовта е ;) можеш да си најбогат а да не си среќен парите не се мерило за среќа ама те правата да заборавиш да не си тажен ама не го решава тој проблем.
и друго не мешај емоции со работа тоа е најлошо се прави обична математика што добиваш што губиш од таа работа се во животот се сведува на тоа. и како што кажав добро размисли пред секој потег.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom