Не би можело да се изведува заклучок само ако се земе во предвид како се чувствувале Пајонците. Не било ни време за такво нешто. Тоа чувство за национална припадност, за нација, дошло некој милениум подоцна.
И Линкестите долго се бореле против настојувањата на Аргеадите да воспостават власт над нив. Слично било и со Пелагонците и со др. антички македонски племиња. Тракијците сепак повеќе се разликувале од Македонците, отколку што било тоа случај со Пајонците, на пример, иако според некои тврдења и едните и другите својот супстрат го имаат во Бригите, чиј огранок подоцна го имаме во Мала Азија под името Фриги.
За некаква сродност меѓу Пајонците и другите македонски племиња, најдобар доказ се археолошките наоди, преку кои лесно се согледуваат некои сличности меѓу едните и другите, како и истиот тип на разлики кои ги делат од Траките, Илирите, Хелените или Епирците. Станува збор за различни видови археолошки остатоци, култни и погребни предмети, типови гробници, накит и др.
Всушност, во овој период имаме нешто што било карактеристично за сите простори и времиња. Едно племе или некаков племенски сојуз станува доминантен и своето влијание и власт го наметнува на околните, помалку или повеќе сродни племиња. Така било и со речиси сите народи кои имаат денес држави (Германија, Франција, Италија и др.) Така било и со Евреите, со Египет и др. Така било и со некои од словенските племиња во Македонија - Струмјани, Берзити, Мијаци, Драговити, Смолјани и др.
Во најголем дел коректен пост со мала забелешка.
Сите антички автори ги третираат Пеонците, Траките, Епирците и Илирите како посебни од Македонците (иако со ист или сличен јазик). Нема ниту еден кој тврди дека биле тоа Македонски племиња.
Ако некој не се согласува треба да докаже со факти, аргументи и научни трудови дека тоа не е така.
Додатно, повеќето антички автори потенцираат за висока развиена национална свест кај Македонците небаре се богови во однос на другите што соодветствува за носителите на најголемата тогашна империја.
Знаеме како се прави империја, народи и племиња се освојуваат, покоруваат, истребуваат или асимилираат и тоа е општо познато.
Кога некој ќе ми докаже дека Пеоците се сметале за исто со Македонците ќе сменам мислење а се дотогаш ќе мислам дека се окупирани и анектирани.
Единствен факт што со сигурност можеме да го кажеме е дека сите тие народи и племиња биле 100% асимилирани но тоа не е доказ дека и во почеток биле исти
