Мали совети за голем домаќинлук

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Возраст
39
Сите сме се нашле во ситуација кога ни бил потребен некој трик за да се справиме со несаканите дамки, извалканиот килим, "упропастеното" ново парче облека и што ли уште не. Епа затоа може да си ги скратиме нервозите со следниве совети, кои се голема помош во одредени ситуации.

Доколку на тепихот, облеката, мебел штофот ви паднале неколку капку восок од запалена свеќа, најдобро е прво внимателно да го истругате восокот со остар предмет. Така ке го отстраните поголемиот дел од восокот, а преку преостанатиот восок, ставете весник и преку него поминете со благо загреана пегла. Постапката повторете ја неколку пати, додека не исчезне
сиот восок.

Ако некое парче облека пушта боја при перење ставете го во топла вода во која претходно сте ставиле лажичка сол, па исперете со прашок. Повеќе нема да излегува бојата.

За завесите да ви бидат навистина бели по перењето, најдобро е пред да ги ставите во машина да ги потопите во млака вода со шеќер.

Доколку мака мачите да отстраните дамка или остаток од налепница/селотејп пробајте на ткаенина да ставите малку масло за јадење и поминете ја површината.

Ако несакајќи ви падне живо јајце на кујнскиот под и не знаете како да се справите со нередот – не грижете се. Истурете сол и оставете така да стои 20-тина минути. Потоа лесно ќе можете да го исчистите. Или пак истурете малку врела вода врз јајцето и соберете го.

На секој може да му се случи да му се истури црвено вино на тепихот. И тогаш сите ги фаќа паника дека дамката нема никогаш да се исчисти. Нема потреба од тоа. Најпрво со некое памучно крпче впијте го вишокот вино. Потоа врз црвената дамка истурете сол, оставете да делува 5 минути и на крајот исплакнете со студена вода. Ако е потребно, повторете ја постапката додека не се исчисти дамката.

За да отстраните лепенки или етикети со цена, потопете крпа во оцет и притиснете ја на налепницата неколку секунди. Тргнете ја крпата и етикетата би требало да се отстрани со лесно повлекување.

Бигорот од чешмите најлесно и најдобро ќе го отстраните така што на крпа ќе истурите малку алкохолен оцет и ќе ги поминете. Оставете да делува оцетот 20 минути и потоа исплакнете.

Дамки од трева (зеленило)
За материјали кои мораат да се перат на суво, пробајте дамката да ја отстраните триејќи ја со микс од светол оцет, вода и сода бикарбона. Хемиската реакција може да помогне дамката да биде отстранета. Доколку материјалот може да се пере на кој било начин, пробајте да ја отстраните дамката со микс од алкохол и вода (1:3). Оставете дамката да се исуши и потоа целосно исперете го парчето облека.

Дамки од мастило
Поставете чиста ткаенина под дамката и прскајте ја дамката со лак за коса додека таа не излезе. По прскањето почекајте неколку секунди, а потоа протријте со друго, чисто парче ткаенина. Повторувајте го процесот додека дамката не се исчисти целосно.

Повелете споделете и вие по некој совет , да си го олесниме домаќинлукот ;)
 
Јас па знам дека дамки од црвено вино се чистат со бело вино. И обратно.
 
Ако тропа машината за перење за време на перење сигурно е лагерот, може мајстор да си викнете или како тоа што го правиме ние сами дома. Е сега секој модел си има различни начини да се дојде до лагерот ама најважно од се сите завртки навртки што ќе се извадат треба и да се стават назад, доколку остане некое плус на крај а да не се знае кај треба да стои тогаш има проблем, а доколку се знае а не може да се стави на тоа место тогаш нема голем проблем.

Друг проблем кај машина за перење може да биде електромоторот и програматорот тоа се три дефекти.

И да не заборавам доколку машината за перење оди за време на перење тогаш машината не е водорамна односно хоризонтална и затоа вибрациите на моторот можат да го предизвикаат тоа движење.
--- надополнето: Jun 23, 2011 11:07 AM ---
Доколку пукне светилка и остане крушката во фасонката може да се одврти со моторцангла, ама претходно мора осигурувачот да се извади затоа што може добро да ве здрма не се надевајте премногу на изолацијата на рачките од моторцанглата, може да затворите струјно коло слаба изолација и да не опишувам сликовито.
imgres

--- надополнето: Jun 23, 2011 11:09 AM ---
За водоинсталација или менување чешми по нашки се користи клешта наречена Роцангла, пред да се смени чешмата мора да се затвори главниот вентил за да не доаѓа вода.
 
Јас па знам дека дамки од црвено вино се чистат со бело вино. И обратно.
Ако немаш при рака бело вино, пробај со сол да видиш дека излагаат дамките од црвено вино....а дамки од бело со црно вино дека се чистеле, не знам.
 
Доколку ја затворат линијата за вода или нема доволно притисок водата се повлекува и од бојлерот, така да кога ќе дојде вода треба да се отвори туш батеријата означена со црвено или на таа страна за да се наполне бојлерот со вода, па потоа може да се загрева таа вода. Инаку може греачот да прегори затоа што тој е за вода, не за воздух.
 
Ако тропа машината за перење за време на перење сигурно е лагерот, може мајстор да си викнете или како тоа што го правиме ние сами дома. Е сега секој модел си има различни начини да се дојде до лагерот ама најважно од се сите завртки навртки што ќе се извадат треба и да се стават назад, доколку остане некое плус на крај а да не се знае кај треба да стои тогаш има проблем, а доколку се знае а не може да се стави на тоа место тогаш нема голем проблем.

Само да проверам дали разбрав,ги одвртувам сите штрафови и ако успеам да ги вратам сите на број ке немам никаков проблем,а ако имам вишок неколку имам проблем, така?? :)
 
Само да проверам дали разбрав,ги одвртувам сите штрафови и ако успеам да ги вратам сите на број ке немам никаков проблем,а ако имам вишок неколку имам проблем, така?? :)
Добро си разбрал.....
 
Еј да не претерваме... едно е чистење флеки, друго е менување лагер на машина за перење. Не отварајте без потреба на места кај шо нема да знајте да се снајдите, уште помалце да го отклоните проблемот. Затоа со постои мајстор за бела техника, ќе си го викниш и ќе среди. Машината не е така прост апарат во кој што секој можи да вади штрафови. Особено опасно е ако не се прицврстат штрафовите од стабилизаторот (два камени блокови кои што го држат бубањот), па делот што врти (најчесто на брзо вртење - центрифуга) можи да испадни и да предизвика електро-механичко оштетување на машината. А струја во комбинација со вода, е најлошото нешто!
 
чистење лук не е баш забавна работа,
видете како да ја исчистите цела главица за помалку од 10 секунди и тоа со помош на две здели (y)

ај сеа сите по дома да помогнете на вашите барем со ова (и онака е време на приготвувањезимници)-:) само немојте да бидете тоооооолку бучни ко овој на видеово:pos:

 
е ај овде да ве прашам- каде и како/во што ги чувате дома кромидот, лукот и компирите?

ова ми се виде многу практично
AEA59A7B.jpg


2010_07_02-OrkaKeepSacks.jpg
 
ако имате пајажина по кошовите на ѕидовите и упорно спајдерчињата наново ја прават откако ке ја отстраните, има многу едноставен и ефикасен лек кој ке ве куртули и од пајажината и од пајачината барем на некоја недела( дури да се населат други).
фино лепо ке си земите плински бренер, баш онаков каков што продаваат на тезгите( слични на оние за варење кафе ), и ке му удрите и по пајажината и по пајачината , при тоа ке внимавате да не се запалите ;). ако работите правилно нема да останат флеки по ѕидот или траги од изгорено. напомена пајачето треба да испушти звук како да пука пуканка. тогаш знаете дека е печено:)проверено функционира.
п.с ако имате стиропорни лајсни на ѕидот ова нема да ви биди паметна идеја!!!
 
добро...знае ли некој кај може да се најдат вакви вреќички ко овие на сликава погоре???
 
Понекогаш се случува една чаша од стакло да се заглави во друга, а ако енергично ги влечете, можете да ги скршите, а залудно ќе ги изгубите нервите и времето. Чашите ќе бидат веднаш разделени кога долната чаша ќе ја ставите во топла вода, а во горната чаша ќе наполните студена вода.

Напукнатата порцеланска чинија, ќе можете да ја „спасите„ ако ја зовриете во млеко 15 минути, на минимална температура. Доволно е млекото да ја покрие чинијата. Кога чинијата ќе се исуши, на неа нема да се гледа никаква пукнатини :pipi:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom