Вака сеа ...
Пред една година се откажав од бодибилдинг а активно тренирав 3 години, станав звер со 90кг чиста мускулна маса а бев висок 1.75
не користев никаков вид на стероиди мојата колекција секогаш беше составена од Гејнерче некое Креатинче или така некој појак стимуланс ко на пример Horse power од време на време протеинче и турбо амино...за таа колекција месечно издвојував по 5-7 илјади денари и цело време бев у одличен фазон, тргна на лошо се преебав имав сообраќајка скршени ребра,нога и зглоб на рака и нормално 4-5 месеци забораваш на теретана, плус се улежав и оп се мерам пред 3 месеци верувале или не 74 кила....
Од самото разочарување нервоза и свашта решив да си чапнам некое стероидче да ми ги врати посакуваните 90 кг се одлучив за Дианабол добро познат како Метан и Дека-Дураболин инјективен стероид зашто ми викаа ако земам само метан многу е поризично него да го комбинирам со Деката. Со добро вежбање и добра исхрана еве сега качив 87 кг баш вчера се мерев после 1 месец од завршување на шемата резлтатите се топ неможам да се пожалам и не планирам веќе да користам никаков вид на стероиди, значи ако веќе се осудите да земете стероид не ги применувајте тие БОДИБИЛДЕРСКИ ШЕМИ него фино ке се обратите кај некој фармацефт зошто и онака сте решиле да ги земате подобро тоа нека биде сигурно и во ограничени дози,не земајте ништо на своја рака, џабе ке ви трубам тука не ги земајте не правете ова не правете она зошто вие ако решите за мојот совет нема ни да се замарате......