Невработеноста намалена за 4,8% во првиот квартал

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин`
  • Време на започнување Време на започнување
М

Мартин`

Гостин
11309260240.jpg

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2011 година активното население во Република Македонија брои 944.216 лица, од кои се вработени се 649.575 лица или 68,8%, а 294.641 лице или 31,2% се невработени.
Бројот на вработените лица во споредба со истиот период од минатата година е зголемен за 5.5%, а на невработените е намален за 4,8%.

Извор: курир.мк
 
Кога дојде Грујо беше 32 проценти. Сега е 32 проценти. Како е тоа намалување од 4.8 проценти?
 
Ха Курир, информација. Срамотилуци, до кај стасавме со новинарство.
 
Дали студентите се сметаат за невработени.. Колку што се сеќам Грујо се фалеше дека ја намалува вработеноста али всушност го мами народот со тоа што отвора дисперзирани студии а бројот на студенти со тоа драстично се зголемува а невработеноста паѓа :)
 
Од септември ќе се преполови и бројот на невработени со тоа што ќе се укини (за голем дел, скоро половина ако не и повеќе) здравствената заштита. Ќе испадне како во Бугарија, првите 9 месеци те евидентираат како невработен потоа си препуштен сам на себе. Груевистичка реформа за доброто на граѓаните.
 
Дали студентите се сметаат за невработени.. Колку што се сеќам Грујо се фалеше дека ја намалува вработеноста али всушност го мами народот со тоа што отвора дисперзирани студии а бројот на студенти со тоа драстично се зголемува а невработеноста паѓа :)

Сигурно се сметаат како навреботени, неможе студентите да се рачунаат за вработени. Инаку и не ми е реален податокот дека 30% се невработени зошто голем дел не се регистрирани да зимаат социјална помош.. а и мислам реално е дека има пад на невработеноста.

Ха Курир, информација. Срамотилуци, до кај стасавме со новинарство.

Курир само ја пренесува информацијата од државниот завод за статистика.
 
Сигурно се сметаат како навреботени, неможе студентите да се рачунаат за вработени. Инаку и не ми е реален податокот дека 30% се невработени зошто голем дел не се регистрирани да зимаат социјална помош.

Колку што јас знам студентите не се сметаат за активно работно население, бар така беше....
 
Според ова што го читам на сајтот на државниот завод за статистика:
Работоспособно население - го сочинуваат сите лице на возраст од 15 до 79 години.

Зар е можно да се рачунаат сите над 15 години !? не ми се верува малце за тоа ..
 
Дали студентите се сметаат за невработени.. Колку што се сеќам Грујо се фалеше дека ја намалува вработеноста али всушност го мами народот со тоа што отвора дисперзирани студии а бројот на студенти со тоа драстично се зголемува а невработеноста паѓа :)

Во завод стојат како студенти, значи НЕ се водат како невработени. Тоа што го опиша е постапка за вештачко намалување на невработеност со тоа што тие луѓе кои во моментов се водат како невработени во завод, кога ќе се запишат на факултет во завод повеќе нема да се водат како такви. Ова и не е таков голем проблем во моментов, голем проблем ќе биде кога сите тие ќе дипломираат и кога (АКО) нема да има кај да се вработат.
 
Според ова што го читам на сајтот на државниот завод за статистика:
Работоспособно население - го сочинуваат сите лице на возраст од 15 до 79 години.

Зар е можно да се рачунаат сите над 15 години !? не ми се верува малце за тоа ..

нема шанси малолетни лица да се сметаат во работноспособнии да влегуваат по процентот на вработени-невработени... исто како што и нема шанси до 79 години.. па во пензија се оди со 64 -62 години
 
Лица над 15 години кои стидураат не се сметаат како невработени затоа што не спаѓаат под активно работно население.
Лица над 15 години што не студираат спаѓаат под невработени.

Ок сега е јасно ..
Значи сите над 15 години што не учат/студираат се сметаат за невработени.
 
Според податоците на Државниот завод за статистика, во првиот квартал од 2011 година активното население во Република Македонија брои 944.216 лица, од кои се вработени се 649.575 лица или 68,8%, а 294.641 лице или 31,2% се невработени.
Бројот на вработените лица во споредба со истиот период од минатата година е зголемен за 5.5%, а на невработените е намален за 4,8%.

Извор: курир.мк

Грујо кога дојде беше над 37 % а сега е под 30% :noze:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom