Закон сте, нема што. Верував дека би можело да се случи да не ви се вклучени детекторите и сериозно да го перцепирате и напишаното и новиот профил, ама не претпоставував дека баш сите така би изреагирале.
Знам дека не сум интересен више (како што исправно забележа еден член), но тоа не ми ни беше никогаш во намерите.
Во секој случај, единствениот заклучок кој може да се извлече кај ваквите теми е дека поразителна е интезивноста на анимозитетот кој го чувствуваме, на разни нивоа, едни кон други - Грци кон Албанци, црни кон бели, вардарци кон пелистерци, патриоти кон соросоиди, па и мажи кон жени во некои случаи (види таму у форум Љубав и еротика). (секако и обратно)
Тоа е тоа. Сите си имаме свои множества и подмножества.
А не мора така ...