Ако христијанот си ја држи својата вера за себе, не се расфрла со неа, не манипулира и заведува тогаш би го почитувал неговото право да верува во што сака! Но христијанството низ историјата наметнувало како да се живее, казнувало и протерувало! Тука се крстоносните војни, инквизицијата, мрачната ера на црквата која треале цел милениум и го фрлила човештвото во мрак! Значи ова се дел од аргументите поради кој сатанизмот смета дека религиите се зло за човештвото, негова кочница кон напредокот и просперитетот.
Религиите се бедни манипулатори кој нудат лажна надеж и во својата суштина немаат ништо освен лицемерие.
Кога нешто критикуваш, потребни се аргументи, а сатанизмот има и повеќе од доволно аргументи за да ги критикува и напаѓа религиите. Ти од друга страна, го напаѓаш сатанизмот единствено врз основа на широко познати и невистинити стеретипи кој постојат во врска со него.
Не е точно! Лавеј никогаш не повикувал духови и многу јасно има кажано што претставува ритуалната магија за него.
Нема човек кој не користи симболи или си има некој свој ритуал, атеистите не се исклучок, веќе кажав дека атеист е оној кој не верува во антропоморфни богови, задгробен живот и слично.
Тврдам дека е сарказам, затоа што и јас сум сатанист, и знам како функционира и што значи.
Туѓата воља се почитува, само до одредена граница кога нема да стане закана за останатите, а јас веќе ги кажав аргументите зошто религиите се закана за слободната воља на останатите.
Нема ништо парадоксално, секој поим си има значење што претставува. Ако сакаш да дискутираме за парадоксални религии, погледај ги овие:
http://en.wikipedia.org/wiki/Christian_atheism
Најобична ефтина лага! Теистички сатанисти се обожувачите на ѓаволот од библијата, веќе милион пати имам кажано што преставува сатаната во сатанизмот на лавеј.
Повеќе би одговарало што не е фалично во ова што го напиша досега.
Ок ако дечките од Христијанската црквата низ времето биле будали, овие на модерен 20-21 век нашле сега да оправаат историја и "да им држат лекции". Ове биле будали пред 800 години овие се будали сега. Тоа не се аргументи, они сакаат да си се исмеваат и тоа е нивно демократско право. А дали стварно постои Бог или не, ни ти, ни јас, ни сатанистите не можат да докажат. А јас имам демократско право логички да ги критикувам бидејќи нивниот оснивач не понудил ништо оригинално туку копи-пејстирал се од други а највечи идол и човек од кој најмногу превземал е Алистер Краули кој што правел магии, повикувал духови и гледал египетски фараони. Плус јас сум гледал интервјуа и со Ла Веј, и со Карла и Со Питер Гилмур, на кои се претставени ритуалите. Гледајќи ги учесниците на тие ритуали, мене воопшто не ми изгледа наивно и саркастично, туку доста озбилно. Ако си ги гледал Монти Пајтон, Светиот Грал и Брајановото Житие-е тоа е синко мој сарказам и иронија на една религија. А оние занесени младичи врз пентаграми во црно, со свеќи со голи жени на олтар со бодење на вуду кукли мене уопште не ми изгледаат дека се зафркаваат. Нешто мене многу ми смрди тука? Зошто баш сатанските, мрачните, ѓаволските симболи на злото се одбрани, зошто не се одбрани симболите на Реал Мадрид на пример? И да, се согласувам со тоа Христијански атеизам дека делува парадоксално. Ама види, таму пак има некоја логика. Христијанскиот атеизам ти вика, ние не сметаме дека он е Бог, ама сметаме дека кажал многу убави, работи и принципи по кои ние треба да се раководиме.
Од друга страна ако повлечеме паралела што треба да значи. Ние сатанистите не веруваме во ѓаволот арно ама ќе се раководиме по принципите кој тој ги застапува? Ако е така кажи си да знаеме дека си имаме работа со потенцијално зло во општеството.
Јас поставувам логични прашања, ти ми даваш половични и нецелисходни одговори, низ историјата....
Јас не добивам одговор асален еве ти ги пак прашањата
Зошто некои атеисти би формирале религија и црква а се атеисти? Зошто мора да е црква а не обична невладина организација на пример Здружение на атеисти?
Зошто се баш сатанистички, мрачни, зло симболи, ритуали, а не други (зошто не будистички на пример)? Што им е симболиката на сатанистите како атеисти, со сатанските симболи на зло, црни магии и слично?
Зошто оснивачот (како атеист) за свој личен идеолог посочува човек кој практикувал, магии, повикувал и верувал во духови, му се привидувале египетски богови?
Бидејќи индивидуализмот им е во основата, зошто мора да се здружуваат? Зошто Ла Веј баш црни магии и ритуали одбира за испуцавање на негативна енергија? Зошто не иде да се истрча на кеј и не се качи на Водно како што прават нормалните луѓе?
Ете јас се сомневам (нели така треба). Се сомневам основано, реално и логично. Поставувам основани, реални и логични прашања. Ти од друга страна не ми даваш основани, реални и логични одговори.
И други прашања имам за тебе лично.
Зошто си ти сатанист?
Зошто не си обичен атеист како што има многу на форумов? Зошто баш сатанист мора да си? Зошто не си Телемист, религија слична на сатанизмот?
Зошто ти би присуствувал на магиски ритуали и црни миси како што го прави тоа твојата црква? Ако тоа ти е начин на исцрпување на негативната енергија, зошто баш тој начин?