Пресијан I и Пресијан II

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Ниедно од горенаведените тврдења на Бугарот не е точно.

1. Во сите извори, членовите на Македонската династија се титулираат баш така - македонски. Императорот Василиј II Mакедонски бил наречен "вулгароубиец" за прв пат во Хрониката на Ефрем на почетокот на 14. век, значи цели 4 века после битката на Беласица (Ephraim Aenii Historia Chronica, Athens, 1990, стр. 109).

Тоа е откако Византија веќе создала воено-административни единици или “теми“ по распадот на Самоиловото царство. Една од тие теми е темта Вулгарија коjа jа покривала териториата на Македониjа и делови на Србија, денешна Црна Гора и на Албанија.

На териториjата на Бугариjа пак византијците основале тема Паристрион, а народите таму ги нарекувале Мизи.

Сходно, по византискита книжнина, во темата Вулгариjа - Македонците, Србите, Црногорците, Босанците, Власите и останатите народи ги нарекувале вулгари (бугари) според името на таа тема. Ги нарекувале вулгарни наспроти (наводно) цивилизираните визнтијци (ромеи), а не затоа што биле етнички Бугари како што денешните наши источни соседи се обидуваат да ни подметнат.

2. Не постои доказ дека Римскиот Папа признал бугарски цар. Преписката мегу Папата Иноконетиj III и Калоjaн, се случила 200 години по пропаста на Cамоиловото царство. Папата само ги спомнува поранешните односи на хан Гоборис (туркомонгол кој се прекрстил во Борис-Михаил) со римските папи Никола и Адриjaн, во време кога турко-монголските Бугари го примале Христиjaнството.

Од преписката не може да се изведе заклучок дека Самоил добил царска круна од Рим. Во папските регистри пишува:

" Petisti ... ut coronam tibi ecclesia Romana concederet, sicut illustri memorie Petro, Samueli et aliis progenitoribus tuis in libris tuis legitur concessisse. Nos ergo, ut super hos maiorem certitudinem haberemus, registra nostra perlegi fecimus diligenter, ex quibus evidenter comperimus, quod in terra tibi subiecta multi Reges fuerant coronati. "

"Прашуваш...за да ти се даде круаната на Римската црква, како што светлите спомени на Петар, Самоил, и другите предходници твои во твоите книги говорат. Ние дадовме за право со голема грижа да се прегледаат нашите регистри, од кои е очигледно дека во земjaтa подложна на тебе многу кралеви биле крунисани..."

(Migne, PL, CCXRV, Col. 1113, Book V, No. 21)

Папата избегнува да даде jaсен одговор коj бил крунисан со римската круна, и тoj во таа преписка останува доследен па го нарекува Калоjaн со 'dominus' i 'rege' (крал), а никако со титулата император/цар.

Значи не постоjaт никакви извори кои говорат дека Самоил бил крунисан со било каква круна и дека бил Бугарин.

Впрочем, тој што ти го спремил текстот за да ти го пере мозокот го вметнал зборот "веројатно" (римскиот Папа веројатно признал). Реалноста е дека Папата не признал такво нешто.

3. Синот на Цар Самоил - Иван Владислав НИКАДЕ не напишал дека бил бугарски цар, а не пак на Битолскиот напис! Такво нешто сакале да додадат своерачно современите бугарски историчари Јордан и Василка Зајмови, но беа живи фатени од страна на светски-познатите професори Лант и Матисен дка прават фалсификат. Лант вели со сигурност тврди дека написот е од бугарскиот цар со кумано-влашко потекло Јоан Асан II, a не од Иван Владислав.

Додатно, бугарските историчари погорешно го датирале написот додека проф. Лант тврди аргументирано дека тој напис по јазикот и ортографијата одговара на 13 век, а не на 11 век! Значи не е од вермето на Иван Владислав, туку од времето кога веќе имало тема Вулгарија и вулгари. Сходно Лант заклучува дека Зајмови потпомогнати од Русот Мошин целосно ја "фалсификувале содржината на плочата за да се извади заклучок на она што тие го посакуваат, а не вистината". (Horace G. Lunt, "Slavic Review", Vol. 31, No. 2 (Jun., 1972), p. 499).

4. Каква бугарска црква те гони во Охрид бре? :LOL:

Паристрион не бил во составот на Охридската Архиепископија -- за тоа сведочи првата сиглија на Василиј II до Охридската црква.

Преслав и Дорстол целосно се исклучени од историските збиднувања во Македонија и пошироко - и не само за време на цар Самоил туку и 30 години потоа за време на востанието на Петар Дељан во 1041 година и за време на востанието на Ѓорѓи Војтех. За ова ни укажуваат византиските извори како Скилица, Врениј, и други.

Додатно, во бугарската (и српската) црковнo-духовна традиција, Цар Самоил воопшто не постои, тој едноставно е непознат (а ги познацва Петар, Симеон и другите бугарски владетели), за разлика од македонската. Тоа го потврдуваат Гилфердинг и Оболенски. .

.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
се согласувам со Мисирков во се..само една мала исправка....Иван Владислав е внук на Самоил, татко на Иван е Арон. Гаврило Радомир е син на Самоил
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
1. Во сите извори, членовите на Македонската династија се титулираат баш така - македонски. Императорот Василиј II Mакедонски бил наречен "вулгароубиец" за прв пат во Хрониката на Ефрем на почетокот на 14. век, значи цели 4 века после битката на Беласица (Ephraim Aenii Historia Chronica, Athens, 1990, стр. 109).
Во грчкиот јазик нема збор Βουλγαροκτόνος
http://www.kypros.org/cgi-bin/lexicon

Но очигледно е дека зборот има врска со очи, ослепувањето на Самоиловите војници. Во источна и јужна Македонија, за око и денес се вели ο`κτό_νος...

Тоa e збор од т.н. Коине јазик, читај Македонски јазик.

Зборот slayer = убиец, a нe oкo вадител, a тoa бил Василие II.

Тoa "вулгароубиец" e фалсификат, на гејски.

killer = φονιάς
fonias

На грчки би било:
Βουλγαρφονιάς vs

Βουλγαροκτόνος

А Бугарот што ја поставил темава воопшто не треба да се коментира, тој е жолтоклунец:

http://www.google.com/search?q=bulgar&hl=en&um=1&ie=UTF-8&tbm=isch&source=og&sa=N&tab=wi
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
vo grckiot jazik nema zbor Βουλγαροκτόνος
http://www.kypros.org/cgi-bin/lexicon

killer = φονιάς
fonias
Малку се примерите каде се јавува во таа форма :cautious:, ама ги има:

"..ταυροκτόνος (tauroktonos) "slaughtering bulls",[2] which derives from ταῦρος (tauros) "bull"[3] + κτόνος (ktonos) "murder",[4] from κτείνω (kteinō), "I kill, slay"
http://en.wikipedia.org/wiki/Tauroctony

Инаку основната форма треба да биде σκοτώνω -http://translate.google.com/?hl=en&tab=wT#en|el|kill

Овде исто http://www.kypros.org/cgi-bin/lexicon :

σκοτώνω = kill, napoo
 
Член од
1 ноември 2010
Мислења
595
Поени од реакции
241
Малку се примерите каде се јавува во таа форма :cautious:, ама ги има:
Jас реков дека тоа не е грчки збор, и стојам зад тоа.
3ошто?
Т.н. грчки јазик ни е познат од Хомера наваму. Во цела таа долга историја, тој збор не се сретнува никаде, а се сретнува во доцното Коине. Очигледно е дека тоа е инпут во т.н. гејски јазик.

И уште напомена - во минатото, некој збор не морал да означува точно одредено значење како што го има денес, но етимологијата му е иста. На пример, во т.н. црковно македонски јазик зборот брашно=леб.

Споредбено, зборот о`(о)кто е употребено при нашите изрази
при очи - ќорав,слеп = недоделкан, не го бива, замаен и т.н.
преврте очи = умре, го нема

Си напишал дека:
κτόνος (ktonos) "murder",[4] from κτείνω (kteinō), "I kill, slay"

Но не си напишал дека тој збор е изведен од Хомеровиот збор Кравтас=to kill, murderer итн. За то аима многу книги на google.

JKravtas многу потсетува на krvta(s), krvaris, krvarenje.

Не знам каква врска има зборот Kravtas сo kteinō

Оcigledno, toa e позајмен збор од Макеоднците кои гејците тешко би го изговориле дури и денес, исто како и ние кога би изговарале некој арапско-семитски збор.

Спореди ги сега зборовите Kravtas сo οκτόνος.

На денешен гејски јазик би било нешто како: Βούλγαροι σκοτώθηκαν.

Но, да не заборавиме дека т.н. модерен гејски јазик е кодиран и унифициран во 1976 г. по Ристета, врз основа на средновековниот Коине, и да не заборавиме дека Гејлада е преплавена до Атина со словенски топоними, кои не никнале како печурки, туку некој ги создал, а создавање на топоними (не се важи насилното менувањекако пример во гејлада, албанија, блгарија, сервиа) е долг процес.

Пример, шќиптарите се присутни демек уште од илирско време, а немаа доскоро (кога ги сменија со закони) , ниеден шќиптарски топоним,ориним, итн., ништо.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Па и Самоил бил наречен бугарски цар затоа што доаѓал од тема Вулгарија, а не затоа што бил етнички Бугарин како што се обидувате да го преиначите.
Да ти имам логиката.! Тема Булгариа е создадена по падането и под византија -1018 г. и натамо. Царот Самоил е мртав веке 4 години. Што хроничарите не именували и Србските кнjазе булгарски(Србиjа по 1018 целостно се наода во тема Булгариа).
 

Македонеро

Домаќин
Член од
15 декември 2008
Мислења
3.488
Поени од реакции
1.863
Моштите од Самуил ви ги дадоа грците. Може преку ДНК анализа да се испита што е и кој бил а не за некакви си изјави на хроничари да паламудиш. Ама изгледа некој се плаши од резултатите какви ќе бидат. Башка и надгробната плоча од мала преспа што ви ја поклонија грците дел ја избришавте содржината.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Да ти имам логиката.! Тема Булгариа е создадена по падането и под византија -1018 г. и натамо. Царот Самоил е мртав веке 4 години. Што хроничарите не именували и Србските кнjазе булгарски(Србиjа по 1018 целостно се наода во тема Булгариа).
Точно, а сега кажи ми кога Самоил во текот на своето владеење од 987 (ќе ја земам оваа година бидејќи уште не се знае точно годината од кога Самоил се смета за цар, ако и воопшто бил цар, според Бугарите е 997 кога умрел Роман) до 1014 сам себе се декларирал како Бугарин?

Кажи ми како Роман може да биде и кастриран и да биде цар?

Кога умрел Роман?
Дали е тоа во 997 г, ако умрел тогаш кој е Роман кој како стратег на Василиј му го предал Скопје во 1004 г. и поради својата полувизантсика крв бил награден како управител на Абидиос?

Според бугарската историја, Роман по смртта на брат му Борис II станува цар. По ослободувањето од заточеништво, наводно Борис е убиен од самоилови војници поради тоа што мислеле дека е Византиец, демек заради облеката.

Во оваа приказна тешко да поверувам. Византијците се тие кои што го убиле Борис затоа што него му следувала круната, додека Роман сеуште бил млад па ради тоа и го кастрирале за да не може да ја наследи круната. Така бугарската круна си останала во Константинопол.

Како тогаш Роман владеел од 971 до 997 со престолнина во Скопје, а Самоил преземал после него???

И еве пак ќе прашам кој е Роман кој му го предал Скопје на Василиј и во 1004г. е назначен за стратег на Абидиос, ако смртта на царот Роман со престолнина во Скопје е 997?

Дали се работи за истиот Роман или сосема некој друг?

Ако се знае дека само патријарх може да прогласи некој за цар, тогаш кој го прогласил Роман за цар ако се знае дека Цимискиј ја свел бугарската патријаршија на архиепископија?

Објасни ми зошто жителите на темата Паристинон (денешна Бугарија) биле нарекувани Власи, а не Бугари? Нели според бугарската историогафија, и тие се Бугари и ние сме Бугари?

И објасни ми што сакал да каже Скилица заедно со вашиот историк Златарски со ова:


--- надополнето: Jul 2, 2011 3:24 AM ---
Прво, Скилица го пишал како Прусиан, нема никаде Пресијан II.
Второ, не може да е цар на Бугарија бидејќи рускиот цар Цимиски 971 г. ја уништува Бугарија по што и Самоил со браќата креваат востанија против Бугарите и се ослободуваат од нивна власт.

Немој само да дојдеш тука да лупаш.


Грешка, мислев на византискиот император Цимискиј а претходно рускиот цар Светислав ја нападнал Бугарија.

Што од ова е точно? Ова е според Кембриџ:



Ова е според Оксфорд:




Петар Делјан нели се декларирал како Бугарин, ама не он бил внук на Самоил па по него и сите Срби ги направилеБугари.

Дај ми доказ дека Петар Делјан стварно бил син на Гаврило Радомир и внук на Самоил.

Константин Бодин и он бил цар на Бугари ама тоа било така пошто се оженил со Косара ќерката на Самоил.

Јака ви е логикава, не да ви е јака него ви вришти.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
змеј горјанин: Бугарите како и обично манипулираат со бројките, се' е објаснето во темата со Квизот.
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47








The Bitola inscription .
In the year [...] since the creation of the world, this fortress, built and made by Ivan, Bulgarian autocrat, was renewed with the help and the prayers of Our Most Holy Lady and through the intercession of her twelve supreme apostles. The fortress was built as a haven and for the salvation of the lives of the Bulgarians. The work on the fortress of Bitola commenced on the twentieth day of October and ended on the [...] was Bulgarian by birth [...] pious son of Aaron [...] they both defeated [...] where was taken [...] and this Tsar [...] 6..2 since the creation of the world [...] at the end."
=========================

Ova e od tatko mu na Presijan | |
 

Insomniac

Evil Macedonian
Член од
27 мај 2007
Мислења
1.799
Поени од реакции
28
Пак со плочата на Иван Асан?

Дежаву?
 

spas72

Oficial
Член од
13 мај 2008
Мислења
280
Поени од реакции
47
Да, ама татко му цар Иван Асен ІІ се именувал Асен І а не АРОН, и братот му бил Петар а не САМОИЛ. Чети убаво на плочата коj бил татко на Иван Владислав(Арон) и на коj бил братов син(Самоил)

† В' лѣто Ѕ ҃Ф ҃К ҃Г ҃ от' створенїа мира обнови сѧ с' градь зидаем' и дѣлаем' Їѡаном самодрьж'цем' бл'гарьскомь и помоштїѫ и молїтвамї прѣс ҃тыѧ влад ҃чицѧ нашеѧ Б ҃чѧ ї в'з()стѫпенїе І ҃В ҃ i вр'хов'нјују ап ҃л'с' же градь дѣлань бысть на ѹбѣжиште и на сп҃сенѥ ї на жизнь бльгаром' начѧть же бысть градь сь Битола м ҃ца окто ҃вра в' К ҃. Кон'чѣ же сѧ м ҃ца ... исходѧшта с' самодрьж'ць быст' бльгарїнь родомь ѹнѹк' Николы же ї Риѱимиѧ благовѣрьнѹ сынь Арона Самоила же брата сѫшта ц ҃рѣ самодрьжавьнаго ꙗже i разбїсте в' штїпонѣ грьчьскѫ воїскѫ ц ҃рѣ Васїлїа кде же взѧто бы злато ... фоѧ с'жев ... ц҃рь разбїен' бы ц҃рѣмь Васїлїемь Ѕ ҃Ф ҃К ҃В ҃ г. лтѣ оть створенїѧ мира ... їѹ с'п() лѣтѹ семѹ и сходѧштѹ
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Да, ама татко му цар Иван Асен ІІ се именувал Асен І а не АРОН, и братот му бил Петар а не САМОИЛ.
Чети убаво на плочата коj бил татко на Иван Владислав(Арон) и на коj бил братов син(Самоил)

† В' лѣто Ѕ ҃Ф ҃К ҃Г ҃ от' створенїа мира обнови сѧ с' градь зидаем' и дѣлаем' Їѡаном самодрьж'цем' бл'гарьскомь и помоштїѫ и молїтвамї прѣс ҃тыѧ влад ҃чицѧ нашеѧ Б ҃чѧ ї в'з()стѫпенїе І ҃В ҃ i вр'хов'нјују ап ҃л'с' же градь дѣлань бысть на ѹбѣжиште и на сп҃сенѥ ї на жизнь бльгаром' начѧть же бысть градь сь Битола м ҃ца окто ҃вра в' К ҃. Кон'чѣ же сѧ м ҃ца ... исходѧшта с' самодрьж'ць быст' бльгарїнь родомь ѹнѹк' Николы же ї Риѱимиѧ благовѣрьнѹ сынь Арона Самоила же брата сѫшта ц ҃рѣ самодрьжавьнаго ꙗже i разбїсте в' Штїпонѣ грьчьскѫ воїскѫ ц ҃рѣ Васїлїа кде же взѧто бы злато ... фоѧ с'жев ... ц҃рь разбїен' бы ц҃рѣмь Васїлїемь Ѕ ҃Ф ҃К ҃В ҃ г. лтѣ оть створенїѧ мира ... їѹ с'п() лѣтѹ семѹ и сходѧштѹ
Читам убаво, ама тоа што си го постирал го нема на Битолската плоча.

Бугарските историчари, како по обичај, додале букви/зборови на Битолската плоча -- кои патем 30% и повеќе недостигаат -- па според тие додавки го штимале толкувањето за истата и погрешно ја датирале. Ти ја повторуваш нивната лага тука.

Еве што точно пишува на Битолската плоча:

даем' и дѣлаем' Їѡаном самодрьж'цем' бл'гарьск
моштїѫ и молїтвамї прѣс ҃тыѧ влад ҃чицѧ нашеѧ Б ҃чѧ ї
ѫпенїе І ҃В ҃ ı вр'хов'нјују ап ҃л'с' же градь дѣлань быст
ѣжиште и на сп҃сенѥ ї на жизнь бльгаром' начѧть же
а окто ҃вра в' К ҃. Кон'чѣ же сѧ м ҃ца
ис.......быст' бльгарїнь родомь ѹ
благовѣрьнѹ ежнь Арона
ьжавьнаго іаже ı разбїсте
їа кде же взѧто бы злато
фоѧ с'жев ц҃рь ра
Ѕ ҃? ҃К ҃В ҃ г. лтѣ оть створенїѧ мира
мѹ и сходѧштѹ

На плочата не пишува Самоил, Никола, Рипсимија, само зборот Арона се чита убаво, а во кој контекст е употребен само Господ-Бог знае, дури може е дел од друг збор.

3начи верглате неточни работи извелчени врз основа на шарена лага. Впрочем, затоа проф. Хорас Лант излезе јавно и ве посрами дека сте вметнале зборови и дека плочата е од 13-ти век, а не од 11-ти век.

Од 7. век до 1018 година нема натпис каде што владетелите самите себеси се нарекувале Бугари или Вулгари -- како што лажно тврдите за Цар Самоил било на тјурски итн. јазик, било подоцна на "словенски" (од 869 до 1018). Тој назив бил навредлив за нив.

А еве како турко-монголските ханови Аспарух и Кубрат се нарекувале самите себеси:

http://en.wikipedia.org/wiki/Onogurs
http://en.wikipedia.org/wiki/Kutrigurs
http://en.wikipedia.org/wiki/Utigurs
 
Член од
19 јуни 2009
Мислења
156
Поени од реакции
53
Од 7. век до 1018 година нема натпис каде што владетелите самите себеси се нарекувале Бугари или Вулгари, било на тјурски итн. јазик, било подоцна на "словенски" (од 869 до 1018). Тој назив бил навредлив за нив.

А еве туркомонголските ханови Аспарух и Кубрат се нарекувале самите себеси:

http://en.wikipedia.org/wiki/Onogurs
http://en.wikipedia.org/wiki/Kutrigurs
http://en.wikipedia.org/wiki/Utigurs
нема бугарски владетел со титула хан додека немате докази Ве молиме да не јакористите.
Kanac Omurtag (815-831). http://en.wikipedia.org/wiki/Chatalar_Inscription на две места пишува бугарски
 

Kajgana Shop

На врв Bottom