Што значи "Должен како Грција"...

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
Со новите мерки за штедење што ги презема грчката влада, ќе бидат скратени голем број на примања кои ги имале Грците, а кои најчесто биле нереални и чудни.

Германскиот весник „Ханделсблат“ објавува цел еден список на вакви примања.

Така возачите на државните службени дизел автомобили добивале по 25 евра месечно башка од платата за загревање на моторот, а возачите на локомотиви добивале 420 евра плус, за одржување на лична хигиена односно миеење на рацете.

Возачите на автобуси во Атина имале додаток од 310 евра доколку во текот на месецот ниту еднаш не закаснат на работа.

Куририте вработени во министерствата добивале плус 290 евра доколку навремено и уредно ги пренесувале документите од кабинет во кабинет.

Државните службеници добивале и плус пари доколку копирале. Вработените во Министерството за култура имале премија за купување облека, а вработените во државните осигурителни компании добивале регрес за превоз, иако никогаш не излегувале надвор од своите канцеларии.
 
кај нас гледаат да ти намалат од сегде кај нив ги мотивираат.. недај боже да им скратат од реалната плата ќе ја дигнат грчка во воздух
 
Поголема грчка награда него наша плата. Па затоа си ја сакаат државата, оти не ги третира како непосакувани вонбрачни деца.
Патриотизам не се гради само со споменици.
 
Да затоа што ја сакаат државата, затоа сега децата до 10-то колено ќе им плаќаат нивни долгови и огромни кредити :)
 
Да затоа што ја сакаат државата, затоа сега децата до 10-то колено ќе им плаќаат нивни долгови и огромни кредити :)

Еве ги и Американците зимаат по 3та хипотека на куќа, па пак си тераат живот. А ние сме без долгови, ама и без леб. : )
 
Еве ги и Американците зимаат по 3та хипотека на куќа, па пак си тераат живот. А ние сме без долгови, ама и без леб. : )

Ако некој и од Македонциве смета дека е подобро така да живее - нека живее. Еве пример може за почеток да си ја продаде куќата што ја правел или што ја правеле неговите родители и нека се пријави да земе од куќиве преку владата што се исплаќаат на 30-40 години. Па нека исплаќаат негови деца, а он со парите од продадената куќа нека ужива ако смета дека тоа е подобро, ќе има пари за летување каде сака за повеќе години ..

Или пак ако не за летување/шетање ќе има пари за подобар живот додека барем он живее, е сега децата .. :)
 
Возачите на автобуси во Атина имале додаток од 310 евра доколку во текот на месецот ниту еднаш не закаснат на работа.
само на ова би заработил (со 15 пати доцнење преку сила) околу 70 илјади евра за 20 години работа. Солидно богами, стан за едното дете.
 
grbanT.jpg

:D
 
само на ова би заработил (со 15 пати доцнење преку сила) околу 70 илјади евра за 20 години работа. Солидно богами, стан за едното дете.

Богами така е. Само од додатокот толку, а да не ја рачунаме и платата. Шофер на автобус зима повеќе отколку директорите кај нас. Сите овие давачки од државата, кога се воведуваат или покачуваат се добро прифатени, а кога треба да се укинат или намалат имаш внатрешна војна.
 
zatoa sega 50 godini ce placaat po 400 evra za da si gi izmijat racete.

I gruevski sega da zema krediti kako gejlada i nie ce ziveeme taka, ama posle 20 godini ce go prodavame ohridsko ezero.
 
Еве ги и Американците зимаат по 3та хипотека на куќа, па пак си тераат живот. А ние сме без долгови, ама и без леб. : )
Да бе ама рмбат по 15 сати на ден обично на по 2-3 работни места , а куќите и земјиштето не се нивни може да те иселат во секој момент ако не си ги платиш долговите! Ние сме премногу разгалени демек нема работа а никој не би работел за 300 денари од саат сите би работеле само за минимум 25000 плата и ништо подолу од тоа и по можност да си директор. Замисли си Кина го градеше својот систем по примерот на Југославија со таа разлика што наместо на раскош ги учеа на скромност па види каде е Кина сега а каде сме ние
 
Kina vestacki go drzi jenot na niska valuta, i na niv im se zakanuva kriza. Lokalnite vladi vo kina se premnogu zadolzeni a nekoi i vece prestanale so isplata na dolgovite. SAD i ostanatite golemi ekonomii ja pritiskaat Kina da ja zgolemi vrednosta na jenot, sto po avtomatizam ce znaci poskapi ceni na kineskite proizvodi i potesko isplacanje na dolgovite.
 
Да затоа што ја сакаат државата, затоа сега децата до 10-то колено ќе им плаќаат нивни долгови и огромни кредити :)

Која е поентата на муабетот? Го препрочитувам коментаров твој, ама никако да најдам логика.
Реплицираш на член кој многу добро кажа како се гради патриотизам во една држава како Грција, а ти го пишуваш ова.
Те молам објасни го коментарот, и поврзаноста на патриотизмот со десеттото колено и долговите кои Грција ги (на)прави.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom