Оф леле мори мајко....Дискутирам со тебе зашто сакам да ти докажам дека има и поинакви бракови,што не личат на диктаторски режим, а ти цело време на темава повторуваш како само ти си во право и како сите други бракови се осудени на пропаст.
Немам намера да ти ги барам мислењата за да ги цитирам, ама ставовите ти се траги- комични... Поделбата на обврските ти е апсурдна,женски работи се според тебе сите оние кои се вршат секојдневно по неколку пати(готвење,чистење,перење,миење садови,чување деца и слично), а за машки ги сметаш работите кои се вршат неколку пати годишно, а може и поретко(качување кауч по скали,преместување на мебел,кречење(за тоа постојат молери, ако не си чул), па дури спомна и варење ракија(?!)Логично би било поделбата да е на начин на кој и двата партнери би имале обврски кои се подеднакво захтевни и се вршат подеднакво често.Но не и за тебе,за тебе е логично жена ти да готви секој по неколку пати, а ти да преместуваш мебел еднаш годишно.На едно место спомна дека и дозволуваш на жена ти да оди на работа, се додека тоа не и пречи во домашните обврски.Дали ти е јасно дека ти не си тој што одлучува дали жена ти ќе оди на работа или не, и дека оди на работа за да го издржува семејството, а не за да се забавува?На едно место тврдеше како порано, кога се знаело кој е маж, а кој е жена било подобро и тоа го поткрепи со фактот дека тогаш немало разводи.За твоја информација,тогаш развод не бил возможен, затоа немало разводи, а не дека жените биле среќни да бидат третирани како стока.Исто се пофали како ти си ги носел сите одлуки во домот, за да не се правело збрка?!Каква збрка човеку, треба само да се консултираш со жена ти пред да одлучиш нешто, не ти треба двотретинско мнозинство во парламент.И те прашав сто пати, дали ако по некоја случајност останеш без работа,ќе станеш жена и ќе ги вршиш "женските работи" или жена ти ќе рмба и на работа и дома,а ти ќе вариш ракија и ќе качуваш каучи по скали?Или можеби и она ќе даде отказ, па ќе живеете од социјална помош за да можеш ти и понатаму да се чувствуваш како МАЖ?
П.С.За моето семејство и за тоа од каде се населиле, нема да коментирам,од проста причина што би се сфатило како фалење.