За да биде лага, треба и змијата како и бог да може да знае се што ќе се случи пред да се случи! Или со други зборови треба да биде сезнајна! Тоа не е случај!
Не е потребна сезнајност за да се излаже. За да се излаже доволно е да се каже лага. Змијата многу добро ја знаела заповедта на Бог за Адам и Ева да не јадат од забранетото дрво. Тоа јасно се гледа од начинот на кој што змијата лукаво го започнува дијалогот со Ева:
„Таа и рече на жената: „Вистина ли е дека Бог рекол, - не ќе јадете од ниедно дрво во градината?“ (
Битие 3:1, Библијата)
На ова Ева наивно, несвесна за лукавата предигра на змијата, одговорила:
„Жената и рече на змијата: „Смееме да јадеме плод од дрвата во градината. Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече: ‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете!'“ (
Битие 3:2-3, Библијата)
Дури и змијата, како што велиш, да не била во можност да ја види иднината и да знае како ќе реагира Бог, од овој момент знаела, бидејќи Ева и кажала. Сепак мислам дека од првиот стих јасно се гледа дека змијата добро знаела за оваа забрана, па затоа и така ја започнува дискусијата, за да ја извлече оваа реченица од устата на Ева, за потоа да може глатко да ја пласира и лагата:
„А змијата и рече на жената: „
Не, вие нема да умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бога, распознавајќи го доброто и злото.”(
Битие 3:4-5, Библијата)