Зошто модерната жена се плаши од брак?

  • Креатор на темата Креатор на темата etoile
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сега за сега имам двајца кандидати кои сакаат да се оженат со мене, само јас не сакам :) Барем не уште 7-8-10 години.

Избери го тој што може да прегризе високонапонски кабел.:D
 
Има време, 10 години се во прашање.
Ќе го изберам тој што ќе потпише предбрачен :)

Нешто како пакт за ненапаѓање...ми текнува еден пример, но да не одиме оф-топик...
А чоекот бил веган,обожавал германски офчари и не пиел алкохол.
Мислам дека има материјал за да ти биде соул-мејт. Ретроактивно гледано, секако...
Освен бркот...демоде некако му бил...:D
 
Јас сега за сега имам двајца кандидати кои сакаат да се оженат со мене, само јас не сакам :) Барем не уште 7-8-10 години.

Сеа ми текнуе...кај мене у маало имаше една шо стално ни збореше колку удварачи имала...и остана немужена. А не беше тотално ружна. :) Ова онака ти кажујам, успут...`cuz I care for you!
 
Модерната жена има обавези.

1. Да заврши факултет.
2. Да заврши магистерска.
3. Да заврши втора магистерска.
4. Да заврши докторат.
5. Да се вработи.
6. Да смени работа негде кај што подобро се плаќа.
7. Да смени работа кај што добро се плаќа со работа кај што ќе има повеќе слободно време.
8. Да прошета повеќе.
9. Да прошета повеќе од повеќе пошто повеќе е малку.
10 Да ја задоволи гентската предиспозиција "Жена без 2 к.ра не умира" при што генот е мутиран и сега наместо 2 се бара 10>.
Или женско ако прашаш-Сакам да пробам повеќе и да сменам за да видам кој најмногу ми одговара односно со други зборови исти к.р пак си е муабетот 10>.
11. Што повеќе лудуење до сам можен крај со алкохол, рекреациони дроги, оргии и журки.

Модерната жена има и стравови.

1. Страв од кратење на слободата и времето.
2. Страв од иднииот потенцијален сопруг
а) дали ќе ја тепа
б) дали ќе ја остави сама да се справува со домашните обавези
в) дали ќе се ака по кафани и ќе се враќа пијан дома
г) дали ќе се коцка
д) дали ќе иде по други жени
ѓ) дали финансиски ќе ја обезбеди
е) дали ќе му се дига доволно често (онолку колку што сака таа)
3. Страв и аверзија према мајчинство и одгледување дете.
4. Страв од домашни обавези (за оние што не фатиле пегла во живот)
5. Страв дека не ја остварила посакуваната 10> сума.
6. Страв дека не ги исполнила зацртаните кариерни, хедонистички или животни цели и дека бракот ќе ја попречи во тоа.
7. Страв од претходни лоши искуства врски или претходни бракови.

На кратко.
 
Сеа ми текнуе...кај мене у маало имаше една шо стално ни збореше колку удварачи имала...и остана немужена. А не беше тотално ружна. :) Ова онака ти кажујам, успут...`cuz I care for you!
Хахахахха добро де, мене ми е рано да се грижам за бракови :) Имам мн работа пред да ми стане тоа грижа :)
 
Јас сега за сега имам двајца кандидати кои сакаат да се оженат со мене, само јас не сакам :) Барем не уште 7-8-10 години.
значи по логика имаш некаде не повеке од 16 години.сигурно не планираш да се мажиш на 40??
и сега очекуваш твојот муабет да има некоја тежина.
мој совет е наместо да се занимаваш со работи за возрасни уживај во невиноста на детството затоа што ќе заврши многу брзо!!
 
хаха на 40 ќе ја земе некој само ако има пари :D
 
Над 30-тата станува се потешко за девојките да најдат пристоен партнер. Во моментов знам неколку над 30 и мака мачат да си најдат дечко, со години се сами, воопшто не изгледаат лошо и имаат пари. Над 40 е катастрофа и тука се прават најголемите компромиси затоа што асалните мажи се веќе одамна зафатени а и тие што случајно останале слободни и ги бива бркаат помлади.
 
значи по логика имаш некаде не повеке од 16 години.сигурно не планираш да се мажиш на 40??
и сега очекуваш твојот муабет да има некоја тежина.
мој совет е наместо да се занимаваш со работи за возрасни уживај во невиноста на детството затоа што ќе заврши многу брзо!!

Имам 20 години, не планирам во блиско време брак. Не ти штима логиката.
Другарка од средно роди дете веќе.
Ама не сме сите исти.
--- надополнето: Jun 23, 2011 10:42 AM ---
Над 30-тата станува се потешко за девојките да најдат пристоен партнер. Во моментов знам неколку над 30 и мака мачат да си најдат дечко, со години се сами, воопшто не изгледаат лошо и имаат пари. Над 40 е катастрофа и тука се прават најголемите компромиси затоа што асалните мажи се веќе одамна зафатени а и тие што случајно останале слободни и ги бива бркаат помлади.

Да, ама секако не е поентата по секоја цена да се влезе во брак. Подобро никаков, отколку лош брак!
 
Апсолутно се согласувам дека не треба по секоја цена во брак ама со една мала забелешка ;).

Не треба да се прават однапред планови до триесетата не се мажам затоа што животот не знаеш што ти наменил па ако го сретнеш идеалниот на 25 не го пуштај заради тоа што ти е прерано. Биди флексибилна и спремна ако треба и да промениш животни планови затоа што квалитетни партнери многу ретко се наоѓаат и не секогаш ќе имаш втора шанса :).

Во краен случај слушај си интуиција и нема да погрешиш, затоа што жените кога ќе почнат со разум и логика најчесто ги прават најголемите утки :).
 
Па тоа е само план :) Плановите се менуваат :)
Бракот како брак е во ред, тука постои прашалиник ,,а деца?,,. Можеби ќе се омажам на 25, 26, 30, ама деца тогаш кога ќе имам време и пари за нив.
Немам некоја голема амбиција сопруга да бидам, (што не значи дека се плашам) ама сакам да бидам најдобрата мама на светот :)
 
Ќе видиш кога ќе си ја најдеш втората половина колку се станува полесно во животот ама стварно да е таа што треба а не некоја од трета класа замаскирана како прва :).

Ќе бидеш и прекрасна сопруга кога ќе имаш за кого да бидеш и кога ќе се будиш и заспиваш со насмевка на лице, со малку иницијатива и правилен став кон животот се ќе си дојде на место :).
 
А ти од каде знаеш? Женет си? Хахахахаххахахахах.............. :)
 
Не сум женет ама сум имал неколку квалитетни девојки па знам како е кога имаш некој што стварно се ангажира за тебе и те бутка кога ќе заглавиш во одредени животни ситуации :).

Пс. Само ти пецкај, пецкалче едно ;).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom