Битола

Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Широк сокак поскап од Виена


Астрономски се цените за купување или изнајмување дуќан на битолскиот Широк сокак. Недвижностите на улицата, која стана не само битолски, туку и македонски бренд на Балканот, достигнуваат цени од кои им се врати умот на повеќето македонски граѓани. Во најатрактивниот дел на корзото, од плоштадот Магнолија до Камениот мост, има дуќани за кои месечниот наем изнесува од 2.000 до 3.500 евра, а постојат и примери кога објекти од 400 квадрати се продале дури за еден милион евра. Кираџиите велат дека овие цени се како да се купува или изнајмува објект на парискиот булевар Шанзелизе и не соодветствуваат со куповната моќ во државата.

- Дефинитивно станува збор за европски цени, а може да се каже дека се надвор од македонскиот стандард. Речиси ќе можеме да се споредуваме со цените на Шанзелизе во Париз, а и триесет квадрати на агол во Виена можат да се најдат поевтино отколку триесет квадрати на Широк сокак. Дуќаните кои ги стопанисува „сизот“ се издаваат по 20-25 евра за квадратен метар. Но приватниците отидоа чекор напред, па цената веќе не ја утврдуваат по квадратура. Велат: „ова е дуќанот, ако ти одговара 1.500 или 2.000 евра“. Таа цена кога ќе се подели со квадратурата никогаш не е онаа преќутна цена од 20 до 25 евра од квадрат за изнајмување - вели Мичо Симоновски, сопственик на пицерија.

Засега нема унифицирана и приближна цена колку би чинела наемнината за квадратен метар на Широк сокак. Поскапи за изнајмување се дуќаните со голем излог и влез од главната улица. Ако се на втор кат, цената паѓа на пола. Во овој дел од градот претежно се отвораат кафулиња, бутици и пицерии. Тука е центарот на движењето во Битола, па да се најде празен дуќан е тешко. Поради големата побарувачка, сопствениците на дуќаните бараат кириите да им се платат однапред за шест месеци до година, оние што ги изнајмуваат да ги реновираат на свој трошок, а во случај да заминат, она што го вложиле останува во дуќанот. Низ градот се зборува дека за дуќан на битолското корзо однапред била платена кирија за четири години во износ од 150.000 евра.

Иако се работи за пазарна економија, дуќанџиите бараат помош од општината ако е можно да изнајде начин за воспоставување одредени правила за закуп на простор, барем цената да се утврдува по квадратен метар.

- Сега нема никакви правила. При најобично претставување на телефон кај газдата, ако кажеме некое непознато име вели кирија 500 евра, ако кажеме дека сме бизнисмени 700 евра, ако кажам, на пример, директор на банка - 1.000 евра - велат дуќанџиите.

Според нив, наемнината и таксите за сезонска опрема, музика, фирмарината се еднакви на четири-пет месеци добра работа на Широк сокак.

Сопствениците не сакаат јавно да зборуваат за цените на дуќаните. Но, некои од нив велат дека ова се фабрики за пари, па оние штоп ги изнајмуваат прават двојно повеќе промет отколку на друго место во градот.
Жанета Здравковска

Десетпати поевтини дуќаните во чаршијата
Од Агенциите за недвижности велат дека цените за продажба на објект на Широк сокак се речиси идентични со купување објект во центарот на Охрид.

- Една куќа може да се продаде за 400.000 до 500.000 евра, ако има приземје, кат и ако е во најатрактивниот дел на Широк сокак од Саатот до Камениот мост. Под мостот цената се движи од 150.000 до 180.000 евра. Но, тоа не е секогаш правило. Неодамна се продаде стар објект под Камениот мост за 300.000 евра, меѓутоа со излог на улица - вели Снежана Настевска од агенцијата „Стрелец“.

Широк сокак како да е посебна држава во Битола. Од агенциите посочуваат дека дури таму за дуќан од 100 квадрати има примери месечно да се плаќаат по 3.000 евра наем, на четиристотини метри погоре, во чаршијата, за истата квадратура цената е десет пати пониска, околу 300 до 500 евра.

Онака информативно , преземено од Дневник/
 
Z

ziko bt

Гостин
Арно му текна 2години го чуваја зад општина,да почекаја уште малце ке забораевме дека требаше да има споменик на плоштадо.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.058
Поени од реакции
15.027
Битола не е најубава :) Прилеп е најубав....
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Е баш ова сакав да го видам. Фантазија!!

Како ќе се уклопи сомеников леле леле.

JOE брат, фала ти многу за сликиве. Браво!!

Ако имаш уште те молам постирај.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.314
Поени од реакции
8.309
Bitola e umren grad i slepo crevo vo drzavata nasa i toa blagodareni naj mnogu na politikata i pred se na nasite bitolski politicari koj koga ke zaminat skopje se pravat pogolemi skopjani od site tamu u zaboravaat od kade posle tamu i kako stignale do foteljata
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Не ме боли толку што не угнетуваат, толку колку што народот ќути и се помирува со судбината, и полека полека го изгубиме епитетот на бунтовен град, едниствен што ке можеше да речи НЕ на скопјаните.За жал сега сите се исплашени и пи*ки во душата тоа најмногу ме боли.А сами ако не се избориме независноста и слобододата многу јасно дека никој нема да ни ја даде.....затоа мои драги сограѓани СВЕСТЕТЕ СЕ и ослободете се од стравот
 

Македон91

Благородник
Член од
21 јануари 2009
Мислења
2.134
Поени од реакции
120
Во Битола сум бил 5-6 пати досега и секојпат ми е поубава и „подотерана“. Она што посебно ме воодушевува е типичната и уникатна за македонски простори барокна староградска архитектура која му дава душа на просторот и ја прави Битола „најградскиот град“ во Македонија. Широк Сокак е навистина бренд, и македонски и европски истовремено.
Сепак евидентно е дека во изминативе 20 години малку и недоволно се вложува во „несудената престолнина“ на Македонија, пред се во патната и железничката инфраструктура со што се допринесе Битола да (о)стане слепо црево. Мораме да изнајдеме начин Битола да стане „втор главен град“ во пракса, односно да го превземе товарот на Скопје, во поглед на дел од надлежностите/администрацијата, а не би било лошо и во поглед на жителите.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Во Битола сум бил 5-6 пати досега и секојпат ми е поубава и „подотерана“. Она што посебно ме воодушевува е типичната и уникатна за македонски простори барокна староградска архитектура која му дава душа на просторот и ја прави Битола „најградскиот град“ во Македонија. Широк Сокак е навистина бренд, и македонски и европски истовремено.
Сепак евидентно е дека во изминативе 20 години малку и недоволно се вложува во „несудената престолнина“ на Македонија, пред се во патната и железничката инфраструктура со што се допринесе Битола да (о)стане слепо црево. Мораме да изнајдеме начин Битола да стане „втор главен град“ во пракса, односно да го превземе товарот на Скопје, во поглед на дел од надлежностите/администрацијата, а не би било лошо и во поглед на жителите.
Шминката не вреди..
Можеби Широк Сокак е интересен за странците...ги има еден куп во последно време...
Го потсредија центарот...да....то е добро....
Ама само од туризам не се живее..(најмногу ќар имаат хотелите,врие мали хотели низ центарот градот,се претурија од пари земање)....
Треба градот (повторно)да заживее ЕКОНОМСКИ...
Од кафе и џабелебарење по 24 сати на Широк Сокак нема леб....
Не е само летото,и 1,2 месеци парада на ЛЕГИЈАТА НА СТРАНЦИТЕ...
Ќе дојдат тие,ќе чкрапнат некоја фотка и бегаат...
Истото се однесува за нашите ГАСТАБАЈТЕРИ....
Ќе се испуфкаат низ родниот крај...и палат патиките.....
Нека ме поправи некој ако грешам....ама неам слушаното некој НАШ ИСЕЛЕНИК да отворил некоја фабрика во Битола,да стекни име во градот....
Или па немаат екстра кеш да го инвестираат во родниот крај?
Тука е маката...шо нема странски инвестиции....било какви....
Нема прилив на свеж капитал,да се отворат нови фабрики,да се намали огромниот број невработени лица...
Околу 30 илјади невработени полнолетни лица има во Битола,бројка шо е поразителна,најголем процент на невработеност по глава на жител во цела држава.....:tapp:.....
И броојката никако да се намали....
И нема ни да се намали ако не се смени нешто....
Од заеми и од пари од вујче од Америка,Австралија не се живее(барем не долго време)...:pos:
А за ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈАТА....:icon_lol:
Тешко дека ќе се смени нешто....
Се форсира само Скопје во секој поглед,шо е апсолутно погрешно...
За другите градови барем немаат.....кога Битола ја маргинализираа толку шо останува за другите градови...
И за некоја година ќе ги видиме последиците од ова...иако се назира епилогот,колку само помали градови се преполовија,сите избегаа во "метрополата"...
Од споменици не се живее...
Позз
 

JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.028
Поени од реакции
623
Јоше брат само мала исправка , малку претера со невработените рече 30 000, а бројката официјална е мислам околу 18 000, што секако е срамно и поразително.позз
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.373
Поени од реакции
4.904
Кој срање град сме значи ццц..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom