САД се соочува со банкрот

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
САД флертува со банкрот откако е создаден капитализмот. Така да без гајле, не пропаѓа САД.
 
Дали САД ќе банкротираат пред Грција?

Атина обезбеди помош од Брисел, па барем до наредниот месец ќе може да ги сервисира долговите. Тоа не важи за САД. Ако до 2 август не го зголеми лимитот за задолжување, Вашингтон е на пат да предизвика нова глобална економска криза, предупредуваат експертите

papandreu%5B37%5D.jpg


Дали САД ќе банкротираат пред Грција? Фактот што воопшто се поставува вакво прашање покажува дека живееме во чудни времиња. Грчката влада на премиерот Јоргос Папандреу обезбеди нова транша од спасувачкиот пакет на ЕУ и на ММФ, па би можело со сигурност да се каже дека Атина нема да банкротира наредниот месец. Неверојатно, но истото не може да се каже за администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, нагласува Стефани Фландерс, економска уредничка на Би-би-си.

Светот многу повеќе зависи од довербата во САД отколку во Грција. Па затоа ако Вашингтон дури и привремено не може да ги сервисира долговите, светскиот финансиски систем ќе претрпи огромни последици, предупредуваат аналитичарите. Тие затоа се уверени дека Белата куќа и Конгресот ќе успеат во последен миг да најдат заеднички јазик и да спречат нова глобална криза.

НОВ ЛИМИТ

Како Американците се најдоа во оваа мешаница? САД се една од ретките земји каде што лимитот на националниот долг се одредува со закон, кој мора да го усвои Конгресот (кој претходно одобрува буџет, чии ставки се причина за задолжување). Конгресот најмалку 75 пати го зголемувал лимитот за задолжување во изминативе 50 години. За време на двата мандати на Џорџ Буш, лимитот беше зголемен седум пати, а последен пат Конгресот интервенираше во почетокот од 2010 година, кога лимитот го зголеми на 14.300 милијарди долари. Тековното ограничување беше достигнато уште на 16 мај, но министерството за финансии успеа со вонредни фискални маневри да го одложи справувањето со проблемот до 2 август. Ако Конгресот не го зголеми лимитот дотогаш, САД нема да можат да ги сервисираат во тој момент доспеаните обврзници ниту да вршат тековни буџетски плаќања, нагласува „Политика“ во анализа за американските должнички маки.

ЗАВИСНИЦИ ОД ТРОШЕЊЕ

Преговорите меѓу демократите и републиканците во Конгресот се претворија во политичко-идеолошка битка, со меѓусебни обвинувања. Обама ги нарече републиканците мрзливи ученици, а демократите ги обвинија за намерно саботирање на американската економија.

- Вашингтон е зависен од трошење, а најголемиот зависник е претседателот - возвратија тие.
Републиканците бараат од претседателот да ги намали јавните трошоци во наредните десет години за 2.000 милијарди долари. Но Обама сака со кастрењето на трошоците да ги зголеми и буџетските приходи и тоа пред сé со укинување на даночните олеснувања за најбогатите Американци, изгласани во времето на Буш, затворање на даночните дупки што на корпорациите им овозможува помалку да и даваат на државата, укинување на субвенциите за нафтените компании, како и со зголемување на даночните стапки за приходите на менаџерските елити на Волстрит. Републиканците, а особено новата генерација конгресмени избрани минатиот ноември со поддршка од ултраконзервативното движење Чајанка, одбиваат секакво зголемување на даноците или укинување на даночните олеснувања. Во преговорите за буџетот во декември, Обама се согласи да се продолжат олеснувањата за милионерите и за милијардерите, па неговите противници се надеваат дека повторно ќе го натераат да попушти.

ЗАКАНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РЕЈТИНГОТ

Агенциите за кредитен рејтинг „Стандард енд пурс“ и „Мудис“ веќе предупредија дека ќе го намалат рејтингот на САД ако политичарите наскоро не успеат да постигнат договор. Купувачите на американски обврзници и понатаму веруваат дека имаат работа со сериозна држава, па каматата е сосема поволна за должникот.

Голем дел од обврзниците на американскиот долг се во државни инвестициски фондови, пред сé во Кина и во Јапонија, па лесно може да се замисли што би се случило ако Пекинг и Токио одлучат набрзина да се ослободат од нив. За глобален должнички шок предупреди и ММФ.

Некои аналитичари и политичари предлагаат САД да постават приоритети што ќе исплаќа и кои долгови ќе ги враќа, за да го задржат кредитниот рејтинг. Но администрацијата на Обама вели дека нема простор за такво нешто. Тука не станува збор за тоа дали владата треба да одлучи да не ги плаќа јавните службеници, за да му исплати камати на Волстрит. Поголем проблем, според Вашингтон, е тоа што пазарите веднаш реагираат ако владата одлучи да не ги исполнува должничките обврски.

И додека политичарите се обидуваат да постигнат договор до 2 август, граѓаните во големо мнозинство (70 отсто) сметаат дека Конгресот не треба да го зголеми лимитот. Тоа значи дека речиси три четвртини од американската јавност не сакаат американската влада да ги испочитува обврските. Во таква средина тешко е да се донесе исправна одлука, особено во кампања за претседателските избори наредната година, заклучува Би-би-си.



Атина: Кризата ги одмина пратениците
Грчките пратеници и понатаму примаат високи плати наспроти тешката криза во која се наоѓа нивната земја. Бруто-месечниот приход на еден пратеник изнесува 9.869 евра, а поради рецесијата неговата плата е за 1.600 евра помала од лани, јави електронското издание ГРРепортер.
Пратениците во Грција земаат пари и за учество во парламентарни комисии - месечно во просек околу 1.200 евра. Ако кон тоа се додадат и патните трошоци, секој пратеник државата годишно ја чини по 118.434 евра. Грчкиот парламент има 300 пратеници.
Пратениците имаат и други привилегии. Тие користат автомобили што им ги обезбедува парламентот со лизинг-програми, а во своите кабинети можат да назначат научен соработник, четворица државни службеници и полицаец. Секој пратеник дури и по само еден мандат има право на две пензии, една пратеничка и една од неговиот професионален стаж.
Друга категорија високоплатени службеници се членовите на администрацијата во парламентот. Вкупно 1.333 лица, од кои 75 отсто се со постојан договор за работа или со договор на неопределено време, добиваат по 16 плати годишно и низа додатоци, како тие за вонредни компензации, за работа со компјутер, за одговорно место, за стаж и за патни трошоци. Буџетот само за основната плата на овие службеници изнесува над 25 милиони евра, односно по над 19.000 евра за вработен.
Веб-сајтот наведува оти службеник на парламентот, кој се пензионирал со стаж од 28,5 години, добил пензија од 5.169 евра. За споредба, претседателот на Врховниот суд за истиот стаж добива околу 400 евра помалку. Исто така, службениците во парламентот двапати добиваат еднократен надомест при пензионирањето - од касата за поддршка на службениците во законодавното тело и од заедничката каса за помош на државните службеници.



Грчките компании се селат во Бугарија
Најмалку 800 грчки компании во првата половина од 2011 година се преселиле во соседна Бугарија поради кризата во земјата, јави Нетпрес.
Експертите прогнозираат оти до крајот на годинава уште толку грчки компании ќе ги преселат своите бизниси во Бугарија. Според нив, главна причина за тоа е што Бугарија има најниски даноци во ЕУ, макроекономска стабилност и евтина работна сила, недвижнини и транспортни услуги. Грчките фирми досега во Бугарија вработиле околу 82.000 лица.



ЕУ-помошта на суд

Уставниот суд на Германија вчера почна да разгледува тужби на пет евроскептични професори и на еден пратеник против учеството на Берлин во спасувачките пакети на ЕУ и на ММФ за Грција, Португалија и Ирска во момент кога меѓународните кредитори подготвуваат нова помош за Атина во вредност од 120 милијарди евра.
Тужителите тврдат дека помошта е неуставна и спротивна на договорите на ЕУ. Експертите прогнозираат дека судот нема да го блокира учеството на Германија во спасувачките пакети, но дека може да му обезбеди на парламентот поголема улога во одобрувањето нова помош. Германија учествува со 25 отсто во спасувачките пакети за презадолжените членки на еврозоната. ЕУ и ММФ досега одобрија помош од вкупно 273 милијарди евра за Грција, Ирска и за Португалија, наведува Ројтерс.
--- надополнето: Jul 6, 2011 11:52 AM ---
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=7611940396&id=11&prilog=0&setIzdanie=22323
 
u 5 do 12 ce odobri senatot zgolemuvanje na zadolznickiot limit, osven ako republikancite ne se reseni da go oborat obama. No sogleduvajci gi posledicite na idnata kriza ne samo po amerika tuku i po celiot svet ne mi se veruva deka ce ma bankrot na SAD.

Zamislete 600 lugje odlucuvaat za celiot svet...
 
А што ги спречува да не го кренат лимитот ?
Нема капацитет ФЕД да отштампа уште некое доларче.
Лани 600 милијарди како ги фукнаа, 450 милиони нас ни следеа, мораше да ги земеме.
 
САД е во банкрот од 30 години. Нема како да стигнат парите за се за што троши.За сметка на тоа си печати долари, кои се покриени со нафта. Сега земајќинафтата на Либија ситуацијата ќе стане стабилна.
--- надополнето: Jul 8, 2011 3:15 PM ---
Силните економии се тресе од кризата, бидејќи нема каде повеќе да расте.Достигнале се технолошки максимум и максимум вработување на човечките ресурси. Слабите економии немаат овој проблем.
 
Невработеноста во САД се зголеми на 9,2 проценти

09.07.2011 - 11:41 |

Стапката на невработеност во САД се зголеми минатиот месец на 9,2 проценти, а вработувањата се речиси стопирани имајќи предвид дека е забележано најмало зголемување на бројот на вработените во изминатите девет месеци, соопшти американското Министерство за труд.
ssdaaa_62987.jpeg

Во соопштението се наведува дека во јуни бројот на вработените е зголемен за само 18 илјади, што е бројка значително помала од очекуваната. Бројот на невработените Американци во јуни се зголемил за речиси 175 илјади, на 14,1 милион.​
Државниот сектор минатиот месец го намали бројот на вработените за 39 илјади, додека во изминатите осум месеци бројот на работните места во тој сектор е намален за дури 238 илјади.​
Минатомесечната стапка на невработеност е за 0,1 процент поголема во однос на мај и е на највисоко ниво од декември 2010 година.​
Две години откако рецесијата на најголемото стопанство во светот официјални заврши, компаниите вработуваат се помалку лица и покрај рекордните резерви на готовина и добрата заработувачка.​
Претседателот Барак Обама изјави дека новите бројки го потврдуваат тоа што веќе многумина го знаат, дека САД имаат пред себе долг пат пред да успеат да направат пресврт во економската состојба.​
Обама истакна дека предизвиците со кои е соочено стопанството на САД во изминатите два месеци, меѓу кои се растот на цените на бензините и природната катастрофа во Јапонија, која доведе до пореметување во снабдувањето на американскиот пазар, не се создадени преку ноќ, па поради тоа и не можат да бидат решени преку ноќ.​

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/nevrabotenosta-vo-sad-se-zgolemi-na-92-procenti
 
Обама: Не гарантирам дека ќе имаме пари за пензии и социјална помош


13.07.2011 - 10:26 |

Претседателот на САД Барак Обама рекол дека не може да гарантира дека до следниот месец ќе може да се исплатат пензиите, социјалната помош или помош за воените ветерани.
obamalg_63430.jpg

Обама ќе мора до трети август оваа година да постигне договор околу зголемување на горната граница на американскиот долг за да може да се исплатат парите на граѓаните.
Тој истакна дека американската влада секој месец на адреса на населението испраќа до 70 милиони чекови, а доколку САД не може повторно да се задолжи, државата нема да може да ги исплати обврските кон своите граѓани.
Обама рекол дека ваквата ситуација ќе значи дека државата ќе мора да избира помеѓу исплата на заемот кон Кина или исплата на пензиите на своите граѓани.
Договорите помеѓу Обама и републиканците траат веќе со денови, а не сакаат да одобрат ново задолжение се додека Обама не го претстави својот нов план за намалување на државната потрошувачка.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biz...ka-ke-imame-pari-za-penzii-i-socijalna-pomosh
 
САД е во банкрот од 30 години. Нема како да стигнат парите за се за што троши.За сметка на тоа си печати долари, кои се покриени со нафта.
Доларот како и скоро секоја валута нема никакво покритие, се создаваат од ништо, т.е има некој кој го наредува тоа. А ако некогаш, (а тоа е еднаш до сега направено за време на претседателот Ендрју Џексон) го исплатат долгот нема да постојат долари во циркулација.
И на банкнотата од еден долар стои дека е легално платежно средство за сите долгови, приватни или јавни.
 
Aко не се договрат демократите и републиканците, владата нема да може да ги подмирува обврските што значи на Америка автоматски ќе и падне кредитниот рејтинг.

Тоа воедно ќе биде нов шок за штотуку опоравените светски берзи.

Во тој случај, сосема е реално да се очекува реприза на кризата од 2008-ма година.

Проблемот е што се бара политички расплет за фискален заплет. Кога политичките мотиви се сеприсутни и тие ја гушат економско-финансиската логика на управување со економијата, а крајниот резултат е полтизација на сите аспекати на функционирање на економијата, неминовно доаѓа со конечна и неизбежна пропаст.
 
Што се однесува до САД, таму единствено нешто што ќе се спаси е капиталот на најголемите, се друго ќе пропадне. Тој систем повеќе не функционира, имаш поефтин во Азија и Индија.
 
Што се однесува до САД, таму единствено нешто што ќе се спаси е капиталот на најголемите, се друго ќе пропадне. Тој систем повеќе не функционира, имаш поефтин во Азија и Индија.

Азја, т.е. Кина и Јапонија, не смеат така да ја дрмаат Америка. Никако не им одговара бидејќи економиите се врзани, а и многу е ризично. Кина и самата се соочува со криза:

http://www.nytimes.com/2011/07/16/world/asia/16china.html?src=me&ref=world
 
Не е нормално колку Кина може да наебе од банкротот на Америка со оглед на големите кинески вложувања. Америка и овој пат одигра на намалување на вредноста на доларот, а тоа ќе доведе до поефтинување на резервите кај оние земји што се изнакушуваа американски хартии од вредност. Најреално е да се очекува Обама да ја намали потрошувачката за 500 милијарди долари и тоа да се смета за појдовна точка за да ги намалат државните трошоци за четири трилиони следните десет години. Тоа значи стабилна политика на евтин долар, но за Кина ќе значи одгомни загуби. Кинезите почнаа да ги пренесуваат американските долгови на европските и јапанските девизни пазари, но обртот не е доволно голем за да компензираат за можната катастрофа на доларот. Малце им е доцна за диверсификација, влезени се во американската клопка до гуша.
 
One%20Banana.jpg


Obviously after its default, America will need to issue a "fresh start" currency to go with its "fresh start" balance sheet and "non-fresh start" group of thugs robbing this country's middle class blind de novo. Below we present the running contender for such "new currency" courtesy of William Banzai.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom