Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

  • Креатор на темата Креатор на темата macko i
  • Време на започнување Време на започнување
Ахам, гледам добро се развила дискусијава машала, машала... неколку теории преовладуваат ама тешко до конечна дефиниција.
Првата е дека добрите девојки сакаат добри момци.
Втората е дека лошите двојки сакаат лоши момци.
Третата која изгледа највеќе преовладува е дека без оглед на карактерот на девојката дали е добар или лош,сите девојки повеќе ги сакаат лошите момци.
А прашањето беше зошто девојките не ги сакаат добрите момци? Кој вели дека не ги сакаат, тоа зависи индивидуално. Лично за мене дали некој по природа е бунтовен или повлечен и не е толку битно, битно е да постои онаа нишка на привлечност, харизма, она кое за другите можеби и не е видливо, она суптилното кое можеби само јас го приметувам кај конкретна особа и тоа ме привлекува а се друго е излишно.
 
Да ти го поделам постот малку и по секоја точка ќе ти кажам.

Еве што сакаш:
  1. Сите жени го чекаат вистинскиот маж, не си единствена. Кога ќе го најдеш, треба да познаеш дека е тој па да го земеш и да бегаш.
  2. Мразиш лигавење, а сакаш романтики. Ама умерено, тоа јасно.
  3. Мразиш некој цело време да ти посветува внимание, сакаш понекогаш да те одбива, да ти се спротистави.
  4. Некој шо цело време ќе прави се да биде по мое, некој кој нема да има свое ЈАС во врската и ќе го изгуби идентитетот попатно! - ете контра на се` спомнато погоре.
  5. Некој кој нема да ми одговори „Ќе одиме кај шо сакаш, срцка.“ коа ќе го прашам кај ќе одиме вечер. - Пак се враќаш таму кај што застана
  6. А и некој кој, по можност, ќе ми се обраќа некако покреативно, а не со ’срцка’. - Срцка е застарен збор, незнам кој уште го употребува? И на она "маче" изразот му опадна квалитетот одамна. :)
Ами пп не ми прати. Или поштарот ја загубил попат. :D

Мислам дека четвртото малце погрешно си го разбрал, пишува мразам некој кој...па потоа се набројани сите работи кои шо и ти си ги кажал погоре. Не гледам како тоа е контра на сето останото напишано.
Патем, верувај дека сеуште постојат луѓе шо се обраќаат со срцка. (n)
 
Патем, верувај дека сеуште постојат луѓе шо се обраќаат со срцка. (n)
Нормално дека ќе постојат.
Постојат и шмеќери кои на показалецот вртат клучеви од кола со привезок БМЊ, а возат лада. За да спознаеш некој каков е ти треба многу време, времето зависи од твоите способности и очекувања. Арно ама има и многу случаи каде некое девојче ќе помисли дека го има најдено, и дури тогаш ќе се разочара од своите проценки. :)
Затоа, не барај игла во сеното, оти тешка е веројатноста да ја најдеш за кратко време.
Мора понекогаш да се има и толеранција. ;)
 
Ако ти успева да ја смееш девојката цело време, пола работа е завршена :D
Другата половина - сексот.

Само мене ме убива она „сакат“ во насловот?
 
Така е жените незнат точно што скаат и факт е дека треба само да и се допаднеш и твоја е кога женско сака ќе ти најде 1000000000 прични за Да , а кога несака ќе ти најде 1000000001 зошто не

Е ова највеќе ми се допадна од сите коментари што ги прчитав во врска со темава. Потполно точно, такви сме ние женските и нема што да се филозофира зошто ги сакаме "лошите момчиња".
 
Затоа што повеќето се палат на насилство, ете зошто. Јас како добро момче никогаш нема да се правам нешто што не сум само за да и се допаднам на некоја девојка. Има и многу такви што ги сакаат добрите ;)
 
Кој вели дека „лошите момци“ се прават нешто што не се? Тие едноставно си се лоши.... И фала Богу дека постојат девојки кои си ги сакаат и добрите момчиња како тебе.... Ма да според мене подобро е да сакаш „добро момче„ отколку „лошо момче„ ама јбг тоа е, такви сме ние женските......
 
Зошто ко прво машките сами се окарактеризираат како "добри" или "лоши"?
Многу често под добро момче се подразбира папучарче не кого му течат лигите, а оние лошите ко повише способни, ко поцврст карактер.
Премногу се гледа црно бело на ова.
Секоја девојка има свој сопствен вкус, и има толку многу различни типови на машки така што мора да постои сивило.
 
Контра на општо прифатеното мислење дека жените сакаат способни мажи на кои можат во секое време да се потрпат и најдат заштита знам барем неколку случаи каде жените свесно си одбраа инфериорни мажи кои можат во секој момент да бидат контролирани а овие само да извршуваат наредби. Едната и ми кажа ако видам дека не можам да го контролирам и дека нема да ми свири на гајда јас како што сакам, воопшто не влегувам во врска.

Затоа ниедно машко не треба да очајува дека ќе остане сам, и најголемо папучарче да е ќе се најде соодветна девојка за него само што во тој случај наместо он да ја одбере неа она ќе го одбере него :).
 
Да има вакви многу ама тоа не е од сакање туку од задоволување со боље нешто него ништо и од недоволна самодоверба на девојката да оди во малку понесигурна територија, Истата таа си има на страна фантазии и мечти со друг а во голем број случаи и се реализирани тие фантазии. Истата таа после кука како не и чини врската или бракот.
 
Во потполност се согласувам со тебе :D
 
Да има вакви многу ама тоа не е од сакање туку од задоволување со боље нешто него ништо и од недоволна самодоверба на девојката да оди во малку понесигурна територија, Истата таа си има на страна фантазии и мечти со друг а во голем број случаи и се реализирани тие фантазии. Истата таа после кука како не и чини врската или бракот.

Малку ќе те корегирам иако со голем дел се слагам.

Таквите жени имаат прилики ама ги одбиваат за свесно да си земат инфериорен маж значи не е дај што даш туку сакаат цел живот да доминираат. Се согласувам дека не е од сакање туку се тоа најчесто емоционално нестабилни и себични личности кој освен себе никого друг не сакаат па таков маж им доаѓа како кец на десетка за да си ја задоволат себичноста, комоцијата како и да имаат стално некој покрај себе на кого ќе можат да се издуваваат.
 
Зошто девојките не ги сакат добрите момчиња?

Од иста причина што и момците не ги сакаат дебелите девојки ....ако некој сам не се сака и несака да изгледа убаво, тогаш зошто па некој друг да го сака????

Е многу погрешна претстава имаш.
 
На девојките им е поважен надворешниот изглед отколку да ѕирнат малце подлабоко да го видат човекот каков е во душата. Туку тие вртоглаво ке се в пуштат во авантура во еден правец и на крајот ке бидат разочарани.
 
Добро утро добри луѓе.:D
Јас сум за добрите момци. И не правам компромис кога се ставени версус мадрфакери од гето, град. Добар човек ака разбран, културен, и стабилен има квалитети кои се огромна реткост. Така да бичете тоа колите со коњите внатре, јас може ќе одам пешки или евентуално со точак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom