Јонуз попи отказ, кого го гледате како негов наследник?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Абе треба Хари да си оди вака се е џабе кој и да биде селектор иста песна ке биде..
 
Иста ситуација ке биде кој и да дојде ..прво треба да си оди Хари и неговата дружина ..па да им дојде умот на нашиве играчи ...
 
Еве го идеалниот селектор

Гледам го спомнувате Чеде Јанчески. Искрено, јас немам поверење у него. У Звезда кога беше тренер имаше солиден тим и не покажа ништо, па сам поднесе оставка, а инаку беше добар помошник, (читај, само добар помошник) у Олимпијакос и ништо више.

Мој фаворит од домашниве тренери е Хаџиевски, колку е реално не знам, тоа е некое друго прашање.
 
Ане Андовски тренер на Силекс.Единствен тренер од Македонија кој може нешто да направи со репрезентација,само треба одврзани раце да му се дадат за избор на играчи и гледајте како за 2-3 год.максимум се влегува на првенствата.
 
можеби некој нема да се сложи со мене ама мое мислење е дека прво треба тронот да го напушти диктаторчето Хари
 
можеби некој нема да се сложи со мене ама мое мислење е дека прво треба тронот да го напушти диктаторчето Хари

Не верувам дека има некој на форумов што не би се сложил а и сите сме го спомнале тоа тука милион пати...и сите во државава го кењаат едно 3-4 години уназад ама удобно му е на Хари во фотељата нема бегање од таму...
 
Македонскиот фудбал заедно со нашава репрезентација се мизерни и кој било тренер да дојде нема ништо да смени па затоа сеедно ми е кој ке пристигне.

На нашиов фудбал му треба мењање од КОРЕН бе брате за да можеме ние како навивачи да излеземе на стадион,да се собереме голема бројка,да навиваме и да изгледаме квалитетен фудбал.
Јас искрено немам гледано репрезентативен меч едно 2 години,сум пуштал некад по 5 минути али одма сум менувал програма затоа што ми е срам да гледам како се влечат по терен.

Прво треба темелни промени во Федерацијата па после да се збори за каков тренер да ангажираме и натаму работите што следат.
Мое мислење е додека некој ебиветар што си нема појма од фудбал и на кој парите му причинуваат поголемо задоволство отколку тоа да играме добар фудбал и да се квалификуваме на ЕП/СП седи на чело на ФФМ и притоа сите ја гледаат ситуацијата и никој не решава да промени нешто тогаш ке си тонеме и ке си тонеме на ранг листата и дури и Андора ке почне курташак да си игра со нас.

Но се додека е ваква ситуацијата кај нас не планирам да гледам репрезентативен фудбал а најмалку да давам пари за на стадион а притоа да му го полнам и онака веќе преполниот џеб на господинот мафијаш Харалампие.
 
Чеде Јаневски или Гоце Седлоски како вд селектор до крај на квалификациите, па ако се докаже може да му се продолжи договорот !!!

Ако се иде на странец ја сум за Ќиро Блажевиќ !! Ако не Ќиро ондак Лимени

Не верувам дека има некој на форумов што не би се сложил а и сите сме го спомнале тоа тука милион пати...и сите во државава го кењаат едно 3-4 години уназад ама удобно му е на Хари во фотељата нема бегање од таму...

Затоа реков ПРВО ХАРИ ДА СЕ СМЕНИ ПА ФОРМАТА НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЌЕ ОДИ НАГОРЕ
 
куро мој да биди тренер истото ќе го постигни како и секој досегашен тренер на македонија со овие безвезални играчи (повеќето)
 
ѓоко хаџиевски
чеде јаневски
бошко ѓуровски
 
На клупата на Бангладеш
bfc603354bf049f3254b3f8f9233bac924.06gigi1.jpg
ќе седне Џиџи наместо Ѓоре
Според најновите информации од Бангладеш, нов селектор на тамошната фудбалска репрезентација ќе биде Никола Илиевски-Џиџи, а не Ѓоре Јовановски, како што беше првично објавено.

Првично беше објавено дека таа функција ќе ја превземе еден друг наш бивш селектор, Ѓоре Јовановски, но тој, според „Ројтерс“, добил отказ само неколку дена откако станал селектор, бидејќи не сакал да патува во Пакистан на претквалификацискиот двомеч од азиската зона за Светското првенство 2014.

„Тој ни кажа дека ќе дојде после двомечот со Пакистан. Во таа ситуација, ние немаше што друго да правиме освен да го откажеме неговото назначување за селектор“, изјави Бадал Ројн, претседател на Фудбалската федерација на Бангладеш.

На сето ова Јовановски вчера само се насмеа: „Имавме недоразбирања околу финансискиот дел. Јас сум професионалец. Ако требаше ќе патував и во Авганистан“, потврди Јовановски.
 
Џабе. Кој и да дојде пак ништо нема да направи. Не е до тренерот. До играчите е. Тие се тапа. Не гледате како играат на секој меч од лошо полошо. И Мурињо да дојде ништо не прават. Што да прави тренерот кога си има работа со дрва. Од секое дрво свирче не бидува.
 
Јас отсекогаш сум бил за странски селектор и тоа да биде Германец или евентуално Холанѓанец , па ако треба нека бидат и некои тренери кои водат екипи во втора или трета германска/холандска лига ... во секој случај ќе бидат подобри од голем дел од нашиве таканаречени “ стручњаци “ ... единствени кои кај нас вредат се Хаџиевски и најверојатно Чеде Јаневски ( иако не сме го виделе овде како тренер ) , но сепак не сум за пак да биде Ѓоко , бидејќи и покрај релативно успешните квалификации кои ги имаше додека беше селектор , ми се чини дека играше премногу кукавички ( најдобар пример за тоа е натпреварот во Даблин кога прв пат игравме против Ирска пред десетина години , и кога во 90 минути не излеговме од шеснаесетник и имавме само еден удар упатен кон голот на Ирска ) ... ако веќе треба да е наш тогаш нека му се даде шанса на Чеде Јаневски , иако како што реков и погоре јас сум за Германец или Холанѓанец . И ОБАВЕЗНО мора да се најди некој добар спортски психолог кој ќе работи со фудбалерите на ментален план .
 
Јас би одел со психијатар пред психолог да донесат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom