Нова приватизација во Албанија: државата продава се'!

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.592
Криза е, политичкиот систем е закочен, а им требаат пари. Почнаа со продажба на четири хидроцентрали. Легислативата беше набрзина помината во парламентот, каде што нема опозиција бидејќи таа ја бојкотира работата на тоа тело.

Сега е време на офајдување и веќе има “финти“ како од времето на Бранко: купувачите можат да ја купат и браната на езерата на кои се наоѓаат хидроцентралите и околното земјиште, а тоа се национални добра.

Опозицијата вели дека ако/кога тие ќе дојдат на власт, ќе вратат се'.

"Нема да го признаеме како легален започнатиот процес за приватизација на националниот имот“, рече водачот на опозицијата Еди Рама,..."

Целиот текст на линкот подоле:

Aлбанија има намера да продаде сé

http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/07/05/feature-04

sali-berisha-2009-6-28-4-20-27.jpg


.
 
Нема да ги признае, за он после да ги продава пак.

Ова што се случува во Албанија, во Македонија с еима случено од кога дојде во власт ВМРО. Значи исто како што направи и Груевски после ерата на Црвенковски. Овој вториот ги започна тој првиот им го зададе последниот удар, на приватизацијата. ;)
 
Или ќе се продадат или ќе пропаднат е работава а?
А тоа продавањето.... ќе ги наполни џебовите на неколку поединци.
 
Ако Албанија ги продаде своите фирми ќе си направи на себе добро.Странските фирми несакаат корупција и заебанции.Се ќе изреновираат и ќе стегнат да работи како треба.Е сеа сигурно и цените ќе рипнат на некои работи ама ќе работи како треба барем :)
 
Ако Албанија ги продаде своите фирми ќе си направи на себе добро.Странските фирми несакаат корупција и заебанции.Се ќе изреновираат и ќе стегнат да работи како треба.Е сеа сигурно и цените ќе рипнат на некои работи ама ќе работи како треба барем :)

Странските фирми се најкоруптивно нешто што може да се случи, па после се шушка провизии ова она потплаќање на регулаторна комисија за зголемување на цена, или закаснување со намалување на цената доколку таа падне на светски берзи итн.
 
Се ќе изреновираат и ќе стегнат да работи како треба.
Баш како што треба, сите ќе станат робови на некој си странски профитер кој појма нема ни каде е Албанија...

На овие финти "паѓа" цел екс комунистички балкан.
 
Ако Албанија ги продаде своите фирми ќе си направи на себе добро.Странските фирми несакаат корупција и заебанции.Се ќе изреновираат и ќе стегнат да работи како треба.Е сеа сигурно и цените ќе рипнат на некои работи ама ќе работи како треба барем :)

Еееееееееее,и јас си мислев така,па ни се случи Swedmilk,па корупцијата на Атила Сендреи во Телеком,аnd dont get me started on EVN.
 
Нема да ги признае, за он после да ги продава пак.

Ова што се случува во Албанија, во Македонија с еима случено од кога дојде во власт ВМРО. Значи исто како што направи и Груевски после ерата на Црвенковски. Овој вториот ги започна тој првиот им го зададе последниот удар, на приватизацијата. ;)

Државните претпријатија не се ефикасни и приватизацијата им е единствениот начин за напредок на еден народ. Но само ако не е крадлива приватизација, а со мисла за народот.
--- надополнето: Sep 1, 2011 12:11 AM ---
Ако Албанија ги продаде своите фирми ќе си направи на себе добро.Странските фирми несакаат корупција и заебанции.Се ќе изреновираат и ќе стегнат да работи како треба.Е сеа сигурно и цените ќе рипнат на некои работи ама ќе работи како треба барем :)

Не! Албанија треба да стори сé да продаде што е можно од претпријатијата на Албанци. Т.н. Запад се поголеми ѓубре и од балканските бизнисмени.
Луѓето со многу пари на Балканот се курва, но сепак тоа е нивниот народ и нема да го предадат.
 
имате јасна слика од приватизацијата кај нас.. продажба на електростопанство е најтипичен пример... ке дојде приватњак ке си воведе свои закони како што на него му одговараат цел персонап што мисли дека е вишок ке го избаци на улица без око да му трепне платите ке им ги намали на вработените цените постепено ке почнуваат да растат и тн... иста приказна како во македонија ама буквално! па некој нека дојде и нека ми каже колку ке им се исплати на албанците да ги приватизираат државните објекти без разлика што и да се дали биле обични станови за живеење фирми за производство увоз извос фабрики електроцентрали... тоа се носи приход на државата - вака ке се збогатат неколку поединци ко шо кажа хјуман а народот ке го осети најдебелиот стап...
 
Ако им требаат пари нека намалат малце корупција:

Албанија губи милиони долари американска помош поради големата корупција, во сите структури на општеството и власта се до највисоките нивоа, открива „Викиликс“.
- Болен е фактот дека корупцијата во Албанија е присутна во сите нивоа на власта и општеството, се наведува во објвените од „Викиликс“ телеграми на поранешниот американски амбасадор во Тирана Џон Л. Видерс.
Видерс истакнува дека и покрај зголемениот број обвиненија за корупција, иако на пониско ниво, и понатаму останува атмосфера на неказнување.
„Викиликс“ објави над 100 телеграми на американскиот дипломат во Тирана. Во телеграмите се наведува дека проблемите со корупцијата се на највисоко ниво и дека тоа претставува голем проблем. Особено, бидејќи Албанија се уште има сиромашни административни капацитети, поради што постои сомнеж дека таа помош ќе биде злоупотребена.
Амбасадорот Видерс, според „Викиликс“ наведува дека постојат се поголем број цврсти докази дека блиското семејство на премиерот Сали Бериша, високи членови на опозициските партии и бројни членови од парламентот се вмешани во корупција и тоа во големи размери, пишува интернет порталот „Балкан инсајд“.
Во дипломатските преписки се наведува дека независно од распространетата корупција, Албанија нема развиен административен апарат кој би можел да води сметка на одговорен начин да се располага со добиениете средства.
Дипломатите на САД во своите телеграми ја предупредуваат надлежната американска корпорација за овие слабости на Албанија. Тирана во изминатите години доби две транши американска помош, иако таа можеше да биде неколку пати поголема доколку не беа проблемите на кои укажува амбасадорот во Тирана.
Корупцијата е голем проблем со кој се соочува Албанија веќе подолго време.
Претседателот Илир Мета на почетокот на годината мораше да поднесе оставка, бидејќи беше објавена видео снимка на која се гледа како бара 700.000 евра. На удар се најде и поранешниот министер Дритан Прифти. Започната е истрага, но многу се прашуваат кога ќе се заврши процесот, бидејќи тие во вакви услови траат со години.
На проблемите со корупцијата и организираниот криминал во Албанија укажува и Европската унија. Поефикасно решавање на овие проблеми е еден од условите за влез во Унијата и добивање на датум за почеток на преговорите со Брисел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom