Малкоец

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedalien
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
6 февруари 2005
Мислења
9.722
Поени од реакции
248
Простете ама морав топиков да го отворам. Ајде сеа сите еден по еден да се изјасните!!! ок? АИДЕ!!!!

1. Инструкторите да ни ја кажат филозофијата на Малкоец.
2. Пуленките да направат краток рапорт од практичните вежби како и од библиографските т.е. *****графските единици коишто се користени при трудот.

АИДЕ АИДЕ ДА ВИДАИМЕ!!!!!!
 
Еве еден прекрасен текст што го најдов од Нова Македонија :

Ратко Митрески од под шумовитите ридја на Копачка, “средномускулестиот Раде“, како што го нарекоа неговите другари од НОВ, ме гледа во очи стаписано. Ти се чини го посматра самиот почеток на создавање на светот. Ако, пак, има некаква свеченост или приредба, па и откако сè ќе се заврши, тој пак останува еднакво зачуден и заслепен како сè уште да трае. Од сè прави свое чудилиште. Црнката зјапа. Настојувам да го почнам разговорот, да му ги раскрилам неговите спомени.
... Ќе патуваш Ти мој добродушен иден читателу, ама единствено: од град во град, од својот “копачки“ роден крај во асфалтниот роден крај на своите мили пријатели. И јас патував, но секогаш: од село во град. Од лединка - на асфалт. Можеби и Вие ќе посакате село, но село никаде ќе нема...
За да го опишам повистинито овој свој крстопат, натежнатото свое талкање, ја повикувам напомош народната речовитост.
Така кривогледо се лулав 80 години помеѓу селото и градот и живеев “на две води“ што истекуваа во истото дебело море - животот. Сега знаеш сè. Стегни ги кондурите. Ќе тргнеме во Малкоец.
Она, тоа Малкоец, долго, постојано и во сè, беше зад или помеѓу.
Зад секое добро. Меѓу безброј неволји. Зад висовите, зад карпите, зад светот, зад сè. Меѓу провалии и планинските гребени, меѓу високото небо и премногу тврдата земјина постела, на триаглестата лединка нафрлена како покрив преку грбавите плеќи на планината. Селце изградено под облаци, приближано до громовите, тутнато во беспаќе, од светот зафрлено, ама-во убаво руво на природата...
До него (и од него), колку вчера, се можеше само пеш, на добро поткован коњ, или на магаре (ако го имало). Со раката на природата заѕидано во козјите патеки - надвор од дострелот на крвничките малихери. Грст луѓе нашле прибежиште и мир неначнат. Потонати во мир и сиромаштија, до гуша. Постоеја, ете, Малкоец, Попоец и Кленоец, слични како јајце на јајце: трите мали и слободни, вгнездени во шумата во карпите, отсекаде притиснати и неосвоиви, едно крај друго, Малкоец и Кленоец, мали Попоец, малку поголемо. Во трите само еден единствен пријател долго, долго имаше власт: Немаштијата. Другите се скршија.
Малкоец беше полно со луѓе како калинка со алови зрнца. На луѓето тесно, а на сиромаштијата широко. Долу-тврдо, а горе - високо. И светот и животот далеку. Село во кое луѓето секоја зора ја дочекувале без громогласниот звук на камбаните. Таа “трагедија“ ја сфаќаа како милослив дар на севишниот. Другите несреќи им беа поочигледни.
Па, дај ми боже да живеам додека се изгради гласникот на животот овдешен-новиот црковен храм “Света Недела“ - беше молитвата на оние што се сомневаа и, ту на шега, ту сериозно, присакуваа за себе век од сто години.
И стигна тој ден. Рано тоа утро во Малкоец тргнува и доаѓа оној поголемиот дел од Малкоец. Од сите страни: од Белград, од Скопје, од Битола, од Охрид, од Кичево... Денот сончев. Свеченост во селото. Весело е. Има тука доста гордости и спомени. На луѓето во душата им е полно, со радост за уште еден дочекан ден се довикуваат со камбаните на црквата селска...
Да не поверувам во сопствените очи: колони од возила. Врева, весела забрзаност. Како да се оди на излет во прекрасниот Лопушник. Безброј кривини на патот, ниту една не можеш туку-така да ја минеш. Од секоја од нив - прекрасен поглед на убавината, на околината. И најстарите селани восхитени и вчудоневидени, кога ќе погледнат оттаму - не ја препознаваат сопствената лулка. Сè одеднаш им се превртело како во сон. Ама, кој рид е она, те молам? Би се заколнал дека вчера не стоеше таму. Како дошло Попоец на онаа страна? И порано ли селата беа толку пространи, а Треска толку длабока и убава? Утринава ми се чини дека умеам да разберам што зборуваат и тревите, и сè друго. Ушите ми се разбудија.
Месец јули. Симпатичните прозорчиња од родните куќи треперат кон исток. Дворовите - ливади без огради - навалени кон сонцето и кон селото. Поглед од прозорецот: врвовите на Гољак и Бистра, поубави од египетските пирамиди. Во селскиот атар дрвени огради, како цртежи во ученичка тетратка за скицирање.
- Ова навистина вреди да се доживее, а и да се негува, бидејќи го обновува животот, вели баба Танасија Трајаноска. Одамна новинар не дошол во селото. А сега има што да ви кажеме. Сè впрочем е создадено за да се продолжи, да се надополнува, збогатува, облагородува... Но, немој да помислиш, да пишеш далечен и драг мој, дека во Малкоец потекле мед и млеко. “Еден ден живот“ е замрзнато време!
Еден друг малкоецанец, кој длабоко навлегол во осмата деценија од животот, што седеше во својот двор, под старата слива, ни рече: Често се радував и на малите нешта во животот. Ама и се наплакав доста, онака крадешкум, никој да не ме види. Признавам грешев, можеби и повеќе отколку што му прилега на селанец. Се сеќавам, како вчера да беше. Дојдоа да ме апсат - сум бил бунтовник против задругите. Тогаш навистина се бунев, ама, синко, ниту денес не е јасно зошто ни требаше сето тоа... Јадев ќотек оти не ги давав своите кози. Тогаш, еден од “грабачите“, со густи веѓи (има сè уште копачини што го помнат неговиот поглед), нареди да се соберат селаните на средсело во Извор, се поткачил на камен и “рикна“. “Козите повеќе нема да ви требаат. Градиме нова држава... Оваа држава во Копачка ќе отвори фабрика за кристал. Вие нама да бидете селани, туку други“.
И така се стори. Има уште селани што ја паметат и задругата и кристалограверницата. По неколку години ја затворија и задругата и кристалот за да отворат конфекција, а потоа катаден, кога се приближуваа избори, речиси, до ден денешен, пропагандистите и кандидатите за народни пратеници и градоначалници првичната лага ја надополнуваа со друга. Те ваква, те онаква фабрика. Пред избори отвори, по избори затвори. До скоро. Сега нема потреба. Не оти нема потреба од лаги, туку затоа што нема кој да биде лажен. Нема повеќе ни срам ни перде. Краде кој ќе стигне и колку ќе стигне. Сите го товарија магарето. Чудо е што сè уште нè има!
 
Незнам многу за местово.

Ама најдов еден патоказ.

reetsign_kajgana.jpg
 
На пат накај Охрид, има пред Пресека, еден стар патоказ, од левата трана, лош пат води, угоре-пругоре накај Малкоец. Не сум бил, ама ако ме фатат будалите еден ден ќе отидам дотаму. Велат убаво место било.
 
ja so zеко спремам експедиција, мртов озбилен.

он има другар кој е по потекло од малкоец, ќе идеме кај баба му и дедо му..

и така.. ќе трагам по моите корени..
 
Macedalien напиша:

Малкоец беше полно со луѓе како калинка со алови зрнца. На луѓето тесно, а на сиромаштијата широко. Долу-тврдо, а горе - високо. И светот и животот далеку. Село во кое луѓето секоја зора ја дочекувале без громогласниот звук на камбаните. Таа “трагедија“ ја сфаќаа како милослив дар на севишниот. Другите несреќи им беа поочигледни.
Па, дај ми боже да живеам додека се изгради гласникот на животот овдешен-новиот црковен храм “Света Недела“ - беше молитвата на оние што се сомневаа и, ту на шега, ту сериозно, присакуваа за себе век од сто години.
И стигна тој ден. Рано тоа утро во Малкоец тргнува и доаѓа оној поголемиот дел од Малкоец. Од сите страни: од Белград, од Скопје, од Битола, од Охрид, од Кичево... Денот сончев. Свеченост во селото. Весело е. Има тука доста гордости и спомени. На луѓето во душата им е полно, со радост за уште еден дочекан ден се довикуваат со камбаните на црквата селска...


ах, исконот се буди..
 
Малкоец е едно од поубавите мијачки села само штета што го прати иста судбина како и другите села...скоро раселено е, односно далеку од тоа што било пред 20тина години.
 
Офчар напиша:
ja so zеко спремам експедиција, мртов озбилен.

он има другар кој е по потекло од малкоец, ќе идеме кај баба му и дедо му..

и така.. ќе трагам по моите корени..
Сакам и јас да дојдам!

И не само таму. Ако сакате може да направиме некоја „експедиција“ и на некои други интересни места. Има заинтересирани? Да отварам посебна тема? :wink:
 
Јас бидејќи сум далеку можам само да ви препорачам некои места и да ви пожелам среќен пат.А ако сте озбилни и ако стварно одите, можете некој патепис да напишете и да сликате каде сте биле.
 
Секако дека ќе сликаме и дека ќе пишеме. Ќе оди и на главна.

Само да знам дали има заинтересираност за да отварам нова тема..

До тогаш, држете се кон Малкоец.
 
Е Мацедалиен како ми го напрај меракот со обој твој пост, ако го гледам многу касно...
Баба ми е од малкоец а прабаба ми сеуште е жива и живее тамо!
Абе рај на земјава ти е од мирно, помирно... Мерак!!!
Само не е мијачко село...
Ке ти поставам слики имам еден куп, само искрено појма немам како!!!
Имам и од денот на осветувањето на св. Недела.
 
Буковец напиша:
Малкоец е едно од поубавите мијачки села само штета што го прати иста судбина како и другите села...скоро раселено е, односно далеку од тоа што било пред 20тина години.

Малкоец е брсјачко село, не мијачко. Едино мијчако секо во тој дел е Ехлоец. Инаку, Малковчани имаат дијалект сличен на мијачкиот, ама јас не сум сретнал малковчанец што себе си се декларира за мијак. А ехловчани тоа со гордост го потенцираат.
 
Малкоец, едно од неколкуте села околу Кичево, многу интересен Терен е тој околу наоколу кичево.
 
потеклото ми е од Малкоец кој ќе го посети нема да зажали, а најубаво е за празникот кој помина Водици кога селото е полно како што било некогаш, а за жал сега има останато 20тина старци и по некој залутан избеглица од затвор :pos:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom