http://www.lajkuvaj.com/53896/#
Си беше еднаш едно мало дете, со многу лош темперамент. Еден ден, неговиот татко му дал кеса со клинци и му рекол, да закова по еден клинец на оградата, секогаш кога ке збесне, или изгуби контрола над себе. Првиот ден, детето заковало 37 клинци во оградата. Следните неколку месеци научил да го контролира својот бес, и бројот на закованите клинци од ден на ден се намалувал. Открил дека е полесно да се контролира, отколку да кова клинци. Дошол денот, кога цел ден не побеснел. Кога му го кажал тоа на таткото, добил друга задача. Секој ден кога ке успее да го контролира своето однесување, да извади по еден клинец од оградата. Деновите поминувале, и еден ден, детето му кажало на таткото дека ги извадило сите клинци од оградата. Таткото рекол: “Добро што го направи тоа, синко, ама погледни ја сега оградата колку дупки ина на неа. Оградата нема да биде повеке иста. Кога ке кажеш во лутина некои работи, истите оставаат лузна, како што се овие дупки во оградата. Можеш да избодеш човек со нож, да го извадиш ножот и после тоа не е важно колку пати ке кажеш дека ти е жал, раната останува.” Вербалната рана е исто толку болна како и физичката. Пријателите се навистина ретки скапоцености, тие прават да се смееш, те охрабруваат да успееш во нешто, спремни се да те слушаат, да ја поделат твојата болка, имаат добри зборови за тебе и секогаш срцето им е отворено за тебе. Почитувај го и цени секое твое пријателство!!!